Author: Media Point
Во рамки на подготвителниот период пред почетоко на пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипата на Каменица САСА вчера, одигра контролен натпревар со Тиверија во Струмица. Натпреварот заврши со 3:1 во корист на струмичанки, стрелец на единствениот гол за Каменица САСА го постигна Мила Талевска. Женскиот фудбал во Македонска Каменица бележи значителен развој, особено по формирањето на ЖФК Каменица САСА. Клуб кој, иако формиран пред само две сезони успешно се натпреварува во Првата македонска лига. Есенскиот дел го заврши на 5. место со освоени 24 бодови и позитивна гол разлика.
Општините уште излегле на крај со претходната легализација на дивоградбите, власта им подготвува нова ОПШТИНИТЕ УШТЕ ИЗЛЕГЛЕ НА КРАЈ СО ПРЕТХОДНАТА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИТЕ, ВЛАСТА ИМ ПОДГОТВУВА НОВА Извор: Телма Подготвил: Викторија Јованова Ни пат ни канализација. Вака живеаат 50-тина домаќинства на улицата „Видое Смилевски Бато“ во Делчево. Од општина Делчево велат дека подготвуваат техничка документација за оваа улица и за овие куќи што се дел од стотината легализирани дивоградби. За нив Делчево како и останатите општини, каде завршил процесот на легализација има обврска да изгради основна инфраструктура. Од невладината организација „ИНИ“ пребројале дека на истокот на државата се поднесени…
Македонска Каменица, 24.02.2019година – Денес, на градскиот стадион во Македонска Каменица со почеток од 14:00 часот се одигра пријателски натпревар помеѓу ФК Каменица Саса и ФК Кежовица. Домаќините забележаа победа против третолигашот од Штип со 2:1 преку головите на Сашо Велиновски и Даниел Гоцевски. За гостите стрелаше поранешниот фудбалер на каменичани, Емил Рунчевски. Ова е четврти контролен натпревар на Каменица Саса. Досегашниот биланс на каменичани е, две победи и два пораза од одиграните “контролки” во зимниот преоден рок. Како и на претходните три натпревари и денес беа извршени бројни измени на повеќе позиции од теренот, се со цел да се…
Македонска Каменица, 24.02.2019година – Денес, на градскиот стадион во Македонска Каменица со почеток од 14:00 часот се одигра пријателски натпревар помеѓу ФК Каменица Саса и ФК Кежовица. Домаќините забележаа победа против третолигашот од Штип со 2:1 преку головите на Сашо Велиновски и Даниел Гоцевски. За гостите стрелаше поранешниот фудбалер на каменичани, Емил Рунчевски. Ова е четврти контролен натпревар на Каменица Саса. Досегашниот биланс на каменичани е, две победи и два пораза од одиграните “контролки” во зимниот преоден рок. Како и на претходните три натпревари и денес беа извршени бројни измени на повеќе позиции од теренот, се со цел да се…
Во Кочани се одржа форум за рурален развој со граѓаните од источниот регион, на кој беа претставени завршните активности за прогласување на Осоговските Планини за заштитено природно подрачје. Професори од Шумарскиот и Земјоделскиот факултет во Скопје зборуваа за придобивките и обврските што ги носи заштитеното подрачје во однос на развојот на земјоделството и шумарството на територијата на кое тоа се однесува. Се работи за проект чиј носител е Македонското еколошко друштво, а што се реализира во рамки на втората фаза од Програмата за зачувување на природата во Македонија, со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка. – Неколку години…
Температури под нулата утринава се измерени во целата држава. Најладно е во Маврово каде температурата во седум часот била -15 степени. Во Крушево и Лазарополе се измерени -14 степени, во Берово -13, во Пожаране и Ѓуриште -11, во Крива Паланка, Скопје-Петровец и Тополчани -9, во Тетово и Прилеп -8, во Птетор, Битола, Скопје на Зајчев Рид и Куманово -7, во Охрид, Македонска Каменица, Штип и Виница -6, во Демир Капија -5, во Дојран и Струмица -4 и во Гевгелија -2 степена. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со…
Погледнете го прилогот од Тв.24 направен во La Cucina Napolitana во Македонска Каменица со нашиот сограѓанин Зоран Јовановски Паламаро – светски познат пица мајстор и сопственик на првата школа за пица – мајстори во државата. Убавата приказна и идеја, која Зоран Јовоновски ја донесе со неговото враќање во Македонска Каменица, привлече внимание од сите страни на Македонија. Веќе е поканет гостин во повеќе национални телевизиски студија. Секојдневно следиме прилози за неговата пица школа, која наскоро ќе започне да функционира токму во нашиот град. Погледнете го видеото направено преку овјективот на Тв.24: https://m.youtube.com/watch?v=iZGLUqItx5s
Нашиот сограѓанин Венцо Велков боледува од заболување на лумбален и друг интервертебрален диск со радиокулопатија и досега за подобрување на неговата здравствена состојба се направени дури 8 операции, но без ефект. Венцо Велков, веќе со години живее во пекол од болки и неможност нормално да функционира. Единствена надеж за Венцо во овој момент е операција во Аџибадем Систина која ќе чини 13.000-13.500 евра, но ќе бидат потребни и средства за пред и пост-оперативно лекување, средства кои Венцо не е во можност да ги обезбеди. Она што е алармантно и нешто што го дознав од разговорот со Венцо е тоа дека…
Македонска Каменица, 23.02.2019 година – По настанатата сообраќајна несреќа која што денес се случи на магистралниот патен правец Каменица – Кочани сообраќајот во двата правци е нормализиран и се одвива непречено во двата правци. Увидните екипи на МВР беа присутни на местото на несреќата каде ги утврдуваа причините и штетите од несреќата. Сообраќајната несреќа се случи во 12:30 помеѓу возило марка Југо и Фиат Добло. За здравствената состојба на патниците до овој момент немаме нови потврдени информации.
Македонска Каменица, 23.02.2019 година – Денес, во Македонска Каменица се случија две скоро истовремени сообраќајни несреќи. Првата се случи околу 12 часот на една од пофрекфентните крстосници во центарот на градот во која е причинета значителна штета на возилата. Додека втората сообраќајка се случи после половина час на излезот од Македонска Каменица кон Кочани. Увидна екипа на МВР е на терен. Покрај причинетата штета во втората сообраќајна несреќа, според наши сознанија има повредени патници, на што укажува и фактот што интервенираше Итната медицинска помош и екипа на ТППЕ од Македонска Каменица. Сообраќајот од Каменица кон Кочани во моментов е во…
