Виница, 27. Мај 2026 година – Реконструкцијата на спортските терени во ООУ „Гоце Делчев“ во Виница официјално започна. Ракометното и кошаркарското игралиште ќе добијат целосно нов и модерен изглед, со цел подобри услови за учениците и спортистите.
Старата асфалтна подлога се заменува со современа еластична спортска подлога тартан CASALI – SPORTRACK SC. Ќе бидат поставени нови кошаркарски табли, нови голови со мрежи, како и нова заштитна ограда околу терените.
Вредноста на проектот изнесува 6.690.000 денари, а средствата се обезбедени како донација од општествено одговорната компанија „Касинос Аустриа Интернатионал“ ДОО Скопје.
„Со оваа реконструкција им обезбедуваме на учениците и младите спортисти услови какви што заслужуваат – безбедни, функционални и модерни терени“, изјави градоначалникот Митко Костадиновски, додавајќи дека продолжуваат инвестициите во спортот и образованието, затоа што иднината на младите е приоритет во нашето работење“.





