Author: Media Point

Македонска Каменица, 12.04.2019 година – Македонска Каменица добива систем за наводнување „капка по капка“. Со ова, ЈП Камена Река како претпријатие задолжено за јавната чистота и одржување на урбаната опрема и зеленилото во градот, покажува дека постојано работи на зголемување на ефикасноста и продуктивноста во своето работење. „ЈП Камена Река започна со наводнување на зеленилото од парковите и јавните површини во градот преку системот „капка по капка“. Во наредниот период, по завршувањето на овој проект новонасадените декоративни зимзелени и листопадни дрвја, цвеќиња и украсна „жива ограда“ ќе се наводнуваат на многу поефикасен и поекономичен начин. На ова можеме да додадеме…

ПОВЕЌЕ ...

И покрај реакциите во повеќе наврати, од наша страна и бројните реакции на возачи, проблемот со добитокот кој се напасува и буквално престојува на патниот правец Каменица – Кочани се уште постои и не е решен. Особена опасност во сообраќајот претставува фактот што крупниот добиток често се напасува без присуство на сточар (како што се гледа и на фотографиите), па не ретко истиот останува на коловозот и во текот на ноќните часови. Поради намалената видливост при ноќното возење, острите свиоци и засеци во клисурата на река Брегалница и честите камени одрони на патот, алармираме дека ова претставува дополнителна голема опасност…

ПОВЕЌЕ ...

Македонка која заминала на работа во Кувајт, ќе се врати во Македонија од следниот месец и ќе работи како анестизилог на детската кардиохирургија на Клиниката “Жан Митрев”, информираше доктор Митрев. Преговорите ги водел лично тој откако детската кардиохирургија почна да функционира како јавно-приватно партнерство. „Досега приватното и јавното здравство се делеа како конкуренција и, да не кажам, како непријатели. Ги здруживме квалитетот и стручноста за децата да добијат врвна медицинска нега. Се создадоа услови да станеме интересни за многу пациенти од целиот регион и наши доктори да се вратат во Македонија. Од следниот месец тука ќе работи докторка анестезиолог, која…

ПОВЕЌЕ ...

Ноќеска во викендичка во Делчево бил пронајден мртов Александар Захариев, 23-годишниот син на поранешниот градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, дознава „Слободен печат“ од извори во истрагата. Од СВР Штип сè уште не можат да ја потврдат информацијата, но најавија повеќе детали за подоцна. Од Јавното обвинителство Делчево го потврдуваат случајот. Оттаму информираат дека е направен увид и дека смртта настанала со бесење, а на телото нема траги на насилство. Телото е предадено на обдукција. Извор: република.мк

ПОВЕЌЕ ...

Покрај редовните законски одредени денови за прихрана на дивеч во зимскиот период што го спроведоа во декември и јануари Ловното друштво „Македонска Каменица – Саса“, во изминатиот период спроведе нови вонредни акции за прихрана на дивеч во планинските предели на селата Луковица, Костиндол, Вратиславци и Драмче. Прихраната, како што информира Гоце Стоиловски, претседател на каменичкото ловно друштво, се врши најмногу поради сушниот период што го зафати регионот. – Како концесионери на ловиштето „Вратиславци“ што е со големина од околу 6.000 хектари, во изминатиот период спроведовме вонредни акции за прихрана на дивечот. Прихраната ја вршевме преку достава на вода во калишта…

ПОВЕЌЕ ...

Драганчо Стоименов викан Дацо Белски кој пукаше во друго лице во локал во Кочани, сам се пријавил во полиција, дознава 1ТВ. Тој три месеци беше во бегство и стана недостапен за органите на прогонот во јануари годинава, откако по вербална расправија, пукаше и го повреди Драган Здравев во кафе барот „Аква“ во Кочани. На македонската јавност и е познат и по случајот Детонатор, каде што  беше клучниот сведок, а во кој за рекетарство, перење пари, поставување бомби и нелегални покер апарати на обвинителната клупа седнаа 16 лица од Кочани и Виница. За потсетување, инцидентит се случи во кафе бар Аква, кога дошло до кратка вербална…

ПОВЕЌЕ ...

Симона Поповска има ново видео! Станува збор за екранизација на одличната емотивна балада „Сама“ зад која стои авторскиот тим Иле Спасев, музика и аранжман, и Даниела Хаџи-Тоневска, која го потпишува текстот. Оваа песна ми е исклучително драга и иако е снимена одамна не сакав да остане без видеозапис. Го чекав вистинскиот момент и ете желбата ми се оствари. Се надевам дека и на мојата публика ќе ѝ се допадне видеото, од кое сум презадоволна. Навистина сум среќна што ми се случи она што одамна го посакував, вели Симона. Видеото е работено со режисерот Андреј Ѓоргиевски, а во реализацијата на целиот…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 08.04.2019 година – На 06.04. 2019 година се одржа државниот натпревар по Англиски јазик (National Spelling Bee) помеѓу средните училишта, каде учество земаа ученици од СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во Македонска Каменица. Учесничките на натпреаврот Нела Николовска, Анастасија Стојковска и Валерија Стојановска остварија одлични резултати. Го издвојуваме успехот на Валерија Стојановска, која го освои второто место.

ПОВЕЌЕ ...

Од јули оваа година се намалуваат цените за роаминг услугите во регионот, поточно во Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Оваа одлука е донесена на Вториот дигитален самит за Западен Балкан одржан во Белград. Претставници на министерствата го потпишаа договорот, а веќе е започната и работата на регулаторното тело кое ќе ја утврди висината на цените кои ќе важат од јуни. За почеток ќе биде намалена цената на интернет сообраќајот во роаминг, а потоа и на телефонските разговори. Финализација на планот и потполно укинување на роамингот во регионот ќе заврши во 2021 година. По укинувањето  на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 08.04.2019 – По повод 7-ми Април – Светскиот ден на здравјето, рудникот САСА донесе одлука за набавка и инсталација на опремата за целокупна реконструкција на системот за затоплување на здравствениот дом „Гоце Делчев“ во Македонска Каменица. Ова беше договорено на средбата со претставници од локалната самоуправа на чело со градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова и раковството на Здравствениот дом на која менаџментот на рудникот се информираше за состојбите и приоритетните потреби на оваа единствена здравствна установа од ваков вид во градот. Договорно е поставувањето на новата опрема да се изврши веднаш штом се создадат неопходните услови. Вкупната…

ПОВЕЌЕ ...