Епископот Марко во визитација во Габрово и средба со црковните одбори
ДЕЛЧЕВО – На 17-ти мај 2026 година, епископот Делчевско-каменички г. Марко изврши канонска визитација во село Габрово, каде што направи увид на досега изградените помошни простории при храмот „Св. вмч. Димитриј“.
Во разговор со членовите на црковниот одбор, епископот се запозна со текот на работите и идните планови за изградба на нови помошни објекти.
По посетата на храмот, г. Марко оствари средба со претставниците на сите црковни одбори од Делчевско-каменичката епархија. На средбата се разговараше за секојдневните проблеми и пречки во нивното функционирање, при што одборите реферираа за досега сработеното и идните активности.

