Пчеларско Здружение „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица на 23.02.2019 година со почеток во 19 часот во Ресторан „Иднина“ ја организира првата пчеларска вечер во Македонска Каменица по повод верскиот празник Св.Харалампие заштитникот на пчелите.
Забавата ќе биде збогатена со лотарија главна награда центрифуга за мед.
За забавата ќе се погрижи музичкиот состав Актив бенд од Македонска Каменица. Картите може да ги набавите кај Мите 070402489, Моцо 070299316, Трајчо 078485129, Боге 072744430, Ванчо 077757025, Видан 071302839,Станко 077611578 и во ресторан Иднина во Македонска Каменица.
