Author: Media Point

Македонска Каменица, 08.04.2018 година – Во склад со Програмата за работа за 2019 година на општина Македонска Каменица, продолжуваат градежните активности поврзани со уредувањето на кејот на Каменичка Река. Интензивно се работи на Регулација на речното корито, уредување на каскаден праг и доизградба на мрежата од фекална канализација, со што ќе се овозможи понатамошно доуредување на овој простор. Исто така, во изминативе денови одд страна на ЈП Камена Река е извршено повторно поврзување на прекинатата мрежа од главниот колектор на западната страна од градот. Во изминатиот период од страна на ЈП Камена Река, исто така беше спроведен Јавен конкурс за…

ПОВЕЌЕ ...

Билјана Беличанец, пронајдена обесена во бања во стан во Скопје – дознава 1Тв од извори во МВР. Од МВР ја потврдуваат веста, но се уште не соопштуваат никакви детали. Како што дознаваме, околу час и половина пред полноќ, било пријавено во полициската станица Центар дека е пронајдено безживотното тело на актерката и поранешна градоначалничка на општина Кисела Вода. Според нашите извори, од првичниот увид нема знаци на насилство. Од МВР најавуваат повеќе информации за утрешниот ден. Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017. Таа глумеше во повеќе ТВ-проекти како “Здраво генијалци“ и натсихронизираше гласови во…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 06.04.2019 година – Во Македонска Каменица денес, се одржа 56-от Државен натпревар на млади техничари и природници од Република Македонија во организација на Сојузот на здруженијата на техничка култура на Македонија – Народна техника и Сојузот на клубови на млади истражувачи и природници на Македонија и Народна техника Берово. На натпреварот кој се одржува во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, учество земаа 510 ученици од основните училишта од скоро сите градови во Република Северна Македонија. Младите техничари и природници, меѓу кои и ученици од основното училиште во Македонска Каменица, можност да ги презентираат своите научно-истражувачки…

ПОВЕЌЕ ...

Од понеделник, започнува пријавувањето на болни и немоќни лица кои согласно законската регулатива, имаат право да гласаат во домашни услови: „Од 08.04 до 13.04 општинската изборна комисија ќе работи од 09.00 до 19.00 часот. Сите кои имаат лице во семјеството кое неможе да го изврше своето гласње во избирачкото место нека дојдат, нека донесат соодветна документација како што беше и до сега на референдум, на парламентарни и локални избори.Истите документации и со пополнето полномошно кое го даваме овде ги разгледуваме и според правилникот од државна изборна комисија ќе се одлучи дали ќе се категоризираат како болни и немоќни и ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Секој граѓанин може да пријави неправилности, за време на изборниот циклус, а пријавата е објавена и на сајтот на Државната комисија за спречување на корупција. Злоупотреби, на пример, со службени возила може да се документираат и со фотографија. Претседателката на оваа комисија, Билјана Ивановска, вели дека до сега не се отворени предмети поврзани со изборите, но оти сите информации стигаат до нив. Извор: Телевизија Стар

ПОВЕЌЕ ...

Жител на Делчево е една од петте жртви на грип, регистрирани оваа недела. Останатите починати од грип се од  Скопје, Делчево, Крива Паланка, Охрид и Тетово. Кај три лица од починатите е изолиран А(H1pdm) вирусот на грип, а кај еден несубтипизиран тип А. Возраста на починатите е од 39-75 години, објави Институтот за јавно здравје. Од почетокот на сезоната се регистрирани вкупно 28 смртни случаи од грип. Од нив двајца се од Делчево и тие засега се единствените починати од грип од источниот дел на државата. Вкупниот број на заболени од грип досега изнесува 20.657 лица. Најголем број од пријавените…

ПОВЕЌЕ ...

Макеонска Каменица, 04.04.2019 година – ЈП Камена Река во рамки на започнатата акција “Пролетно чистење” во два наврати изврши прочистување на одводните канали, кои се дел од отворената атмосферска мрежа во градското подрачје од општина Македонска Каменица. Целосно е прочистен делот од детската градинка “Бамби” до кеј на Каменичка Река. Од ЈП Камена Река апелираат до несовесните граѓаните да престанат каналите да ги користат за фрлање на отпад и шут, со што ќе се зголеми функционалноста на истите, а од друга страна намали опсаноста од излевање во случај на зголемен доток на атмосферска вода. Ние како претпријатие задолжено за чистотата…

ПОВЕЌЕ ...

Вилијам Рабило од Невада, САД, секој ден ја гледал неговата мајка, Кристал Престон како работи напорно за да им обезбеди добар живот на него и на неговиот брат и сестра. Самохраната мајка била во тешка финансиска ситуација и постоел ризик да ја изгуби работата бидејќи немала превозно средство. 13-годишниот Вилијам не можел повеќе да ја гледа тажна својата мајка и затоа смислил план. Целиот текст и повеќе фотографии можете да видите на следниов линк

ПОВЕЌЕ ...

Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од три места на ФИФА ранг-листата и се наоѓа на 68-та позиција. Прогресот на „црвено-жолтите“ се должи на победата над Летонија и нерешениот резултат со Словенија во првите две кола од квалификациите за ЕУРО 2020. Од противниците на Македонија во квалификациите за ЕП, на априлското рангирање на ФИФА, најдобро котира Полска – на 20. место, Австрија е 34-та, Словенија се наоѓа на 63.позиција, Израел е 84-ти, додека Летонија е 133-та. Противникот на Македонија во плеј-офот од Лигата на нации, репрезентацијата на Косово е на 127. место.. На врвот и натаму е Белгија пред Франција и…

ПОВЕЌЕ ...

ВИДЕО: Мајсторија на Стојановски – ефектен гол за победа на Ренова Ренова стигна до минимална, но сосема заслужена, победа од 1-0 против Шкупи во 26. коло од Првата македонска фудбалска лига. Пресметката во Тетово ја реши офанзивецот на „гипсарите“ со вистинска мајсторија и крајно луциден погодок во 45. минута од средбата…

ПОВЕЌЕ ...