Младиот пејач Дамјан Стоименовски викендов одржа настап пред бројна публика во Македонска Каменица, приредувајќи вечер исполнета со емоции, познати хитови и одлична атмосфера.

Со внимателно одбран репертоар и придружба од млад бенд, Дамјан изведе песни од домашната и регионалната сцена, а публиката пееше заедно со него во текот на целата вечер.

“Ова беше еден од оние моменти што долго се паметат. Им благодарам на сите што беа дел од оваа вечер и што ми дадоа огромна поддршка“, изјави Дамјан по настапот.

Настапот беше проследен со позитивни реакции на социјалните мрежи, каде што Дамјан сподели дел од атмосферата и фотографиите од сцената.
објавува Журнал.мк

