Ниските цени во комбинација со висок квалитет наскоро ќе станат уште подостапни и за жителите на Македонска Каменица
Познатиот македонски дисконтен синџир Стокомак, кој речиси три децении успешно работи на домашниот пазар, а од минатата го прошири своето присуство и во Република Србија, е во завршна фаза од подготовките за отворање нов малопродажен објект во градот.

Според најавите, новиот маркет ќе биде еден од поголемите во нивната мрежа, со површина од околу 800 м². Ќе располага со четири наплатни каси, што ќе овозможи побрза услуга и намалено чекање, а за купувачите ќе биде обезбеден и паркинг простор за околу 40 возила, со цел полесен и поудобен пристап.
Од компанијата истакнуваат дека отворањето на овој објект не значи само проширување на нивната деловна мрежа, туку и конкретен придонес кон локалната економија. Со реализацијата на инвестицијата се отвориле и нови работни места, што ќе даде дополнителен поттик за вработување на жители од Македонска Каменица и околината.
Проектот е во завршна фаза, а свеченото отворање се очекува до крајот на јуни. Со ова, жителите на градот и околината ќе добијат нова опција за секојдневно пазарување по дисконтни цени, во склад со мисијата на компанијата, најдобар квалитет по најниски цени, достапен за сите потрошувачи.
(MediaPoint | Kamenica.Mk)

