Author: Media Point
Дваесет и шест годишен штипјанец со иницијали А.М. 10 дена во заложништво ја држел 24-годишната Е.М заедно со нејзините две малолетни деца. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова информира дека А.М. во периодот од 11 до 22 април ги држел противправно во стан, а потоа и во куќа во Штип, каде што во повеќе наврати ја силувал, тепал, а при интервенција на полицијата и физички нападнал полицаец. Против А.М. е поднесена кривична пријава по четири основи, за извршени кривични дела и тоа „противправно лишување од слобода“, „силување“,„напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ и ,,загрозување на сигурноста“.
„Легендата вели дека овчарот со име Калди го открил кафето во Етиопија некаде помеѓу 300 и 800 година н.е. Забележал дека неговите кози не спиеле ноќе, откако ќе изеделе неколку зрнца кафе. Ги однел зрната во локалната опатија каде ја направиле првата серија кафе, бележејќи ги неговите ефекти на расонувањето и размислувањето.“ (Смит и др, 2004). Оттогаш луѓето се фасцинирани од кафето, и тоа е така со право. Некои ефекти од кафето се чудни и контрадикторни. На многу начини ефектите од кофеинот врз умот се многу поголеми од она што очекуваме, отколку од она што тој навистина ни го прави.…
Во најинтересната пресметка од 22. коло во Втората лига – Исток, Кит Го во Пехчево славеше во дерби пресметка со 2-1 против Кожуф. Уште во 8. минута од средбата Зоран Андонов со убав погодок донесе водство за домашните, а на 2-0 зголеми Иван Колев во 79. минута. Гостите успеаја единствено во 87. минута преку Димитар Иванов да постигнат почесен погодок. Каменица Саса го шокираше Тиквеш, успевајќи да извлече реми (1-1) против фаворитот. Саса поведе со голот на Зоран Златкоски во 7. минута, а Дарко Илиевски во 91. минута го спаси Тиквеш од пораз. Ѓорѓи Ѓорѓиев со два гола во првото…
Повторно гореше депонијата во Македонска Каменица. Брзата интервенција на ТППЕ спречи ширење на огнот. Акцијата на пожарникарите за гасење на пожарот беше помогната од крупната механизација од ЈП Камена Река. И овој пат, според информациите кои ги добивме од ТППЕ станува збор за подметнат, односно намерно предизвикан пожар. Причините за предизвикување на ваквите недозволени дејства од несовесни граѓани се уште се непознати. Како што известивме претходниот пат, според командирот на ТППЕ, Малин Трајчевски случајот е пријавен во полиција. ТППЕ од Македонска Каменица апелира до граѓаните доколку забележат вакви случаи на недозволено палење на оган на отворен простор, навремено да биде…
Во Македонска Каменица денес во рамки на Претседателските избори гласаат вкупно 25 болни и изнемоштени лица. Како што информираше Сања Митревска, претседател на ОИК, гласањето исто така се одвива без никакви проблеми. -Во М.Каменица на вкупно 25 болни и изнемоштени лица им беше уважена пријавата за гласање во домашни услови. Членовите на избирачкиот одбор кои го спроведуваат гласањето за оваа категорија граѓани, велат дека гласањето се одвива во најдобар ред, информира Митревска. Во Македонска Каменица утре на 17 избирачки места ќе гласаат 6.619 граѓани.
Денеска е Лазарова сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците. На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку…
За шестите претседателски избори и предвремените локални избори во Охрид, Дебар и Ново Село што треба да се одржат утре, избирачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето избирачко право. Избирачот добива едно гласачко ливче за избор на претседател, а во трите општини и едно ливче само за избор на градоначалник, со оглед дека советите се конституирани на редовните локални избори. Во општините Охрид и Дебар изборите за градоначалник се распишани поради ненадејната смрт на градоначалниците Јован Стојаноски и Ружди Љата, а Во Ново Село ќе се избира нов градоначалник, бидејќи поранешниот Боро Стојчев поднесе оставка откако…
Изборната кампања за претседателските избори и за предвремените локални избори што ќе се одржат во општините Охрид, Дебар и Ново Село заврши на полноќ и започна изборниот молк. Денеска, ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3583 немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии. Внатрешно раселените лица гласаат во прифатлиштата каде што се сместени, болните и немоќните лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат…
Времето во Македонија ќе биде умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 10 до 21 степен. Во Македонска Каменица, слично време, умерено облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 18 степени. До понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време со умерена облачност. Нови локални врнежи од дожд ќе има од понеделник кон крајот на денот.
РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИ ЗА ВЕЛИГДЕН 2019 Св.Успение на Пресвета Богородица – Македонска Каменица 25.04.2019 – Велики Четврток Утрена 07:00 Света Литургија 08:00 Општ Маслосвет 09:00 (брашно и масло ) Читање на 12те страдални Евангелија 18:00 26.04.2019 – Велики Петок Царски часови , Голема вечерна , Изнесување на плаштаницата 07:00 (Храмот ке биде отворен во текот на целиот ден ) Чин на погребение со статии и литија околу храмот 19:00 27.04.2019 – Велика Сабота Во 23:30 часот литија околу храмот и објавување на радосната вест за Воскресението Христово , Пасхална утрена и Света Божествена Литургија (Сите кои постеле и имаат благослов…
