Момците на КК Баскет Кам извојуваа уште една во низа значајна победа на гостински терен. Овој пат на гостински терен, во Велес, против КК Борец успеаа да слават со резултат 68:72.
Ова е значајна победа за каменичани бидејќи со неколкуте последователни победи успеаа да се етаблираат во горниот дел од табелата. Земајќи го во предвид фактот, дека ова за нив е прва сезона во второлигашкото кошаркарско друштво, моменталниот пласман во горниот дел од табелата е нивни огромен успех и значаен придонес за развојот и промоцијата на кошарката од нашиот град на национално ниво. Високата моментална позиција им и дава реални шанси во борбата за распределба на едно првите четири места во Втората кошаркарска лига на Македонија.
На теренот повторно најуспешен и неприкосновен беше Александар Тодоровски со 29 поени, потоа Роберт Стојанов со 18 и Борјан Панов со 12.

Следното коло КК Баскет Кам го игра пред домашна публика која се надеваме дека ќе биде уште помногубројна и силна поддршка на каменичките кошаркари.
