Author: Media Point
Македонска Каменица, 15.04.2019 година – СОУ “Ванчо Прке” – Виница, на 13. Април 2019 година, беше домаќин на регионалниот натпревар по Англиски јазик за ученици од средните училишта. Фросина Милошевска, под менторство на проф. Емилија Ристовска, при СОУ “Миле Јаневски Џингар” од Македонска Каменица на овој натпревар успеа да го освои високото трето место. Со овој успех, Фросина Милошевска обезбеди учество на државен натпревар кој ќе се одржи во Скопје, некаде на средината од месец Мај. Ова претставува нејзин огромен личен и успех на училиштето, кој произлегува од постојаното залагање за нови знаења на учениците и изнаоѓањето на нови методи…
Без оглед на професијата со која се занимава, секој вработен треба да заработува онолку колку што заслужува! Работодавците премногу често се потпираат на претпоставки кога одлучуваат за тоа колку треба да ги платат своите вработени. Тоа може да предизвика скапи проблеми, особено затоа што компензацијата сочинува огромен процент од трошоците на компанијата. Исто така, ризикувате да имате значителна нееднаквост во платите на вработените и да страдате од последиците на нивното незадоволство. “Доста често има многу простор за подобрување”, вели Ирина Лиз, консултант за управување со човечки ресурси во BDC. “Откако вработените ќе се уверат дека секој е платен онолку колку…
Регулаторната комисија за енергетика денес ќе ги објави новите цени на горивата. Традиционално секој втор понеделник во месецот се утврдуваат цените на бензинот, дизелот и други деривати. Со последната одлука на РКЕ бензинот се продава за 68,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС -98 за 70,5 денари од литар. Дизелот пак изнесува 61 денар.Одлуката за новите цени ќе биде соопштена точно напладне.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информира АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Делчево – Македонска Каменица – Кочани, Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга и Виница – Берово.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на Јавното претпријатие “Национални Шуми” ја укинува забраната за движење во шуми донесена на 29.03.2019 година. Имено, Одлуката за делумна забрана за движење во шума беше донесена поради појавата на голем број шумски пожари, а се укинува поради тоа што во моментов согласно добиените информации од терен, нема активни пожари и нема опасност од појава на нови шумски пожари. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека екипите од Државниот инспекторат за земјоделство, Шумската полиција и Државниот инспекторат за шумарство и ловство и во следниот период ќе ја следат состојбата на терен.…
Емил Скендери со голот во 9. минута и Даниел Лазаровски во 87. минута, му донесоа победа на Кожуф од 2-1 против Каменица Саса. Екипата на Саса како гостин на овој натпревар постигна погодок во финишот од мечот. Борец се врати на победи во Втората лига – Исток триумфирајќи со 3-0 против Партизан Обршани во 21. коло, благодарение на хет-трикот на младиот офанзивец Марко Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски за само девет минути, во период од 12. до 21. минута запиша три погодоци на мечот носејќи нови три бода за велешени. Во дерби пресметката на тиквешијата, во извонредна атмосфера во Кавадарци, Тиквеш славеше…
По пет години откако е направена посебната апликација „Месинџер“ за сите корисници, „Фејсбук“ размислува за нејзино враќање во склоп на главната апликација „Фејсбук“. Функцијата моментално се тестира и би значела дека ќе може преку постоечката апликација за пристап до платформата на социјалните медиуми да се користат услугите за размена на пораки. Со измените, ќе остане постоечкото копче „Месинџер“ во апликацијата Фејсбук, но ќе ве однесе до нова секција „Чатови”, наместо да ја треба да се отвора и инсталира посебната апликација за „Месинџер“. Апликацијата „Месинџер“ за прв пат беше лансирана во 2011 година, а во 2014 Фејсбук ги тргна „чатовите“ од…
Во видеото во прилог можете да видите како се прави куќа од комбе, како идеја за оние кои се авантуристи по природа. Линк до видеото тука.
Македонска државјанка загина денеска на автопатот А3 кај Окучани во Хрватска кога возилото со германски регистарски ознаки во кое била совозач излетало од коловозот во одводен канал и се превртело на покрив. Од полицијата на Бродско-посавската жупанија информираа дека сообраќајката се случила изутрината околу пет часот. На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на полицијата, противпожарни единици и Брза помош, пренесува Хина. Потврдено е дека една жена државјанин на Северна Македонија загинала, а возачот исто така македонски државјанин е повреден, но одбил лекарска помош. Портпаролката на полицијата Ката Нујиќ изјави дека се врши увид на местото на сообраќајката и…
7 милиони евра државата ќе издвои за развој на Планските региони. 11% од нив или околу 700. 000 евра се наменети за Источниот плански регион ,изјави денес во Карбинци заменик на министерот за локална самоуправа , Дејан Павлески: „Веќе е во фаза на одобрување на првиот дел од програмата за развој на регионите, кои што оди преку Центрите за развој на планските региони. Има вкупно шест проекти. Сите шест се одобрени, сега се чека нивно финално одобрување, и објава во службен весник и и мислам дека центрите и општините ќе имаат време на време да продолжат со реализација на овие…
