Author: Media Point
Од 9 часот, регионалниот пат Струмица-Берово е пуштен за сообраќај, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Од АМСМ претходно јавија дека сообраќајот е во прекин, поради сообраќајна несреќа што се случила кај селото Петралинци.
Кочани, 01.02.2019 година – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.Т.(32) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” и четири кривични дела ,,тешка кражба”. На 18.12.2018 година околу 20.00 часот во Кочани, во домот на М.М.(66), пријавениот со употреба на физичка сила извршил разбојништво при што одзел златен накит, мобилен телефон и пари. Во периодот од 06.12.2018 до 03.01.2019 година на подрачјето на Кочани, пријавениот извршил четири тешки кражби во куќи, при што одзел златен накит, пари и мобилни телефони.
Македонска Каменица, 01.02.2019 – Нов поголем одрон се наоѓа на една од коловозните ленти од магистралниот пат Кочани – Македонска Каменица, над село Истибања, кај Саваро. Иако сообраќајот е отежнат, истиот се одвива непречено. Се препорачува внимателно возење, особено во засеците и осоите, каде покрај помали камени одрони можна е појава на голомразица, особено во вечерните и утринските часови кога температурата е под нулата. Македонија Пат се известени за новонастанатата состојба на патот Македонска Каменица – Кочани, се очекува состојбата да биде нормализирана во текот на денот.
Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ја презентираше Програмата за рурален развој за 2019 година, која има вкупен буџет од 2,2 милијарди денари. Новите мерки кои значат инвестиции во земјоделството и руралниот развој создаваат услови тоа да прерасне во модерно и конкурентно производство, посочи министерот Николовски. Во 2019 година финансиската поддршка за младите земјоделци продолжува, но со изменети критериуми. МШЗВ ги зголемува субвенциите од досегашните 10.000 евра на 20.000 евра по корисник. Дополнително, се воведуваат законски измени преку кои се отстранува границата од 18 месеци за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, со што се отвора…
Кога патуваат во друга земја-членка на Европската Унија, жителите на земјите од ЕУ што користат лекови препишани од страна на лекар мора со себе да носат и хартиени рецепти. Ако случајно во таа друга земја им притреба препишаниот лек, тие со хартиен рецепт можат да одат и да го земат од локална аптека. Но, Финска и Естонија отидоа чекор понапред. Имено, финските пациенти можат да одат во аптека во Естонија и да си го земат лекот со е-рецепта. Европската комисија неодамна се пофали дека оваа иницијатива се однесува на сите е-рецепти издадени во Финска и на аптеките во Естонија што…
ВРВНИ КАНАДСКИ МЕНТОРИ ГИ ЗАЈАКНУВААТ КАПАЦИТЕТИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЖЕНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА Скопје, 31.01.2019 година – Со поздравно обраќање на Н.Е. Кати Чаба – Амбасадор на Канада во Србија, Македонија и Црна Гора се отвори панел-дискусијата „Жени-претприемачи и канадски експерти: Менторство, развој и одржливост“, во организација на Македонија2025, која се одржа денeска во DoubleTree Hilton – Скопје. На настанот присутните имаа можност да дискутираат за најдобрите практики поврзани со женското претприемништво во Канада и Македонија, најголемите предизвици со кои се соочуваат македонските жени-претприемачи, но и за нивната соработка со консултантите од Канадската организација за извршни услуги CESO SACO. „Драго ни е што соработуваме…
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи еден час по полноќ на автопатот Е79 во близина на бугарскиот град Кресна. Во сообраќајната несреќа повредено е 26-годишно лице од Валандово и 46-годишен државјанин на Ерменија, јави БГНЕС. Со возило на итната помош тие биле пренесени во болница. Македонецот имал повреди на колкот, а Ерменецот на главата и колкот, јави бугарската новинска агенција.
Владата на Бугарија го одобри нацрт Протоколот на Северноатланската спогодба за пристапување на Македонија во НАТО. Со истата одлука, Советот на министри го овласти привремениот администратор на Постојаната делегација во НАТО да го потпише протоколот за пристапување, информираат бугарските медиуми. Откако амбасадорите на сите земји членки на НАТО ќе го потпишат протоколот, ќе следи усвојување на документот во националните парламенти на државите. Се очекува Грција да биде прва земја што ќе го ратификува. Процесот на ратификација на протоклот ќе се води забрзано. Македонија би можела да стане членка на НАТО веќе на Самитот во јули.
На 13-та годишна средба во Софија на која што присуствуваа претставници на Владата на Бугарија предводени од премиерот Бојко Борисов и претставници на Европската комисија на чело со потпретседателот на ЕК и еврокомесар за еврото и социјален дијалог, Валдис Домбровскис, меѓу другото, беше разговарано за замена на бугарските левови и воведување на еврото како основна валута во Бугарија, пишува порталот Банкарство.мк. “Воведувањето на еврото е важно за малите и отворени економии, каква што е бугарската, кои зависат од извозот”, изјави Домбровскис. Toj нагласи дека во изминативе 20 години ниту една друга валута не е толку силна, стабилна и поволна за користење, како што…
Кочанските вработени во паркинг службата не знаат да ја извадат канџата Извор: motika.com.mk https://m.youtube.com/watch?v=vnLgNei1SaE
