Author: Media Point

Во рамки на 13. коло на Првата женска кошаркарска лига на Македонија, денес во Делчево екипите на КК Клубски Патриот и КК Баскет Кам одиграа натпревар со извесен исход уште по завршувањето на првата четвртина која што заврши со 06:23 во корист на гостинките. Екипата на Клубски Патриот со конечните 26:77 го доживеа и вториот катастрофален пораз сезонава од супериорните каменички кошаркарки на Баскет Кам. Најефикасна на теренот беше Сара Спироска која успеа да постигне скоро ист број на поени колку целата екипа на Клубски Патриот. Покрај Сара Спироска со 24 поени, одлична партија одиграа и Стефани Колева со 19…

ПОВЕЌЕ ...

Пчеларско Здружение „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица на 23.02.2019 година со почеток во 19 часот во Ресторан „Иднина“ ја организира првата пчеларска вечер во Македонска Каменица по повод верскиот празник Св.Харалампие заштитникот на пчелите. Забавата ќе биде збогатена со лотарија главна награда центрифуга за мед. За забавата ќе се погрижи музичкиот состав Актив бенд од Македонска Каменица. Картите може да ги набавите кај Мите 070402489, Моцо 070299316, Трајчо 078485129, Боге 072744430, Ванчо 077757025, Видан 071302839,Станко 077611578 и во ресторан Иднина во Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Во сплитски Варош, во Хрватска, незадоволен градежен работник од својот статус, прво ги искршил стаклата на камионот на шефот, а потоа го запалил, пренесе Далматински портал. Во близина имало неколку плински боци, но за среќа била избегната вистинска катастрофа. Како што рекле сведоци на инцидентот, човекот, кој го запалил камионот, мирно стоел и гледал како огнот го голта возилото. „Две години не сум добил плата. Спиев во контејнер, добивав само еден седнвич дневно“ сведоци ги прераскажале неговите зборови. “Беше многу страшно, можеше се да одлета во воздух. Под камионот имаше боци со бензин, а во близина голем број на плински…

ПОВЕЌЕ ...

Минималната плата годинава нема да биде над 13.000 денари. „Ако се подобри економијата, ќе се зголеми минималната плата“, вели министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Таа не кажа колку ќе изнесува минималната плата, но потврди дека е обезбедена финансиска поддршка за да можат помалите компании да го издржат притисокот. Премиерот Зоран Заев на почетокот на годинава најави ново едно зголемување на минималецот, но не кажа за колку. Анализите на Министерството за труд и социјална политика,  покажале дека е можно минималната плата до крајот на 2019 да се зголеми за дополнителни 1.000 денари. Владата пред една и пол година…

ПОВЕЌЕ ...

СООПШТЕНИЕ НА МВР ВО ВРСКА СО ШПЕКУЛАЦИИТЕ КОИ ДЕНОВИВЕ СЕ ШИРАТ ВО ЈАВНОСТА  Во врска со шпекулациите кои се шират во јавноста, а за наводно постоење на киднапери кои киднапираат поради препродажба на човечки органи, Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира истите и ги отфрла како целосно неточни. Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла шпекулациите за постоењето на киднапери. Во Министерството за внатрешни работи досега не се пријавени, ниту случаи на киднапирање поради органи, ниту се вистинити наводите дека досега на исчезнати жртви им недостигале органи. Министерството за внатрешни работи за последните случаи на исчезнување, кои што се…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 21.02.2019 година – Градоначалничката Соња Стаменкова, започна со увид во градежните активности кои во моментов се извршуваат на повеќе локации во Општината. Во истовреме, на изградба на згради за потребите на месните заедници се работи во село Тодоровци, во село Косевица, Дулица и село Саса. Покрај изградбата на целосни објекти во три од месните заедници, во останатите шест е предвидена изградба на помошни простории и армирано-бетонски настрешници во рамките на постоечките објекти. Општината за овој проект со кој значително се подобрува квалитетот на живот во селските средини издвои вкупно 8.3 мил денари. Освен во руралните, градежната офанзива е…

ПОВЕЌЕ ...

Јавен повик за директно субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии   Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година („Службен весник на Република Македонија“  бр. 16/2019), Министерството за економија објавува: ЈАВЕН ПОВИК За директно субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии Предмет на јавниот повик  е субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии  преку кофинансирање на  60% од докажаните трошоци  согласно  условите за субвенционирање кои се наведени на следниов линк.

ПОВЕЌЕ ...

Во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, предвидено е воспоставување на заштитени подрачја (ЗП) во сливот на река Брегалница. Во процесот на одбирање на приоритетни подрачја за заштита, во соработка со клучните страни и со одлука на Источниот плански регион (ИПР), беа селектирани Осоговските Планини и Ченгино Кале како најпогодни подрачја за отпочнување процес за прогласување. Како дел од процесот на спроведување на кампања за воспоставување на заштитено подрачје на Осогово, на 23 февруари 2019 година, со почеток во 10:00 часот, во фоајето на НУЦК „Бели…

ПОВЕЌЕ ...

Денес, во кругот на Ј.П “Камена река” во 12:00 часот беа извлечени среќните добитници во наградната игра за корисниците со редовно платена комуналната такса. Годинава, најсреќни беа следниве корисници: Прва награда: ТЕЛЕВИЗОР   ТИХОМИР ЃОРЃИЕВСКИ Втора награда: ШЕСТ МЕСЕЧНА ПРЕТПЛАТА – ДИВНА ГЕШОВСКА Трета награда: ТОСТЕР – СТОЈАН ПОСТОЛОВСКИ Со оваа Наградна игра, ЈП Камена Река покрај изразувањето на благодарност до редовните плаќачи на комуналните услуги, сака ги поттикне граѓаните редовно и навремено да ги плаќаат месечните такси и обврски. Со тоа граѓаните допринесуваат за подобро функционирање на преприетието и подобрување на услугите кои ги сервисира истото.

ПОВЕЌЕ ...

Кој рече дека годините треба да ни го убијат духот? Оваа пензионерка дефинитивно знае како да ужива во животот. Дол Џенкинс имаше специјална забава по повод нејзиниот 100-ти роденден. Таа го прослави со пријателите во старечкиот дом во кој живее, но за забавата побара да бидат ангажирани и двајца стриптизери. Тие малку танцуваа, а потоа голи ги служеа оброците на забавата. Џенкинс уживаше во својата прослава, а доби и бакнежи од нив. На почетокот била засрамена и им кажала да стават некое парче облека плус на себе, но потоа почнала да флертува со нив, велат нејзините гости. Запознајте ја 100-годишната…

ПОВЕЌЕ ...