КОНЦЕРТ НА „КВАРТЕТ САКСОФОНИ“ ВО “БЕЛИ МУГРИ” КОЧАНИ
Концерт на „Квартет Саксофони“ ќе се одржи на 19-ти мај, вторник, со почеток во 19 часот и 30 минути, во салон фоајето 2 на Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани.
На програмата се познати мелодии, современи аранжмани и безвременски композиции во изведба на четворица саксофонисти: Горан Кавраков, Славица Деспотова, Никола Темелков и Даме Камчев.
Квартетот го предводи Горан Кавраков – магистер по саксофон, професор и долгогодишен музичар со богата концертна кариера, познат и како член на групата Нокаут. Останатите членови се активни педагози и уметници со бројни настапи и награди на домашни и меѓународни манифестации. Преку својата работа тие придонесуваат за развојот на млади музички таленти и за афирмација на саксофонската уметност во земјава.
Концертот е дел од годишната програма на НУ Центар за култура „Бели мугри“ и се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам.
Организаторите ги покануваат сите љубители на музиката да присуствуваат на настанот. Влезот е слободен.

