ФК „КАМЕНИЦА САСА“ ГО ОБЈАВИ ТЕРМИНОТ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ТРГНУВАЊЕ НА НАВИВАЧИТЕ ВО БИТКАТА ЗА ОПСТАНОК ВО КРАТОВО
Македонска Каменица – Во сабота, 30 мај 2026 година, ФК „Каменица Саса“ игра бараж натпревар за опстанок во Втората македонска фудбалска лига. Дуелот на Градскиот стадион во Кратово започнува во 16:30 часот.
Клубот организира бесплатен превоз за сите навивачи. Собирањето е во 13:30 часот на паркингот пред Поштата во Македонска Каменица, а тргнувањето кон Кратово е точно во 14:00 часот. Обезбедени се и 200 бесплатни влезници.
ФК „Каменица Саса“ упатува повик до сите граѓани и љубители на фудбалот од градот и регионот да бидат единствени и сплотени. Да го обоиме стадионот во зелено-црно и да ја бидеме со нашата екипа во најпосакуваната победа за опстанок.
Повеќе информации кај Дејан 071 737 164, Сашо 070 566 518 и Горан 078 434 471.
Сите во Кратово! Сите за Каменица Саса!

