
Почнувајќи од полноќ па се до следните две недели, возачите ќе точат горива по нови цени.
По последната одлука на регулаторната комисија стана јасно дека поскапуваат само бензините , додека дизелот останува со иста цена.
Тоа значи дека Еуросупер БС-95 бележи раст на цената од пола денар и ќе се точи по 62,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 поскапува за еден денар и возачите со ова гориво ќе полнат резервоари за 64,50 денари.
60 денари по литар е цената на дизелот кој не претрпе промени.

