Author: Media Point
Рома преку својот официјален твитер профил, го промовираше македонскиот клуб Осогово кој игра во третата македонска лига но е шампион кога се во прашање социјалните мрежи. Во фудбалскиот клуб Осогово од минатата година дојде модерно раководство кое има за цел да го врати клубот во Првата лига. Покрај на теренот, тие се трудат да победуваа и на социјалните мрежи, една таква победа извојуваа денеска. Официјалниот твитер профил на Рома кој важи за еден од најдобрите, го промовираше Осогово. Тие напишаа: „Рома твитер тим на денот е ГФК Осогово, клуб од третата лига во Македонија. Формиран во 1924 година, клубот е од…
Неисплаќањето на капитацијата од страна на Фондот за здравство на приватна здравствена ординација во Виница беше причина матичните лекари од приватна пракса од Виница и Кочани да организираат мирен протест. Парите не биле исплатени затоа што ординацијата, согласно законските прописи, немала комплетиран здравствен тим, односно подолго од 35 дена не вработила медицинска сестра. Од протестот беше упатено барање до надлежните државни институции да се направат извесни законски измени, за да им се овозможи на матичните лекари да продолжат со работа. -Многу тешко можеме да обезбедиме медицински лица, односно сестри, па и лекари, со оглед што во источниот регион од државата…
Македонска Каменица, 13.03.2019 година – Во изминатиот период, се вложуваат значителни напори за подобрување на безбедноста и сигурноста на граѓаните на територијата на општина Македонска Каменица. Покрај изградбата на неколку улици во централното градско подрачје, повеќе патишта и пристапни кракови во селските средини, општината продолжува со градежни активности со кои се зголемува безбедноста и на пешаците во сообраќајот. Па така, на повеќе критични места по сигурноста при движењето на пешаците долж тротоарите, пешачките патеки и мостови се поставуваат заштитни метални огради, со кои значително се подобрува безбедноста. Општина Македонска Каменица продолжува да работи на подобрување на безбедноста на граѓаните во…
Македонска Каменица, 13.03.2019 година – На територијата на општина Македонска Каменица, во 2019 година имало вкупно 12 пожари на отворен простор. Доволна причина за свикување на вонреден состанок на Локалниот кооринативен штаб за управување со кризи, кој денес се одржа во кабинетот на градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Заклучоците, мерките и насоките на делување кои се донесени и утврдени на денешниот вонреден состанок на Локалниот координативен штаб за управување со кризи во Општината ви ги пренесуваме на следниов линк.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, а веќе утре се очекуваат нови врнежи од дожд и снег на планините. Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури кои од недела и во првите денови од следната недела на места ќе го надминат 20-тиот степен. Синоптичарите за денеска најавуваат температури од 7 до 15 степени. Во Скопје максималната температура денеска ќе изнесува 11 степени.
Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за мерката 3.3 Обуки за занаети, финансирана од Буџетот на Агенција за вработување на Република Северна Македонија, на ден 25.02.2019 година, се објавува ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица Се повикуваат евидентираните невработени лица кои се заинтересирани за учество во обука за стекнување на вештини од занаети, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица најдоцна до 15.03.2019 година . Обуките се однесуваат на следните занаети: – бравари, со завршено најмалку основно образование; – пекари, со завршено…
Има големи европски пари на располагање за македонските фирми, а во следниот период ќе се одобрат уште повеќе, но тие не знаат и не можат да ги искористат. Иако има мало подобрување, за седум години успеале да земат само 7 милиони, од вкупно 80 милиајрди евра од евроспката програма Хоризонт 20 20. Таа е наменета за бизнисот, но и за истражувачки центри и универзитети, за да им се помогне на фирмите да станат конкурентни и да отворат нови работни места. За посебниот дел за мали и средни фирми, пак, аплицирале неколку, но ниту една не успеала да добие средства. Бизнисот…
Македонска Каменица, 11.03.2019 година – Силен пожар беснее во атарот на село Саса, во непосредна близина на Аризанско и Османлиско маало. Зфатен е поголем дел на сува трева, папрат и букова шума. Пожарот се уште е активен, но поради непристапниот терен и отежнатите услови за гаснење во вечерните часови, гаснењето е прекинато. До утринските часови будно ќе се следи состојбата од дежурни екипи. Во утринските часови, во зависност од потребата ќе бидат ангажирани сите расположливи средства и капацитети за гаснење на истиот. Како што известуваат од ТППЕ Македонска Каменица, пожарот е пријавен во 11:30 часот од месното население, при што…
Нови вработувања на 44 млади лица во Рудник САСА Македонска Каменица, 11.03.2019 – Од почетокот на овој месец, рудникот за олово и цинк САСА вработи нови 44 лица. Пред да стапат на работните места, за сите нови членови на тимот е организирана соодветна обука за да се осигура дека тие безбедно ќе ги извршуваат работните задачи. Согласно процедурите за работа што важат во целокупниот рударски комплекс, во почетниот период, сите нововработени ќе бидат под засилен мониторинг и придружба од искусни вработени, за да можат да го достигнат неопходното ниво на работни вештини. „Среќни сме што го зајакнуваме нашиот тим со…
Театарска претстава хит комедија “УМРИ Машки” на авторот Алдо Николај, во режија на Томе Атанасов, при театарот Мирка Гинова од Демир Капија гостува во Домот на култура во Македонска Каменица. Претставата на сцената од големата сала во Домот на Култура ќе се одржи на 14.Март.2019 година, со почеток во 19.30 часот Билетите можат да се купат по цена од 70 денари, во просториите на Дом на култура во Македонска Каменица.
