Author: Media Point
ФК Каменица САСА на својот официјален веб налог објави информација за најновото засилување во своите редови. Станува збор за Денис Малинов, кој доаѓа од ФК Скопје од Скопје. ,,Денис Миленов и официјално е нов член на ФК Каменица Саса. Доаѓа од редовите на ФК Скопје, играч кој игра на позицијата напаѓач. Денис Миленов има и прволигашко искуство и тоа во екипата на Силекс од Кратово. Да му посакаме добредојде на нашиот нов фудбалер и да му посакаме многу голови во првата негова полусезона за ФК Каменица Саса”. – се вели во соопштението на ФК Каменица САСА
Со присуство на 21 делегат одржано годишното отчетно собрание на ОФС Кочани Во услови на сеуште нерасчистени односи помеѓу претходното и актуелното раководство на ОФС Кочани, синоќа во Конгресната сала на Комплексот Амор се одржа редовното годишно генерално собрание под раководство на застапникот и претседател на УО Љубчо Георгиевски. Во работата на Собранието, покрај 21 делегат, учествуваа двајца претставници на ФФМм Владимир Гашевски и Лазар Ракиџиев. Со оглед на турбуленциите околу промената на раководството на ОФС кои се провлекуваат речиси една година, за завршната сметка за претходната година и буџетот за 2019 делегатите се изјаснија воздржано и со за, но…
10 патници загинаа во автобуската несреќа на излез од Скопје кон Тетово, според првичните неофицијални информации од екипите на терен, кои ги извлекуваа настраданите. Само во болницата „8 Септември“ досега се пренесени 35 повредени, објави Сител.
Според неофицијални информации, петмина патници го загубиле животот во сообраќајната несреќа во која автобус се преврте кај Тетово. Од МВР најави официјални информации во следниот период. Автобусот кој излетал од автопатот и се превртел е на компнаијата Дурмо Турс.
Во близина на месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа. Според првичните информации, има и повредени.. На лице место се упатени и протипожарни екипи да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во скопје се мобилизираат да ги примат повредените. Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата. Екипа на Канал 5 е на пат кон местот, очекуваме вклучување во текот на вестите. Фотографиите се од порталот Фактор.
Од возачите во Македонија 80 проценти барем еднаш во животот возеле под дејство на алкохол, а пет отсто тоа го прават чето, покажало истражувањето на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата РСБСП. Статистиката покажала дека во 2018-та година во сообраќајни незгоди загинале 129 лица, во 2017 година 155, а во 2016 загинале 165 лица. Од РСБСП информираат дека околу 6.000 во сообраќајки се повредени секоја година. -Оние пет проценти кои често возат пијани заслужуваат секаква осуда. За нив дефинитивно само големи казни, одземање на возачката дозвола и исклучување од сообраќајот, не привремено како што налага Законот (максимум 12…
Македонска Каменица,12.02.2019 година – И покрај добрата игра ФК Каменица Саса е поразена со минимални 1:0 од ФК Гостивар. Домаќините успеаа да поведат дури во 80-тата минута од натпреварот. Тренерот на ФК Каменица Саса, Томе Петров им даде шанса на сите 20-тина фудбалери од составот и ја искористи шансата во текот на натпреварот дополнитено да ја провери моменталната физичка подготвеност на играчите и степенот во воиграност на тимот. Следен натпревар за ФК Каменица Саса е веќе во Сабота со екипата на Пирин од Благоевград. Текстот во целост е преземен од официјалната веб страна на ФК Каменица САСА – Македонска Каменица
Македонска Каменица,12.02.2019 година – Општината Македонска Каменица продолжува со инвестиции во образовните институации во насока на подобрување на условите за престој и работа. Освен редовното одржување и реконструкција, направена е ѝ набавка на нова опрема. -Во износ од 105.000 денари набавена е нова опрема во детската градинка Бамби како и нова аудиовизуелна технологија. Во ООУ Кирил и Методиј после 35 години променета е фасадната столарија. Во гимназијата набавена е нова машина за чистење на подот“, изјави Соња Стаменкова, градоначалник на Оопштината Македонска Каменица. Општина Македонска Каменица продолжува со активностите поврзани со подобрување на уловите за работа и престој на учениците и…
Македонска Каменица, 11.02.2019 година – Филип Ѓоргиевски, младиот и талентиран голман од редовите на ФК Каменица САСА преминува во ФК Академија Пандев од Струмица. Во текот на денешниот ден треба да биде официјализиран трансверот кој за 15-годишниот каменичанец треба да значи мотив повеќе и искуство кое ќе му го овозможи новата натпреварувачка средина во Првата фудбалска лига на Македонија. Изминатиот период Филип Ѓеоргиевски присуствуваше на неколу последователни тренинзи заедно со првиот тим на Академија Пандев, а со младинскиот тим одигра два маѓународни пријателски натпревари. На двата контролни натпревари во Петрич, соседна Бугарија против ФК Лудогорец, младиот и надежен голман успеа…
И З В Е С Т У В А Њ Е Вторник (12.02.2019) со почеток во 11:30 часот, во фоајето на спомен-домот АСНОМ ДЕЛЧЕВО ќе се одржи едукативна трибина со производителите и откупувачите на слива и друго коскесто овошје на тема „Мерки за превенција и сузбивање на штетниот организам Monilinia Fructicola кај коскестото овошје“. На средбата ќе присуствуваат претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа, Државниот инспекторат за земјоделство, Факултетот за земјоделски науки и храна, како и од Агенцијата за потикнување и развојот на земјоделството. Едукативната трибина е дел од активностите предвидени со цел во претстојната сезона да се отстрани временото ограничување…
