Author: Media Point

Од Макфакс Месечината, Земјата и Сонцето за време на викендов ќе бидат во иста линија , кога се очекува целосно затемнување на Месечината, појава која нема да се повтори ниту оваа, ниту наредната година. Истовремено Месечината ќе биде најблиску до Земјата поради што ќе делува поголема и посветла од вообичаено, а тој феномен се нарекува Супер Месечина. Американскиот астрофизичар Патрик Хартиган изјави дека тоа ќе биде интересно бидејќи ќе се случи и Супер Месечина и целосно затемнување на Месечината, додавајќи дека затемнувањето ќе трае многу долго, околу еден час. Затемнувањето ќе започне во недела навечер или во понеделник рано наутро во…

ПОВЕЌЕ ...

Сигурно се прашувате кога е најпогодно време да ги смените вашите стари прозорци? Дефинитивно почетокот на пролетта е најдобро време за обнова на некои работи во домот кои одамна сме планирале да ги направиме. Иако времето е променливо, веќе темпетатурите нема да бидат под нулата, што претпоставува погодно време за работа. Овој период и полесно ќе најдете добар мајстор, кој нема да брза, и побрзо да заврши оти го чека друга работа. А бидејќи и нема во овој период голема побарувачка за прозорци, можете да добиете и подобра цена за изведба. Доколку сакате одличен квалитет на профили за прозори, и…

ПОВЕЌЕ ...

Полициски службеници поделија храна и лекови на жители во села на границата со Бугарија Денеска во периодот од 10.00 до 15.00 часот од страна на униформирани полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Исток, во селата Киселица и Селник, во близина на државната граница со Република Бугарија, извршена е посета на постари лица кои живеат сами во оддалечени средини на селата Киселица и Селник, кон кои е отежнат пристапот поради снегот. Доставена им е храна и лекови и оставени контакт телефонски броеви за комуникација доколку имаат некаква потреба.

ПОВЕЌЕ ...

Владимир Путин денеска ќе пристигне во Белград, во придружба на 30 најблиски специјалци од Федералната служба за обезбедување, а околу 6.000 полицајци и лица од безбедносните служби ќе се грижат за неговата безбедност во Белград. Специјалците на ФСО дејствуваат во најстрога тајност, оваа агенција е позатворена дури и од ФСБ која го наследи познатиот КГБ. Поради тоа, нејзините припадници често се нарекуваат духови, а во медиумите се појавуваат бројни претпоставки, меѓу кои и оние дека во своите редови имаат двајца двојници на Путин.

ПОВЕЌЕ ...

Над 50 компании на македонско-бугарски бизнис форум во Скопје Денеска, ќе се одржи бизнис-форум „Македонија-Бугарија 2019“, кој се организира по иницијатива на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и потпретседателот на Советот на министрите на Република Бугарија, Томислав Дончев. Бизнис-форумот ќе се одржи во хотелот „Александар палас“, а ќе почне во 10.30 часот со воведни обраќања на македонскиот и бугарскиот вицепремиер, како и на министерот за економија, Крешник Бектеши, заменик-министерот за економија на Република Бугарија, Александар Манолев, и заменик-министерката за туризам на Република Бугарија, Ирена Георгиева. Се очекува присуство на претставници на над 50 компании од Република Бугарија…

ПОВЕЌЕ ...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СВЕТИОТ ХРАМ „УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ДО ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Ние, свештениците при храмот „Свето Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица по повод големиот христијански празник Богојавление- Водици, ги известуваме сите верници кои ќе земат учество во фаќањето на светиот крст да достават потврди од матичните лекари за нивната здравствена состојба до свештенството при храмот. Ја користиме оваа пригода и да им укажеме на учесниците во овој свет чин, да се однесуваат пристојно и во духот на нашата православна вера. Денот пред Богојавление- Водокрст (18. Јануари) е строг пост (на вода), а во сабота, на…

ПОВЕЌЕ ...

Не само возачите, туку и за пешаците во сообраќајот има големи казни ако не ги почитуваат правилата. Пешак не смее да се движи по коловозот, ако се движи тоа треба да е до работ. Во спротивно казната е 50 евра. Исто така, ако поминете улица каде што нема пешачки, казната е 30 евра.

ПОВЕЌЕ ...

Можеби порано децата се санкаа и правеа снешковци од снегот, но овој Битолчанец дефинитивно има поинтересна идеја за тоа како да ужива во временските услови. Видеото сигурно ќе ве насмее и ќе ви го разубави денот. Погледнете:

ПОВЕЌЕ ...

54-годишниот Македонец, Панче Костов, вчера починал на паркинг на ски-патеката Кулиното, која се наоѓа во близината на Банско и Разлог, пренесува порталот „Струма“.  Медицинска екипа дошла на лице место и само констатирала смрт. Според најблиските, тој во минатото имал срцеви проблеми. Телото е предадено на обдукција за да биде откриена причината за смртта.

ПОВЕЌЕ ...

Десниот бек на Металург 2, каменичанецот Дејан Гошевски конечно ја санираше повредата на левото колено. Вчера тој успешно ја мина операцијата на менискус на коленото. Дејан Гошевски се чуствува добро и се очекува да почне со тренинзи по 5 до 6 недели. Му посакуваме брзо враќање на ракометен терен. Извор: РК Металург

ПОВЕЌЕ ...