Author: Media Point
Редовно да се зема пропишаната терапија и во случај на настинка и потешкотии на дишењето да се направи консултација со матичен лекар, да се пијат топли напитоци, да се избегнува алкохол, да се јаде доволно, бидејќи тоа ја одржува температурата на телото, а невакцинираните да се вакцинираат против сезонски грип особено тие на возраст над 60 години и хронично болните, се дел од препораките за заштита на здравјето на населението од студени бранови и студено време во зимскиот период согласно Акцискиот план за превенирање на неговите штетни влијанија врз здравјето, што го изготви Министерството за здравство. Пациентите кои имаат проблеми со…
Од 21 до 27 јануари во Софија ќе се одржи Недела на македонскиот филм во текот на која ќе бидат прикажани филмовите „Gypsy Magic“ на Столе Попов, „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски, „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска, „Џган“(„Amok“) на Вардан Тозија. Програмата е составена главно од филмови направени во изминатите 15 години, кога веќе се говори за поиздржан генерациски настап со пробивот на десетина млади автори. „Освен ветеранот Попов со ‘Gypsy Magic’, останатите автори застапени во Неделата на македонскиот филм се дел од новата генерација филмски творци“, посочуваат од Кинотека на Македонија. Од Кинотека потсетуваа и дека македонската…
Многу разгранета, трнлива, листопадна грмушка, висока од 0,5-3м. Гранките се многубројни, распрени, преплетени и многу трнливи. Кората е мазна и црна по боја. Листовите се прости , долги од 2 – 4 см. Цветовите се бели, единечни, многу ароматични и многубројни. Цвета во мај – април, а плодот зрее во септември – октомври. Плодовите се берат кога се зрели и можат да се користат и свежи, но препорачливо е да ги користите исушени. Се чуваат во хартиена амбалажа. Трнинката во себе содржи многу лековити својства, и поради тоа доста е застапена во нашите краеви. Се користи за чај, а од…
Македонска Каменица, 15.01.2019 година – На ЈОУДГ „Бамби“, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во општина Македонска Каменица ќе бидат инсталирани фотоволтаични системи. Средствата ги доделува Министерството за финансии, преку Проектот за подобрување на општински услуги. Станува збор за грант од вкупно 2 милиони евра кои се обезбедени преку ИПА-компонентата на Европската Унија, а се наменети за набавка на фотоволтаични системи. Вакви системи за јавни објекти ќе добијат 35 општини од четири региони во државата. Со инсталирањето на фотонапонските системи ќе се направат значајни заштеди за струја кај овие јавни објекти, со што ќе се намалат трошоците, а…
Македонска Каменица, 15.01.2019 година – Вандалството повторно резултираше со уништување на новопоставената урбана опрема во централното градско подрачје на Македонска Каменица. Овој пат како мета на вандалите се најдоа поголем број од неодамна новопоставени улични светилки на оградата од училишниот двор на СОУ “Миле Јаневски Џингар”. Утрово осамнаа превртени над десетина контејнери за ѓубре, како и поголем број на уништени корпи за отпадоци. Ова не е прв случај да се уништува урбана опрема во Македонска Каменица. Изминатите месеци во неколу наврати беше уништен значителен дел од урбаната опрема на градскиот базен, поголем број на клупи, канделабри, сообраќајни знаци, како и искорнати…
Со потпишаниот договор од вчерашниот ден, на компанијата Wizz Air ќе и се исплатат 5 милиони евра за период од 2019 до 2022 година како вид на субвенции. Она што е најново и што го најавија од компанијата и од македонските власти е дека Wizz Air ќе добие осум нови дестинации за летање од Македонија. Од Скопскиот аеродром од март ќе се лета кон Баден Баден и Бремен Германија, од Охрид до Милано и Малме. Потоа во текот на месец јули од Охрид ќе стартуваат линиите кон Мемингем и Дортумнд, а од Скопје кон Ларнака на Кипар и кон Турку…
Во Македонија утринава освен во Гевгелија и во Дојран е студено со температури под нулата. Најстудено е во Битола каде во седум часот се измерени -12 степени. Во Петровец кај Скопје измерени се -11 степени, во Лазарополе -9, во Македонска Каменица, Крива Паланка, Маврово, Штип и Демир Капија -8, во Тетово, Куманово и Берово -7, во Прилеп и Охрид -6, во Пожаране и Струмица -4, а во Претор и Зајчев Рид во Скопје -1 степен. Во најјужните градови Гевгелија и Дојран измерени се два степена. Најмногу снег досега има во Маврово – 70 сантиметри, а најмалку во Крива Паланка само…
Македонска Каменица, 14.01.2018 година – Денес, градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова ги посети семејствата на родени на 1-ви Јануари во Новата 2019 година. Упатувајќи им честитки на семејствата, со желби за долг живот, добро здравје и многу среќа градоначалничката Стаменкова на новороденчињата им врачи вредносни чекови во износ од 10.000,00 денари, односно 20.000,00 денари за првороденото дете. Општина Македонска Каменица, оваа година уште на 1-ви Јануари доби три прекрасни девојчиња. Малата Инес Караѓозова е родена неколку минути пред 02 часот, како второто дете во државата оваа година. Јована Здравковска е второ бебе родено во Општината, а прво во штипската…
Спасувачката акција на планината Пирин во Бугарија успешно заврши и петмината македонски скијачи и сноубордери кои скијале надвор од обележаните патеки и паднале во дол се извлечени. Информацијата за БГНЕС ја потврди Горската спасувачка служба во Банско. Македонските скијачи, според службата, се добри, во добра здравствена состојба, неповредени и веќе се пренесени во хотелите во Банско, каде што биле сместени. Сигналот за помош стигнал до Горската спасувачка служба во Банско, и во 20 часот по локално време десет спасувачи ја почнале акцијата за извлекување на петтемина Македонци.
Адриана Митевска нед, 13.01.2019 | 24 Вести Вевчани денеска живее во духот на традиционалниот карневал. Денеска Вевчани четаа кон Европа, го критикуваа името, потсетија за доцнењето на минималецот од 500 евра, го осудија Груевски и му доделија Нобелова награда на Заев. Но, први по традиција василичарското оро го заводија зетот и невестата како симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, ѓаволите олицетворение на злото и двајцата глупи августи кои ги штитат од злото. Заедно со нив и останатите оригинални сатирични маски. Градоначалникот Сашо Јанкоски вели карневалот од година во година е се повеќе посетен и оригинален поради атрактивноста на маските…
