„Рударски Куп 2026“ – детски фудбалски турнир во Македонска Каменица
Македонска Каменица – ФК Каменица Саса го објави одржувањето на детскиот фудбалски турнир „Рударски Куп 2026“. Спортски настан ќе се одржи на 13 и 14 јуни во Македонска Каменица, соопштија од клубот.
Натпреварите ќе се играат на Градскиот и помошниот фудбалски стадион.
Учество ќе земат млади фудбалери во четири категории: генерација 2014, генерација 2015-2016, генерација 2017-2018 и генерација 2019.
Според распоредот објавен од ФК Каменица Саса, на 13 јуни ќе играат генерациите 2014 и 2017-2018, додека на 14 јуни на терен ќе излезат генерациите 2015-2016 и 2019.
Од клубот најавуваат дека од утре ќе започне објавувањето на екипите учесници и деталниот распоред за овој голем детски фудбалски спектакл.

