Македонска Каменица, 23.02.2019 година – По настанатата сообраќајна несреќа која што денес се случи на магистралниот патен правец Каменица – Кочани сообраќајот во двата правци е нормализиран и се одвива непречено во двата правци.

Увидните екипи на МВР беа присутни на местото на несреќата каде ги утврдуваа причините и штетите од несреќата. Сообраќајната несреќа се случи во 12:30 помеѓу возило марка Југо и Фиат Добло.
За здравствената состојба на патниците до овој момент немаме нови потврдени информации.
