Author: Media Point

СОУ „Миле Јаневски Џингар“ доби фотоволтаични системи, дел од Програмата за подобрување на инфраструктурата во руралните средини, поддржана од ИПА компонентата на ЕУ. Во наредниот период фотоволтаични  системи ќе бидат поставени и на  ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и ЈОУДГ „Бамби“, како објекти кои влегоа во Програмата за подобрување на инфраструктурата во руралните средини. Со инсталирањето на фотонапонските системи ќе се направат значајни заштеди за струја кај овие јавни објекти, со што ќе се намалат трошоците, а истовремено ќе се зголеми и искористеноста на обновливите извори на енергија. Средствата ги доделува Министерството за финансии, преку Проектот за подобрување на општински…

ПОВЕЌЕ ...

ФФМ ги објави резултатите од 10.Коло во Детската лига – Источен регион кое се играше на 09/10.03.2019 год ( сабота/недела) во пролетниот дел од сезоната 2018/2019год. ГЕНЕРАЦИЈА 2006/2007 1 Фудбал Старс-Брегалница Сен. ОДЛОЖЕНА 2 Слога 1934-Зрновка (Нема резултат) 3 Русиново-Каменица Саса (7 : 2) 4 Рудар Јуниор-Кит-Го (3 : 1) 5 Младост-Тошев-Малеш (3 : 0) Службена ГЕНЕРАЦИЈА 2008/2009 1 Фудбал Старс-Брегалница Сен. ОДЛОЖЕНА 2 Слога 1934-Кочани (Нема резултат) 3 Русиново-Каменица Саса (1 : 0) 4 Рудар Јуниор-Кит-Го (2 : 2) 5 Младост-Тошев-Малеш (3 : 0) Службена ГЕНЕРАЦИЈА 2010/2011 1 Слога 1934-Кочани (Нема резултат) (Резулатите од Виница сеуште не се соопштени)

ПОВЕЌЕ ...

Пожарот кој денес околу 13 часот го зафати атарот над село Тработивиште се уште е активен. Левата страна од патот Делчево Пехчево над селото Тработивиште е моменталното место каде беснее пожарот. Во моментот во гаснењето учествуваат екипи на ТППЕ Делчево и мештаните. Пожарникарите за дотур на вода ги користат блсиките вили кои се во опасност од огнената стихија која се повеќе се приближува до нив. Ситуацијата е алармантна и потребна е помош за побргу да се локализира огнената стихија.

ПОВЕЌЕ ...

Во 14 коло на Првата Женска фудбалска лига, екипата на ЖФК Каменица-Саса со високи 8:0 ја победи ЖФК Плачковица. Одличен натпревар денес одиграа каменичките девојки, во кој три пати во листата на стрелци се запишаа Ана Димитровска и Мила Талевска, додека Вероника Николовска и Сара Хусеин постигнаа по еден погодок. Ова е уште еден доказ дека женскиот фудбал во Македонска Каменица силно се развива, особено по формирањето на првиот Женски фудбалски клуб Каменица САСА на чело со Зоран Златковски, активен фудбалер во редовите на машкиот Фудбалски клуб Каменица САСА.

ПОВЕЌЕ ...

Нов успех на нашата млада гимнастичарка Елвира Јангеловска. Таа победи на вториот гимнатичарски турнир кој денес се одржа во Благоевград, Република Бугарија. Елвира Јангеловска во изминатиот период освои повеќе златни и сребрени медали на неколку европски и балкански првенства. Таа е ученичка во основното училиште “Св.Кирил и Методиј” во Македонска Каменица. За своите настапи, младата каменичанка, се подготвува под водство на својата наставничка и спортски работник, Мира Гошевска.

ПОВЕЌЕ ...

Онака како што го заврши есенскиот дел од сезоната, екипата на велешки Борец доминантно го почна и пролетниот во Втората лига – Исток. Во 15. коло од првенството Борец славеше убедливо со 3-0 против Плачковица. Велешани поведоа со голот на Марко Ѓорѓиевски во 8. минута, на 2-0 зголеми Ѓорѓи Ѓорѓиев во 57. минута а конечните 3-0 ги постави Марко Ѓорѓиевски со својот втор гол во 82. минута. Кит Го загуби на гостувањето во Македонска каменица од Саса со 1-0. Стрелец на победничкиот гол за домашните беше Кристијан Додевски уште во 14. минута од натпреварот. Фудбалерите на Кит Го потоа доминираа…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 09.03.2019 година – Пред преполни трибини на градскиот стадион во Македонска Каменица, екипата на Саса успеа да слави со 1:0 против фаворизираниот ФК Кит Го од Пехчево. Домаќините дојдоа до посакуваното водство уште во 12 минута од натпреварот со голот на левиот бек, Христијан Додевски. Играта течеше со рамномерна игра на двете страни од теренот. Шанси имаа и домаќините и гостите. За напоменување е шансата на повратникот во редовите на Саса, Ангел Атанасовски кој во 70 минута, се најде “еден на еден” со гостинскиот голман, но не успеа да ја реализира создадената шанса. Последните 20 минути, буквално се…

ПОВЕЌЕ ...

Штипјанец вчера возел во спротивен правец на  новиот автопат Штип – Миладиновци.  Освен што се појави снимка на социјалните мрежи,  дека станува збор за возач од Штип  ни потврдија и други возачи кои на овој автопат  патувале во исто време. Иако постојано  од останатите бил  предупредуван дека не е на вистинското  место за возење, штипјанецот  не се ни обидел  големата грешка да ја исправи .  Решение  нашол во вклучување на четирите трепкачи.

ПОВЕЌЕ ...

Како што беше најавено пред неколку дена, Песната „Горда“ (Проуд), која нашата претставничка Тамара Тодевска ќе ја пее на годинашното издание на Евровизија во Тел Авив во Израел,  беше промовирана во  19:30 часот во централниот дневик на Националната Радио Телевизија. Музиката е авторско дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот го напишаа Коста Петров и Сања Поповска.

ПОВЕЌЕ ...

Денес, на дел од социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа како автобус на „Берово Транс“ завршил надвор од коловозниот дел на патот Кочани – Штип. Дали навистина автобусот е на Берово Транс, како и веродостојноста на фотографијата, е нешто кое дополнително треба да се утврди и потврди од надлежните ограни? На фотографијата се забележува дека автобусот преминал на спротивната лента, по што целосно излетал од патот. Среќна околност во случајот, е што немало возила кои се движеле од спротивен правец во моментот кога автобусот преминал на другата лента. Се уште нема официјална информација за настанот од МВР,…

ПОВЕЌЕ ...