Ловното друштво „М. Каменица – Саса“ со нови инвестиции во ловиште “Вратиславци”
Ловното друштво „М. Каменица – Саса“ изгради нов ловно-технички објект, согласно финансиската програма за развој на Ловиште број 5 – Вратиславци. Истовремено, санирана е и постоечката помошна просторија во објектот „Караула“.

Со овие активности, друштвото продолжува неуморно со планираните проекти за подобрување на условите во ловиштето.
Голема благодарност упатуваат до мајсторите и ловџиите кои активно се вклучија во реализацијата.


