На 8, 9 и 10 мај по шести пат ќе се одржи „Генералка викенд“, најмасовната еко-акција во земјава и на Балканот, која годинава мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, повеќе од 600 организации, јавни институции, приватни компании и над 250 државни институции. Акцијата ќе се спроведува три дена истовремено на повеќе од 500 локации низ целата земја, со цел собирање отпад, подигнување на еколошката свест и поттикнување заедничка грижа за животната средина. Организаторите велат дека „Генералка викенд“ прерасна во национална годишна традиција која покажува дека грижата за татковината може да обедини луѓе од различни општествени, културни и јавни средини.…
Author: Media Point
Крадец се заглавил на оградата од црквата во Кочани ,обидувајки насилно да влезе во црковниот објект за да изврши кражба. На местото на настанот интервенирале полициски службеници и екипа на ТППЕ ,како и Итната медицинска помош за безбедно извлекување на лицето.
Едно лице загинало вчера, на 5 мај, во тешка сообраќајна несреќа на хрватскиот автопат А3, во близина на Среданац, во подрачјето на општина Доњи Андријевци. Според информациите на хрватските медиуми, станува збор за државјанин на Република Северна Македонија. Несреќата се случила во 14:15 часот, кога камион излетал од патот, ја пробил централната метална заштитна ограда, удрил во два столба за улична светилка и преминал на спротивната лента. По судирот избувнал пожар, а камионот целосно изгорел заедно со возачот кој останал заробен во него. На местото на настанот биле пронајдени регистарски таблички од Македонија. Пожарникарите имале сериозни тешкотии да се пробијат…
На денешен ден пред 46 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980). Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти кои не припаѓаа на ниеден од двата доминантни блока во тоа време, западен и источен блок – НАТО и Варшавскиот договор. Мислењата за неговата улога и дело се…
На денешен ден пред 123 години во Баница почина македонскиот револуционер Гоце Делчев. Покрај традиционалното положување цвеќе и панихида на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје, денеска во Собранието ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања во областа на науката. Наградата ќе им биде врачена на проф. д-р Михајло Марковиќ и проф. д-р Соња Новотни за делото „Континуитетот на Македонскиот јазик I“ (Приказ на лексиката меѓу Слепченскиот патерник, огледало и различна поучителна наставленија). Во Владата е закажана трибина насловена „Темел на државноста- визија за иднината“ на која ќе се обратат министерката за образование и…
Да се формира фонд за медиумски плурализам и да се зајакне антислеп регулативата. Ова е неопходно за да се унапреди климата во која работат новинарите, став на претседателот на ЗНМ, Чадиковски, на Денот на слободата на медиумите. Според него, тоа е можно ако се случат системски промени во медиумската заедница. Во последниот извештај на „Репортери без граници“, земјава е рангирана на 45-то место кога станува збор за слободата на медиумите. Пред нас се Словенија и Црна Гора, зад нас остануваат Бугарија, Албанија, Грција, Србија. Претседателот на новинарскиот синдикат, Беловски, вели дека предизвиците со кои се соочуваат медиумите се однесуваат на…
Вонредна седница на Советот во Општина Делчево поради штети од голомразица кај голем дел од овоштарниците Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, ја информираше јавноста дека овоштарниците на територијата на општината се соочуваат со состојба на измрзнување по минусните температури во првите денови од мај. „Состојбата ја следиме директно на терен и информациите ги добиваме од самите ниви, во корелација со нашите земјоделци“, -изјави Гоцевски. Согласно член 26 и член 27 од Статутот, тој му предложил на Претседателот на Советот свикување вонредна седница уште следната недела. На седницата, според член 42 став 6, ќе предложи да се констатира природна непогода -…
Српските туристи летово најверојатно ќе добијат полесен третман на грчките граници во шпицот на сезоната, додека македонските граѓани засега остануваат без јасна потврда дека за нив ќе важи истото олеснување од новиот европски систем за влез и излез. Иако нема официјална одлука за целосно суспендирање на EES-системот, српските туристички претставници тврдат дека од грчка страна добиле уверувања оти контролите за српските граѓани ќе се применуваат пофлексибилно од 1 јуни до 30 август, за да се избегнат километарски колони на граничните премини кон Грција. Во пракса, тоа би значело дека во најоптоварените денови и часови грчките гранични служби би можеле да…
СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.В.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Во периодот од 12.03.2026 до 16.03.2026 на објави на социјални мрежи, пријавениот објавувал коментари со кои промовирал и поттикнувал омраза и насилство.
Полицијата во Делчево при претрес заплени нелегално оружје „На први мај, во раните утрински часови, полициски службеници од Делчево извршија претрес во дом на улицата „Првомајска“. Кај четириесет и четиригодишниот Ј.П. од Берово беше пронајдена ловечка пушка марка „Црвена Застава“ и патрони за кои лицето не поседувало дозвола. Оружјето е одземено, а по целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.“
