Author: Media Point
Македонска Каменица, 03.05.2019 година – Општина Македонска Каменица го објави јавниот оглас кој го спроведува Општиското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ за реконструкција и обнова на системот за парно греење во училишната зграда. Ова не е прв случај за спроведување на ваков крупен проект во рамки на училиштето. Изминатата година во училиштето целосно беше заменета и надворешната столарија, како и санирање на дел од кровната конструкција на училишната зграда и поставени се фотоволтаични системи за штедење на електрична енергија на истата. Објавената информација од општина Македонска Каменца ви ја пренесуваме во целост: Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“…
Покрај Огласот за изградба на локални и маалски пристапни патишта во селските средини, општина Македонска Каменица во рамки на усвоената Програма за развој на општината за 2019 година, распиша тендер за Изградба на улица Даме Груев. Со должина од 650 метри оваа улица е од огромно значење за жителите на приградската населба Стара Каменица, бидејќи ќе поврзува поголем број на индивидуални живеалишта од овој реон на градот со асфалтен пат. Со ова се решава еден огромен проблем на жителите од оваа до сега неизградена улица и трајно се решава присапот до нивните домови. Општина Македонска Каменица преку изградбата на нова…
Во рамки на своите овластувања и според планот и програмите за развој на општината за 2019 година, општина Македонска Каменица распиша оглас за Изградба и реконструкција на локални и пристапни маалски патишта за селата во општината. Проценетата вредност на Огласот според кој ќе биде изберена најповолната понуда изнесува 20.000.000,00 денари. Целиот текст од договорот може да се погледне овде. Предвидените градежни активности ќе започнат веднаш по утврдениот рок за прибирање на понудите за Изградба и реконструкција на локални и пристапни маалски патишта за селата до Општината. Со овој проект ќе бидат опфатени повеќе селски и маалски патишта во селата Цера,…
Соопштение од ООУ„Св.Кирил и Методиј” – Македонска Каменица за Упис на ученици во I одделение за учебната 2019/2020 година: – Деца кои се родени од 01.01.2013год. до 31.12.2013год. – По исклучок може да се запишат и деца кои се родени до 31.01.2014 год. но по претходно барање на родителот и добиено мислење од стручните соработници; За запишување на децата во I одделение, родителите се должни да ги достават следните документи: 1. Извод од матичната книга на родените (не мора да биде со нов датум) 2. Потврда за примените задолжителни вакцини на детето (потврдата се добива ИСКЛУЧИВО во Службата за здравствена…
ЈП Камена Река од Македонска Каменица, во рамки на усвоената Програма за работа и планираните работни активности на претпријатието, покрај поставувањето на урбана опрема во централното градско подрачје, денес започна со поставување на истата и во останатите делови на Македонска Каменица. Клупи и останата урбана опрема добија жителите на улица Каменичка. На места покрај регионалниот пат (Луковички рид) и места предвидени за одмор и рекреација (Репетитор) се поставени клупи и корпи за отпадоци. Акцијата на Јавното претпријатие Камена Река, ќе продолжи и во наредниот период со поставување на урбана опрема и во останатите приградски населби и селски средини во општина…
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне и претежно во планинските делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе достигне 10, а максималната 25 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Утре од претпладне ќе дува особено на запад засилен западен ветер и ќе има услови за краткотрајна нестабилност преследена со пороен дожд и грмежи. Потоа ќе продолжи период на малку посвежо време со повремено зголемена облачност и краткотраен пороен дожд претежно попладне. Преодно постабилно време…
Македонска Каменица, 28.04.2019 година – Денеска и утре, односно во текот на Велигденските празници, времето ќе биде стабилно и суво, односно, сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен и еверозапден правец.
Македонска Каменица, 28.04.2019 година – Градоначалничката Соња Стаменкова, по повод празнувањето на најголемиот христијански празник – Велгиден, упати честитка до сите православни христијани во општина Македонска Каменица Почитувани, Ми претставува особена чест и задоволство до сите граѓани на општина Македонска Каменица од христијанска вероисповед, да упатам срдечни честитки по повод празникот Христово воскресение – Велигден. Ви посакувам најголемиот христијански празник – Велигден да го поминете во среќа и благосостојба, опкружени од своите најблиски и исполнети со верба и безмерна радост. Христовата жртва за човештвото нека биде патоказ за добродетелство, меѓусебно помагање и споделување со сите наши сограѓани без разлика на…
Просторот на Балканот е голем имиграциски простор. Многу граѓани од регионот во потрага за подобар живот одат во ЕУ да работат за повисоки дневници. Според податоците на Eurostat, просечната стапка на компензација на вработените во Европската унија, во поглед на заработката, плата и социјални придонеси кои ги плаќа работодавачот се движат од 44 евра во околината на Брисел и Луксембург до помалку од четири евра во три региони во Бугарија. Просечната саатница во Европската унија во 2016 година изнесувала 22,8 евра. Саатниците се најчесто во регионот и околу главниот град на државите. Има исклучоци за Германија, Велика Британија, Италија, Шпанија…
Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Великa Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение. Денешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“. Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден. Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над…
