Author: Media Point

Соња Николовска е раководителка на лабораторијата во Рудник САСА Колкав временски период работите во рудникот Саса и во што се состојат вашите работни задачи? Колку членови брои вашиот тим?   – Во лабораторијата на Рудник Саса сум од 2008-ма година. Почнав како лаборант и постепено напредував до позицијата на која сум денес. Лабораторијата на Рудник Саса се состои од две засебни лаборатории кои формираат една функционална целина. Тоа се: лабораторијата за хемиска анализа и лабораторијата за рендгенска спектрометрија. Главната работна задача на раководителот на лабораторијата е управување и координирање на сите операции, односно давање напатствија и организирање на работата, за…

ПОВЕЌЕ ...

Брзата помош во Македонска Каменица има еден тим помалку од потребното. Фалат и лекари и друг медицински персонал. Ова денеска како акутен проблем му беше посочен на државниот секретар за здравство Владимир Милошев, од кого беше побарано итна интервенција и решавање на проблемот: „Од предвидените четири тимови има активни три, а недостасува доктор, исто така недостасува и помошен персонал којшто мининстерството за здравство е подготвено да даде согласност за вработување“ изјави Владимир Милошев, државен секретар за здравство Иако во моментов, специјалистичкиот кадар во Делчевскиот Здравствен дом не е алармантен проблем, тоа може да биде за  година или две година ,…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 07.03.2019 година – Денес, во Домот на култура, со пригодна културно уметничка програма, во која учествуваа учениците од ООУ “Св.Кирил к Методиј” од Македонска Каменица се одбележа Меѓународниот ден на жената 8-ми Март. Многубројните рецитали, тематски кореографии во чест на утрешниот празник, музички и уметнички точки, учениците од скоро сите одделенија заедно со своите наставници – ментори се претставија пред многубројните родители и врсници присутни во публиката од големата сала во Домот на култура. Настанот традиционално се одржува децении наназад, во организација на наставничкиот колегиум при ООУ “Св.Кирил и Методиј” и поголем број на талентирани ученици од училиштето.…

ПОВЕЌЕ ...

Денес, во спортската сала на ООУ “Св.Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, се одржа првиот турнир од Регионалната женска Футсал лига за Основни училишта – Исток. На атпреварите на кои се одиграа во фер и коректна спортска атмосфера, беа постигнати следниве резултати: Кочо Рацин(Кратово) – Ј.Х.К.Џинот (Велес) 2:1; Кирил и Методиј (М.Каменица) – Видое Подгорец (Колешино) 2:0 ; Кирил и Методиј (М.Каменица) – Кочо Рацин(Кратово) 5:0 ; По денес одиграните натпревари, пласманот на екипите на Табелата е следен: 1. Кирил и Методиј (М.Каменица) 4 бода 2. Кочо Рацин(Кратово) 2 3. Видое Подгорец (Колешино) 0 4. Ј.Х.К.Џинот (Велес) 0

ПОВЕЌЕ ...

Наместо подароци , Кочани за 8-ми Март ќе додели парична помош за социјално загрозена жена. Иницијативата потекна од Комисијата за еднакви можности, која донесе ваков заклучок на седницата одржана во февруари, при определувањето соодветни активности за одбележување на Меѓународниот ден на жената. Кој ќе ја добие помошта и колкава ќе биде висината на истата , ќе утврдат ангажираните лица во проектот Домашна посета. Сепак, парите до избраната нема да стигнат за празникот, туку дури после изборите, заради запазување на законската регулатива:

ПОВЕЌЕ ...

Манчестер јунајтед успеа да го направи тоа во што никој не веруваше, откако триумфираше со 3:1 на „Паркот на принцовите“, пласирајќи се во четврт-финалето на Лигата на шампионите, и придонесувајќи за уште една „ЛШ трагедија“ за Пари Сен-Жермен. Во Португалија пак, Порто успеа да ја надополни предноста од 2:1 на Рома од првиот меч, со идентична победа, по која на „Драгао“ ќе се играат продолженија. Човек на одлука во Париз беше Маркус Рашфорд, кој постигна гол од пенал во 92. минута од мечот, но архитектот на триумфот е Ромелу Лукаку, откако белгискиот напаѓач двапати казни грешки на одбраната на ПСЖ…

ПОВЕЌЕ ...

Дуќанџиите сторнирале над 140.000 сметки во вкупен износ од над една милијарда денари. меѓу градовите каде се откриени голем број вакви сметки се и Штип, Кочани, Пробиштип, Берово, Делчево и Виница.  УЈП се сомнева дека во прашање не се грешки туку обид за манипулации и најавува засилени контроли.

ПОВЕЌЕ ...

Второлигашите од Истокот се подготвени за почетокот на пролетната полусезона од Втората лига Исток. На 9-ти март се игра 15-тото коло, во кое Каменица САСА ќе стартува со натпреварот против Кит-Го. Каменичани се наоѓаат на последната позиција на табелата со само 7 бодови. Кит-Го Пехчево е во многу подобра позиција на табелата.  Имаат четврто место со два бода предност пред штипјани. Нивната полусезона беше во знакот на ремијата, кои сериозно се одразија на пласманот. Сепак, нивното гостување во Македонска Каменица нема да биде воопшто лесно, ако занеме дека екипата на Каменица Саса е засилена на повеќе позиции. Од друга страна,…

ПОВЕЌЕ ...

,, НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА РЕШЕНИЕ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ПАРК ВО ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА,, ЈП Камена река М.Каменица распишува ,, НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРО РЕШЕНИЕ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ПАРК ВО ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА,, и ги поканува сите заинтересирани граѓани пред се младите да земат учество на истиот. Конкурсот за избор на најдобро решение за уредување на парк се однесува на т.н. ,,Титов парк,,. Со површина од 4326 м2 кој се наоѓа на К.П.4230 во општина Македонска Каменица (прилог слики). Предлог решенијата за уредување на паркот треба да се во склад со намената и целта на паркот, односно…

ПОВЕЌЕ ...