Author: Media Point
Видеото е снимено од кабината на турски камион кој чекаше ред за да плати мито. Полицаецот откако си стави нешто во џебот од нашиот, влезе во турскиот камион и си побара 100 лири (околу 1000 денари), за да не му прави детална проверка на багажот, па да му најде 300 други мани. Интересно е што полицаецот научил и турски за да може да оперира на патот. Извор: motika.com.mk
Облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините во снег ќе преовладува во текотна оваа недела. Од четврток поради заладување врнежите на повисоките и на некои пониски места ќе преминуваат во снег, а во одделни котлини ќе има услови за магла. За денеска синоптичарите најавуваат променливо време со подолги сончеви периодипретпладне, а веќе од попладне се очекуваат врнежи од дожд во западните делови и снег напланините. Повремено врнежите ќе бидат пообилни. Во текот на ноќта, врнежите ќе се прошират и во останатите делови, но ќе имаат послаб карактер. Ќе дува умерен ветер одјугоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени. Во Каменица денеска ќе биде променливо облачно со слаба магла претпладне, а преку ден ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе врне дожд. Максималната температура ќе достигне до пет степени. Утринава најстудено е во Петровец кај Скопје каде во 07:30 часот се измерени -10 степени, а најтопло во Дојран каде температурата е два степена.
За почнување и развој на рурален туризам неопходна е системска поддршка од локалните и националните институции, решенија во законската регулатива, програми и мерки, изготвување нова локална и национална стратегија за рурален туризам, како и едукација за начините и можностите за искоритување на фондовите за поддршка на руралниот туризам. Ова е заклучокот од денешната едукативна работилница за поддршка и развој на руралниот туризам во Струшко „Рурална кохезија-интегрирано дејствување за развој на руралниот туризам” организирана од здруженијата креативен центар „Рурбанкулт” и пчелари „Матица 2012″ од Струга во рамките на проектот „Органска фарма – рурална кохезија за зголемен потенцијал на руралниот туризам и…
Штипјанец ја бранел снаата од насилниот сопруг, па изел ќотек од синот, информираше МВР. Според полицијата, утрово околу 5.30 часот во ПС Штип Д.Д.(46) пријавил дека околу 3.30 часот на улицата Панко Брашнаров во Штип настанала расправија помеѓу неговиот син С.Д.(26) и неговата сопруга Р.Д.(34). По расправијата С.Д. почнал даја тепа сопругата, па се вмешал неговиот татко. Тој се обидел да го смири синот и да ја одбрани снаат, но С.Д. физички го нападнал и него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денес, во рамки на претпоследното коло од есенскиот дел на Втората машка кошаркарска лига на Македонија, во Кочани, се сретнаа екипите на КК Баскет Дино и КК Баскет Кам од Македонска Каменица. Во еден исклучително интересен и неизвесен натпревар, гостите со колективна, борбена и пожртвувана игра на сите поединци успеаа да слават значајна победа со 84:71 поен. Иако домаќините постојано се обидуваа да се вратат резултстски, користејќи го домашниот терен и многубројна публика на трибините, КК Баскет Кам успеа да ја одржи двоцифрената резултатска предност во текот на целиот натпревар. Најефикасен поединец на натпреварот повторно беше осумнесетгодишниот Александар Тодоровски со…
Ветерот прави проблеми на екипите на ЈП „Македонија пат” на патот Велес-Штип во овчеполскиот регион. Раководителот на регионалната подружница на ЈП „Македонија пат”-Штип , Кире Коцев вели дека кај селата Сарамзалино и Павлешинци поради силниот ветер на коловозите се прават и наноси од снег, но екипите се постојано на терен и ги расчистуваат, за да се одвива сообраќајот во зимски услови. Тој забележува дека и синоќа имале пример, кога тешко моторно возило поради немање зимски гуми, односно опрема застанало на коловозот меѓу селата Лозово и Сарамзалино, но сообраќајот не бил попречен и се одвивал без проблеми. -Заедно со полицијата успеавме…
Поради обилните врнежи од снег од Авто мото-сојузот на Македонија информираат дека од 11 часот на сила стапила забрната за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Барбарос, поточно на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп и на патот Прилеп-Кавадарци, на планинскиот превој Плетвар, додека пак од 12 часот на сила спати забраната за движење на камиони и на патниот правец Крива Паланка граничен премин Деве Баир. Од раните утрински часови беше воведена забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси и на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а забрана само за тешки товарни возила има и…
Додуше ова беше на вчерашен ден 24 јануари 2010-та, ама слаткото е што ова незаборавно голчиште од нашата најголема фудбалска ѕвезда, го има на Јутјуб со знакчето на Телма и незаборавниот глас на Бранко Илиевски со кој ги проследивме најубавите години од Серија А. Пандев стави потпис во тимот на Мурињо 20 дена пред ова дерби, а тука има 26 години Извор: ОффНет.Мк https://m.youtube.com/watch?v=MoC37l-bYZQ
Кочани, 25.01.2019 година- Тепачка во која учествувале три лица, синоќа ги вознемири кочанчани и беше причина за полициска интервенција. Детали околу инцидентот не се соопштуваат, а полицијата работи на расчистување на инцидентот.
Уште еден физички напад се случил на улицата Радански Пат во Штип. Со железо, од зад грб по главата бил удрен и онесвестен 60-годишен граѓанин. „Се работи за брат ми. Се наведнал да товари порта и во тој момент некој со шипка го удрил по главата и го бутнал на земјата. денес му кажаа на комшијата му влегле дома му урале кондури“, кажа жител на ул. Радански Пат. Ова последно сведочење само дополнително ја комплицира и така загрижувачката безбедносна состојба на неколку улици во Штип меѓу кои се вбројува и далеку познатата улица Радански Пат. Иако полицијата во последно време,…
