Author: Media Point
Македонска Каменица – Минатиот викенд младинските категории на ФК Каменица САСА одиграа неколку натпревари на домашен терен. Ова се резултатите од истите, објавени на официјалната страна на ФК Каменица Саса. Регионална Помлада Пионерска Лига – Исток ФК Каменица Саса – ФК Плачковица 2:0 (1:0) Мартин Пауновски 15′ Филип Николовски 70′ Регионална Пионерска Лига – Исток ФК Каменица Саса – ФК Плачковица 1:0 (1:0) Филип Гоцевски 20′
Македонска Каменица – Денес, во рамки на 17.Коло од Првата македонска кошаркарска лига во женска конкуренција, во спортската сала во Македонска Каменица се одигра натпреварот помеѓу ЖКК Баскет Кам и ЖКК Пелистер од Битола. Можеме слободно да кажеме дека денешниот натпревар беше со извесен резултат, бидејќи каменичанки на претходниот натпревар кој се одигра во рамки на есенскиот дел од првенството во Битола славеа со +9 разлика. Постојаната двоцифрена предност во текот на целот натпревар, каменичанки на крај успеаа да ја крунисаат во сопствена корист со 60:45. Иако најефикасни на теренот од редовите на ЖКК Баскет Кам беа Сара Спировска…
На 17.03.2019 околу 04.30 часот на место викано „Трската“ во Берово, патничко возило „Сеат леон“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(27) од село Умлена, пехчевско, изгубило контрола и излетало од патот. Притоа со повреди се здобиле возачот и четворицата сопатници М.Т.(27), М.Т.(27), М.П.(32), тројцата од село Смојмирово и П.П.(23) од Пехчево. Сите биле пренесени во Здравствен дом Берово каде им била укажана лекарска помош, по што П.П. и М.Т. биле пренесени во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово.
Македонска Каменица – Од овој месец, официјално во нашиот град започна да функционира спортскиот џудо клуб “Рудар”. Клубот е под менторство на Драган Шекероски, тренер со долгогодишно натпреварувачко и тренерско искуство, лиценциран џудо-тренер и носител на црн појас-III дан. Секој вторник и четврток, во новата спортска сала во Македонска Каменица, заинтересираните идни млади спортисти и ентузијасти, од 18:30 до 20.00 часот, ќе можат да се запознаат со убавините на овој олимписки спорт. Во овој момент можеме да го најавиме првото учество на еден наш сограѓанин на државно џудо првенство, кое утре се одржува во Кавадарци. Станува збор за младиот и…
https://m.youtube.com/watch?v=By4lq2DAt18#menu Од 58 венчани невести минатата 2018 г. во денешниот традиционален винички обичај за празникот Тодорова сабота се приклучија 17, продолжувајќи ја старата традиција за поклонување пред свекрвите и кршење погачи за здравје во домот. Статистиката на храмот “Св.Архангел“ , минатата 2018 г. во својата евиденција има запишано 58 склучени бракови, што е за 10 повеќе од 2017г. Лани се крстени 124 деца, наспроти 119 претходната година, но од нив дури 34 ниту се родени ниту ќе живеат во Виница.
Северина на фотографијата ги покажа совршените нозе и деколте , што на нејзините фанови им го разубави денот. Фотографијата е сликана како дел од нејзината кампања за новиот албум. Инаку Северина следниот месец ќе го прослави 47 роденден , но според изгледот не личи на средовечна жена.
Македонска Каменица,15.03.2019 година – Здружението „Надеж – Норе“ од Македонска Каменица, заедно со здружението „ИНИ“ од Виница, денес во Македонска Каменица одржаа завршна конференција со која беше објавен завршниот дел од проектот: „Силни месни заедници за силна локална демократија“. Главна цел на овој проект е „да се подигнат капацитетите на месните заедници“ во општините Македонска Каменица и Виница. Координаторот на проектот „Силни месни заедници за силна локална демократија“, Марија Ситновска од здружението „Надеж – Норе“ изјави дека проектот го спроведуваат од 01.20.2018 година до 31.03.2019 година, со цел подигнување на капацитетите на месните заедници во општините Македонска Каменица и Виница.…
На барање на Владата, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка. Во рамките на оваа програма се реализира проектот „Проектирање и изведба на фотоволтаични системи во рурални општини“. Преку реализацијата на овој проект, финансирана со средствата од Европската унија, ќе бидат поставени фотоволтаични системи во 36 општини на вкупно 108 објекта со што ќе се допринесе за заштеда на електрична енергија во јавните објекти преку…
Македонска Каменица, 14.03.2019 година – Екипата на ФК Каменица САСА најавува богат фудбалски викенд. Каменичките млади фудбалери ќе одиграат редица натпревари против своите врсници, според следниов редослед: Сабота: ФК Каменица Саса – ФК Плачковица (помлади пионери) 13:30 часот ФК Каменица Саса – ФК Плачковица (пионери) 15:30 часот Натпреварите од детската лига ќе се играат во Недела со почеток од 10:00 часот.
Палеонтолошкиот локалитет Стамер не е обележан и никаде не е назначена неговата важност. Тој е загрозен и од геолошките истражувања за резерви на јаглен. Целиот документарец „Невидливо геолошко наследство“ гледајте го ТУКА.
