Author: Media Point

Кочани, 20.02.2019 година – Нема да има пари за кочанските советници, доколку отсуствуваат од седниците, донесе одлука Советот на денешната седница. Според, одлуката, едно отсуство од седница, секој советник ќе го чини 30 % од советничкиот паушал. Отсуството од втора седница, автоматски ќе значи дека на неодговорниот советник, нема да му се исплати ниту денар месечен паушал. Од друга страна, доколку советот во еден месец не одржи ниту една седница, тоа значи дека советниците воопшто нема да добијат паушал. Досега на кочанските советници по основ советнички паушал месечно им се исплаќаше по 14.000 денари по советник или околу 270.000 денари…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 20.02.2019 година – Во тек се последните подготовки за престижниот кошаркарски квалификациски турнир Basket4Kids, кој во организација на SportKlub TV оваа сабота ќе се одржи во спортската сала во Македонска Каменица. Во рамки на турнирот, како што информираа од екипата на Баскет Кам, ќе се одиграат кошаркарски натпревари помеѓу деца на возраст до 12 години.   -Ова е значаен ден за најмладите кошаркари од нашиот град. Исто така спортскиот настан е значаен и интересен настан за љубителите на кошарката од Македонска Каменица и регионот. Ние како кошаркарска екипа ќе бидеме домаќини на овој кошаркарски турнир кој веќе неколку години се…

ПОВЕЌЕ ...

Девојче од Скопје силувано од нејзиниот биолошки татко. Како што стои во билтенот на МВР, вчера  околу 15,00 часот во полициска станица во Скопје е пријавено дека малолетно девојче е физички и полово нападнато, според пријавеното, од нејзиниот биолошки татко. За настанот е известен Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот. Девојчето е згрижено во соодветна установа и му е пружена медицинска и психолошка поддршка.

ПОВЕЌЕ ...

Со предлог-законот за енергетска ефикасност што ќе биде усвоен во Владата во текот на наредниот месец и пратен до Собранието, го заокружуваме пакетот на реформи во енергетскиот сектор и потполно сме убедени дека за многу кратко време ќе го завршиме поглавјето 15 за енергетиката по отворањето на преговорите со Европската унија, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. – Веќе ја подготвивме финалната драфт-верзија на предлог-законот за енергетска ефикасност што произлегува од обврските што ги имаме кон Енергетската заедница и очекуваме јавните расправи како денешната да придонесат за подобрување на ова законски решение. Во расправите ќе ги вклучиме сите засегнати…

ПОВЕЌЕ ...

Студенти предлагаат урбанистичко ребрендирање на Кочани Педесетина студенти од Архитектонскиот факултет претставија 11 идеи за урбанистичко уредување на Кочани: изградба на електрана што ќе ги користи нус производите од преработката на оризот за добивање електрична енергија за јавен транспорт, пренамена на фабриката „Атом“, разубавување на двата брега на реката, нови типски населби… За Дивна Пенчиќ, нивната професорка од Архитектонскиот факултет, ваквиот начин на визионерско и стратегиско планирање е многу подобар за идното уредување на градот одошто цртање апстрактни линии. Студентските идеи ги слушнаа и поздравија општинските архитекти. Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии. https://m.youtube.com/watch?v=195H4p9Lf1U#menu

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 19.02.2019 година – Во текот на изминатите два дена вработените на Ј.П. Камена Река активно работеа на отпушување на една од главните канализациони шахти во Македонска Каменица. Запушената шахта е дел од канализацијата во колективните станбени згради во централното градско подрачје. ЈП Камена Река ги замолува несовесните граѓани на општина Македонска Каменица да престанат со фрлање на тврди предмети, отпад, “влошки” и “влажни марамчиња”, со што би се избегнале проблеми со канализационата мрежа во иднина! Напоменуваат дека канализациониот систем во секоја градска средина е многу важен дел од секојдневниот живот на граѓаните и претставува показател за урбаниот развој…

ПОВЕЌЕ ...

Ново зголемување на платите во Рудник САСА Македонска Каменица, 19.02.2019 – Менаџерскиот тим на рудникот за олово и цинк САСА донесе одлука за ново зголемување на месечните примања на сите вработени за пет проценти, почнувајќи од 1. јануари оваа година. Со ова најново зголемување, платите во рудникот САСА ќе бидат и до 30% повисоки од просечните плати во рударската индустрија во земјава. Зголемувањето на платите на сите вработени во рудникот САСА започна во април минатата година, кога раководството на компанијата ја објави динамиката по која ќе се одвива овој процес. „Со најновата одлука за покачување на платите на сите вработени…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 18.02.2019 година – Во организација на КИЦ „Романса“, ЈОУДГ „Бамби“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Домот на култура во Македонска Каменица, моментално се одржува тератарската претстава за деца „Итриот и завидливиот“. Театарската претстава е наменета за деца претшколска возраст при ЈОУДГ „Бамби“ во Македонска Каменица и за учениците до петто одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Истата ќе биде изведена во два термини. Првата изведба за помалата група е со почеток од 09:30 часот и е во тек, додека повозрасните ќе ја почекаат следната претстава од 11:00 часот во Домот на култура во Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Почнувајќи од полноќ па се до следните две недели, возачите ќе точат горива по нови цени. По последната одлука на регулаторната комисија стана јасно дека поскапуваат само бензините , додека дизелот останува со иста цена. Тоа значи дека Еуросупер БС-95 бележи раст на цената од пола денар и ќе се точи по 62,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 поскапува за еден денар и возачите со ова гориво ќе полнат резервоари за  64,50 денари. 60 денари по литар е цената на дизелот кој не претрпе промени.

ПОВЕЌЕ ...

По пауза од шест месеци во тимот на ФК Каменица Саса се враќа и нашиот Ангел Атанасовски – Бата. Оваа полусезона кормиларот на зелено-црните Томе Петров има големи очекувања од Атанасовски, а навивачите на ФК Каменица Саса силно веруваат во желбата на Ангел со сето свое фудбалско искуство и знаење да му помогне на тимот во борбата за опстанок.  

ПОВЕЌЕ ...