Author: Media Point

Нови вработувања на 44 млади лица во Рудник САСА Македонска Каменица, 11.03.2019 – Од почетокот на овој месец, рудникот за олово и цинк САСА вработи нови 44 лица. Пред да стапат на работните места, за сите нови членови на тимот е организирана соодветна обука за да се осигура дека тие безбедно ќе ги извршуваат работните задачи. Согласно процедурите за работа што важат во целокупниот рударски комплекс, во почетниот период, сите нововработени ќе бидат под засилен мониторинг и придружба од искусни вработени, за да можат да го достигнат неопходното ниво на работни вештини. „Среќни сме што го зајакнуваме нашиот тим со…

ПОВЕЌЕ ...

Театарска претстава хит комедија “УМРИ Машки” на авторот Алдо Николај, во режија на Томе Атанасов, при театарот Мирка Гинова од Демир Капија гостува во Домот на култура во Македонска Каменица. Претставата на сцената од големата сала во Домот на Култура ќе се одржи на 14.Март.2019 година, со почеток во 19.30 часот Билетите можат да се купат по цена од 70 денари, во просториите на Дом на култура во Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

JAZZ FORTNIGHT FESTIVAL 2019 Инспирирани од одличните музички изданија и топлиот прием од публиката Jazz Firtnight Festival 2019 реши да ја прошири приказната во повеќе градови. Во промовирањето на најдоброто од домашната џез сцена, овој пат со поголем предизвик; ќе бидат одржани настапи и многу концерти на различни локации низ Македонија! Огромна е радоста што нашиот град, односно Домот на култура се најде на мапата, каде што ќе се одржи еден од концертите на Симон Киселички на 21.Март. 2019 година. ЦЕЛОСНА ПРОГРАМА ОД КОНЦЕРТИТЕ: 20 март | Дом на млади Штип | Сашо Поповски Трио и Зулу 3.4 21 март…

ПОВЕЌЕ ...

На скопската Клиника за гинекологија и акушерство во изминатиот месец се родило најголемото бебе во државата. Здравото машко бебе е тешко 5.700 грама и долго 55 сантиметри. Бебето се родило по природен пат. Просечната тежина на бебињата при породување е меѓу 3.000 и 4.000 грама.

ПОВЕЌЕ ...

Денот го почнувам мирно и тивко и преферирам првото утринско кафе да го пијам сама, за да можам да си го организиран денот во мисливе. Работа на брод има малку поразлично темпо на живот, секој ден ми започнува во некој друг град, со тоа доаѓаат и различни обврски. Ме мотивираат многу работи, но еве ќе одвојам една од нив. Ме мотивираат препреките во животот. Дневните планови и обврски ми се да ја организирам работата на моето работно место. Најпрво почнувам со потешките задачи и останатите приоритети во текот на денот. Веќе речиси осум години работам на брод, само што сега…

ПОВЕЌЕ ...

По речиси 24 часа, заврши акцијата за гаснење на пожарот којшто вчера избувна кај селата Тработивиште и Истевник. Според информациите на Центарот за управување со кризи, пожарот е локализиран утринава во 9:30 часот. -Гаснењето на пожарот, кој што избувнал во атарот на селата Истевник и Тработивиште, Територијалната противпожарна единица го започна вчера околу 11:35 часот со тоа што акцијата поради ветрот се одвиваше под отежнати услови. Утринава во 9:30 добивме дојава дека пожарот е локализиран, велат од ЦУК. Освен во Делчево, пожар беснееше и во пехчевскиот регион. Таму од огнена стихија беа зафатени месностите Равноборје и Мускови чешми. Во гаснењето…

ПОВЕЌЕ ...

Македонскиот првак ја игра својата шестта сезона во Лигата на шампионите во низа. Во јуни 2017 година на Македонија и ја донесе најголемата радост со триумф во елитното натпреварување. Ѕвездениот тим кој го донесе Вардар на врвот на Европа полека заминува од Скопје, а од оние кои останаа Игор Карачиќ и Стојанче Стоилов важеа за икони на „црвено-црната“ армија навивачи.Хрватскиот репрезентативен бек ја чекаше понудата од македонскиот шампион, во изминативе неколку месеци дури одби примамлива понуда од Франција, но понуда каква што заслужува од македонскиот првак не доби. Затоа Карачиќ од јули ќе се пресели во Полска, во редовите на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонскиот првак ја игра својата шестта сезона во Лигата на шампионите во низа. Во јуни 2017 година на Македонија и ја донесе најголемата радост со триумф во елитното натпреварување. Ѕвездениот тим кој го донесе Вардар на врвот на Европа полека заминува од Скопје, а од оние кои останаа Игор Карачиќ и Стојанче Стоилов важеа за икони на „црвено-црната“ армија навивачи. Хрватскиот репрезентативен бек ја чекаше понудата од македонскиот шампион, во изминативе неколку месеци дури одби примамлива понуда од Франција, но понуда каква што заслужува од македонскиот првак не доби. Затоа Карачиќ од јули ќе се пресели во Полска, во редовите…

ПОВЕЌЕ ...

Откако на 11 март 1943, заедно со скопските и битолските Евреи, биле затворени во скопскиот монопол, со штипските Евреи таму некако успеал да стапи во контакт претставник на Месниот комитет на Комунистичката партија и преку Пепо Леви, штипски Евреин и докажан антифашист, кој исто така бил во логорот во монополот, побарал тие што имаат скриено или закопано семејни заштеди во своите куќи во Штип да кажат каде се сокриени за да се искористат во борбата за слобода, што повеќемина Евреи тоа и го прифатиле, напоменувајќи дека скриеното богатство го даваат за народноослободителното движење, како и за народна помош Пишува: Љупчо…

ПОВЕЌЕ ...

На 14 март истекува рокот за увид во Избирачкиот список и пријавувањето за гласање на дисјаспората. На овој датум завршува и поднесувањето на барањата на граѓаните за запишување, дополнување или бришење податоци во Изборачкиот список. Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведува во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, во време од 08:30 до 19:00 часот, вклучувајќи ги и деновите од викенд и празници. На 14 март 2019 годинајавниот увид ќе трае до 24:00 часот. Избирачкиот список се става на јавен увид со состојба на податоци на граѓани со наполнети 18 години живот со важечка лична карта или пасош на денот…

ПОВЕЌЕ ...