Author: Media Point

Жителите на село Саса се евакуираат пред огнената стихија. Македонска Каменица се мобилизира со сите расположливи сретства за гаснење на оваа непогода која ги зафати домовите на жителите од маало Аџии и Траканица. Побарана е помош од сите Центри и Координативни тела за управување на кризи на регионално и национално ниво. Екипите се на терен и во текот на ноќта. Страшниот пожар во село Саса не престанува. Според информации од терен се евакуираат луѓето кои живеат во близина на маалата Траканица и Аџиите. Ангажирани се голем број на човечки и технички ресурси како од Македонска Каменица така и соседните градови.…

ПОВЕЌЕ ...

Поради појавата на шумски пожари а врз основа на член 57 став (3)  од Законот за шумите  („Сл.весник на РМ“ бр.64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15 ,44/15, 147/15, 7/16, и 39/16) се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот. Забраната започнува да важи од 29.03.2019 година и ќе трае се до нејзино отповикување.Оваа забрана  не важи за вработените во ЈП “Национални шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми,  шуми со специјална намена споменици на природата и сл).За непочитување на оваа забрана на физички…

ПОВЕЌЕ ...

Пожарот кој беснее на отворен простор во село Саса, се уште е надвор од контрола. Поради силниот и постојан ветар, постои можност истиот да се прошири во атарот на маало Траканица и Аџиите. Екипите на ТППЕ од Македонска Каменица и регионот, екипи на „Национални шуми“ и Шумска полиција, кои од рано изутрина се на терен јавуваат дека човечкиот фактор  вклучен во гаснењето на пожарот не е доволен и потребна е итна интервенција од авионско гаснење. Координативниот штаб за справување со кризи исто така е на терен од каде очекуваме нови информации кои веднаш ќе бидат објавени.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 28.03.2019 година – Во текот на доцните попладневни часови, на просторот над село Саса (Јуручки гробишта и Трканица) во општина Македонска Каменица е забележана појава на силен пожар кој и во моментов е активен со несмален интензитет. Во моментот гори нискостеблеста борова шума од бор и папрат, но постои опасност од проширување на огнот кон поголема површина борова шума. Од ТППЕ изјавуваат дека ја следат состојбата на терен, кој е исклучително тежок и непристапен за делување во ноќни часови, но немаат прецизна процена на опожарениот простор зафатен од силниот пожар кој не престанува да беснее во текот на…

ПОВЕЌЕ ...

Програмата Summer Camp – Летен Камп, 2019 е креирана од страна на КУД„Гоце Делчев“ Делчево – Македонија, во партнерство со ФАНПТ„А.Мачев“ Бургас – Бугарија. Програмата на Summer Camp, 2019 е конкурентска и достапна на сите младинци/ки од регионот. Се работи за еднонеделен камп за лидерство (месец јули 2019) кој има за цел да го развие внатрешниот потенцијал на младинци/ки за култура со тоа што ќе им овозможи да стекнат знаење и вештини за да станат активни лидери во нивните заедници. Во кампот се вклучени активности за уметничко изразување, волонтирање, животни определби, здравје, граѓанско општество и јакнење на свеста за пороците…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 28.03.2019 година – Во текот на претстојниот викенд (сабота 30.03.2019г.) со почеток од 09:00 часот, од страна на општина Македонска Каменица и ЈП Камена Река се организира голема еколошка акција за читење на сметот од повеќе јавни површини, насловена како „Пролетно чистење“. Еколошката акција е организирана во рамки на Програмата за заштита на животната средина на општина Македонска Каменица. Истата ќе биде изведена во соработка со ЈП Камена Река како породолжение на веќе започаната кампања на претпријатието, наречена “Пролетно чистење”. Кон еколошката акција, повикани да учествуваат се сите заинтересирани граѓани од најразлична возраст, граѓанскиот сектор,  Еко-здруженијата, сите…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 27.03.2019 година – Општина Македонска Каменица во склад со одлуките на Вонрениот состанок на координативниот штаб за управување со кризи и како резултат на големиот број на пожари на отворен простор од почетокот на годината, започна со одржување на трибини по селските средини на тема “Превенција и заштита од пожар на отворен простор”. Соопштението од општина Македонска Каменица, поврзано со преземените активности од нивна страна ви го пренесуваме во целост: Како резултат на големиот број на пожари на отворен простор од почетокот на годината, а во согласност со Годишната програма за работа на Координативниот штаб за управување со…

ПОВЕЌЕ ...

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура, особено во северните делови. Утринската темпереатура ќе се движи од нула до седум степени, а дневната температура од 10 до 18 степени. Во Македонска Каменица променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до шест, а дневната температура до 15 степени. Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

ПОВЕЌЕ ...

Денес, Ви пренесуваме една убава спортска вест поврзана со Женскиот фудбалски клуб Каменица Саса од Македонска Каменица. Како што беше објавено на официјалниот фејсбук профил на ЖФК Каменица Саса, Вероника Николовска и Дајана Ристовска се повикани да бидат дел од натпреварите на кадетската U17 Репрезентација на Македонија. Наведено е дека  кадетската репрезентација на Македонија ќе учествува на UEFA развоен турнир, кој од 26 март до 2 април кој ќе се одржи во Скопје. На развојниот турнир покрај Македонија, ќе учествуваат и U17 репрезентациите на Норвешка, Азербејџан и Луксембург. Ние им посакуваме многу успех на овој меѓународен турнир, како и во…

ПОВЕЌЕ ...

Запален автомобил го блокираше патот Облешево – Кочани Запален автомобил го блокираше патот Облешево – Кочани. Возилото се запалило во движење и вистинска среќа е што нема серизоно повредени во инцидентот. Патниците успеале  веднаш да го напуштат и да се оддалечат од огнот, а брзата интервенција на пожарникариуте спречи поголем проблем, на еден од најфреквентните патишта на истокот. Засега нема сознанија за тоа што е причина за палењето на возилото, но веројатно с еработи за спој на инсталацијата.

ПОВЕЌЕ ...