Скопје, 21. Мај 2026 година – Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ја потврди распределбата на 9 милиони 414 илјади евра од УЕФА кон домашните клубови за сезоната 2025/26.
Средствата се наменети за клубовите од Првата, Втората, Женската лига и Првата футсал лига, според критериумите на УЕФА.
Сите клубови од Втората МФЛ добија по 10 илјади 944 евра. Меѓу нив е и ФК Каменица Саса од Македонска Каменица. Клубот се издвојува по финансиската дисциплина – кон ФФМ должи само 922 денари. Тоа го прави еден од најмалку задолжените второлигаши. За споредба, Победа должи над 2 милиони 200 илјади денари, а Скопје речиси 965 илјади денари.
Од ФФМ велат дека и покрај ослободувањето од котизација лани и помошта за долговите, финансиската дисциплина останува предизвик. Се најавуваат нови мерки за стабилизација на клубовите.
Најголем износ доби Шкендија – 5 милиони 771 илјада евра. Вардар доби 880 илјади, Работнички 541 илјада, а Силекс 505 илјади евра. Останатите прволигаши добија по 180 илјади евра.
Во женскиот фудбал, ЖФК Љуботен доби 227 илјади евра. Во футсалот, КМФ Форца 2015 доби 60 илјади евра.
На седницата беше разгледан и извештајот за ревизија на процесот за ПРО тренерски лиценци. Конечните резултати ќе бидат презентирани наскоро.
Извор: ФФМ


