Author: Media Point

Катастар на сите водоводни, канализациони мрежи и  подземни кабли  ќе се прави во 11-те општини од Истокот. Ова го предвидува втората фаза од воведувањето на т.н. ГИС систем  која се однесува на имплементацијата на подземен катастар во сите 11 општини од Источно планскиот регион. Вредноста на спроведувањето на проектот се уште се пресметува и наскоро ќе биде познато со колкав буџет општините би учествувале во неговата реализација, а колку од средствата би биле поддршка преку грантови.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 25.01.2019 година, Денес во ООУ “Св. Кирил и Методиј” Македонска Каменица, по повод распишаниот училишен литературен конкурс ,,Писмо до Дедо Мраз” во училишната библиотека беа доделени дипломи, благодарници и награди на учениците- учесници. Наградите, беа доделени од страна на в.д. директорката Марина В. Стојановска заедно со дел од комисијата, наставничката Зорица Гоцевска и библиотекарот Миле Зафировски, кои истакнаа дека ваквите конкурси и натпревари за учениците се оргснизираат со цел да се поттикне и развие љубовта кон убаво пишаниот збор и читањето кај младата популација воопшто. Линк до целата фотогалерија.

ПОВЕЌЕ ...

Неисчистени улици, завеани патишта, блокирани пристапи до локалните патишта и до селата. Ваквите сцени, кои неретко се претвораат и во драми на патиштата кога се загрозуваа и човечки животи станаа редовна појава последните пет години. На социјалните мрежи се појавија фотографии од моменталната состојба на Стража, а од истите може да се забележи дека сообраќајот се одвива отежнато. Слична е ситуацијата на патниот правец Делчево – Бугарија каде не се гледа ништо од снегот. Извор: Скопје1.Мк

ПОВЕЌЕ ...

https://www.youtube.com/watch?v=T1OuE4t4A74 Едно повредено лице и двајца приведени. Ова е билансот од крвавата престрелка која претпладнево се случи во скопската населба Маџари. На  немилиот настан му претходела бркотница со автомобили низ скопските улици, која завршила со судар, поради поставената заседа. Крвавата престрелка се случила на улицата Благоја Стефковски во населбата Маџари. Очевидците велат дека најпрво се слушнал силен удар предизвикан од сообраќајката, по што започнала престрелка меѓу лицата кои се возеле во судрените автомобили… Истрели се слушале неколку минути, по што дел од лицата кои пукале избегале од местото на настанот. Припадници на МВР веднаш пристигнале на местото каде што се…

ПОВЕЌЕ ...

Разбојничка заседа  била организирана денес на улицата „Радански Пат“ во Штип.  Десеттина Роми на возраст од 18 до  30 години како препрека  поставиле  големо дрво на патот, а тие чекале во заседа. Откако  првиот возач што наишол застанал да го отстрани дрвото, Ромите излегле  и почнале да се однесуваат агресивно. „Ми бараа пари, некој од нив зборуваше за дрога а други во мегувреме ми удираа по колата. Се обидуваа да ми  ја скршат шофершајбната  и оштетат  хаубата. Трчејки влегов во колатат и  најбргу што можам  возев во рикверц. Веднаш  зад мене возеше друг   автомобил но што се случило со него…

ПОВЕЌЕ ...

Бугарија планира да стави крај на програмата за продажбата на државјанства на богати поединци, соопшти Министерството за правда во Бугарија, додавајќи дека тој систем не ја донел очекуваната финансиска корист. „Податоците укажуваат дека не е постигната целта на зголемување на реалните странски инвестиции и економски развој. Не се отворени нови работни места и не е забележан економски раст“, се наведува во соопштението на Министерството. Оттаму наведуваат дека од 2013 година, околу 50 странци од Русија, Израел и Пакистан купиле бугарско државјанство. Бугарија е една од трите членки на ЕУ, заедно со Кипар и Малта, која продава државјанства за одредени инвестиции,…

ПОВЕЌЕ ...

10.450 евра над дозволениот износ од 10.000 евра во денарска противвредност, се  откриени при контрола на бугарски автомобил и личен претрес на возачот, бугарски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Делчево. Возачот пријавил дека со себе носи 7.000 евра, но при контролата извршена во соработка со полициските службеници од граничниот премин, во џеб од неговата јакна биле пронајдени 10.000 евра и 920 левови, додека во ташничка сместена меѓу предните седишта биле пронајдени уште 10.000 евра. Согласно законските прописи, на возачот му биле вратени 9.550 евра и 920 левови, противвредност на 10.000 евра, износ што може слободно да…

ПОВЕЌЕ ...

Околу 100 рудари на рудникот Стари трг, кои беа заробени на 700 метри под површината по дефект на електричната мрежа, се спасени, јавуваат приштинските медиуми. Рударите се извлечени на површината по интервенција и враќање на струјата во Трепча, пренесува Коха диторе. Претставник на синдикатот на рударите соопшти претходно дека не се во животна опасност, и дека се работи на спасувањето на рударите, пренесе КТВ. „Околу 100 рудари останаа на осмото, деветтото и десеттото ниво. Експертите се трудат, барем привремено, да ги оспособат електричните инсталации за да ги извлечат рударите од јамата“, изјави шефот на синдикатот на рударите на Стари трг…

ПОВЕЌЕ ...

И ДУИ го поддржува предлог законот за игри на среќа предложен од движењето Анти коцкање. Денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети во седиштето на партија оствари средба со движењето. Ахмети порача дека предлог законот е добар, и истиот ќе го подржат неговите сопартијци во собранието .  -Коцкањето е лошо за нашето општество, затоа ние го подржуваме предлог законот за игри на среќа, предложен од движењето Анти Коцкање. Како што за ова движење беа отворени вратите од сите институции, така и ДУИ е отворена за нив. Ние оваа војна ќе ја водиме заедно, затоа што семејството е најважно. Апелираме до сите оние…

ПОВЕЌЕ ...

Од 13.000 дивоградби за кои сопствениците поднеле барање за легализација, речиси половината не ги исполнуваат ни минималните услови да бидат легализирани: „Негативно е одговорено на вкупно 4.072 предмети од кои 2.829 заради недостаток на геодетски елаборат, а останатите  1.243 предмети се одбиени по друг основ“, изјави Драган Ристов, Центар за односи и јавност при о. Штип Не Слична судбина ги очекува најмалку уште 50 за кои контролата е во тек: „При што е утврдено дека исто така им недостасува геодетски елаборат и тие исто така ќе бидат одбиени“, истакна Ристов. Дали ова значи дека на околу 5.000 диво изградени објекти…

ПОВЕЌЕ ...