Author: Media Point
Финска е најсреќната земја во светот, се наведува во овогодинешниот глобален извештај на ОН за среќа, спроведен во 156 држави, објавен на Денот на среќата. Граѓаните на Северна Македонија се на 84-то место, додека минатата година беа на 89-то место. Извештајот објавен денеска е составен според истражувања на Галуп во секоја од државите за тоа колку среќни се чувствуваат граѓаните. Анкетираните со оценки од 1 до 10 одговараат на прашалник за одредени фактори во нивните земји како што се квалитетот на живот, сочувството кон другите, слободата, великодушноста, искреноста и здравјето. Финска, како и во претходните години ја задржа водечката позиција.…
Македонска Каменица – Екипите на Јавното претпријатие “Камена Река” од Македонска Каменица започнаа да работат на редовно “пролетно” уредување на дрворедите во центарот на градот. Во рамки на тековните активности, беа опфатени крошните на дрвјата на улица Самоилова, Осоговска и долж кејот на Каменичка Река. Надлежните известуваат дека акцијата ќе продолжи и во нареднте денови, при што ќе бидат уредени и преостанатите дрвореди од улиците и јавните површини во Македонска Каменица.
Ова се цените за еден гигабајт интернет во светот Потрошувачката на еден гигабајт мобилен интернет е најевтина во Индија, а најскапа во Зимбабве. Во нашиот регион интернетот е најевтин во Словенија, а Македонија се најде на 78. место на листата. Британската страница „Кејбл“ ја истражувала цената на еден гигабајт мобилен интернет во светот. Анализирајќи 6.313 пакети мобилен интернет во 230 земји, тие утврдиле дека интернетот е најевтин во Индија (0,26 долари), а најскап во Зимбабве (75,20 долари за еден гигабајт). По Индија, најевтините пазари се во Киргистан, Казахстан и Украина. Меѓу пазарите од Западна Европа, мобилниот интернет е…
Пожарот на градската депонија во Македонска Каменица, кој беше предизвикан од досега непознати причини и сторители, целосно е ставен под контрола, без можност да се прошири кон останатиот отворен простор. Пожарот е активен само во внатрешниот централен дел на депонијата. Екипа на ТППЕ е дежурна на теренот. Во утринските часови, со помош на крупна градежна механизација ќе биде пристапено кон целосно гаснење на пожарот со настелување на земја врз отпадот – изјавии Малин Трајчевски, командир на ТППЕ Македонска Каменица Вчера во текот на попладневните часови, пожарникарите имаа истовремена интервенција и на излезот од Македонска Каменица кон село Саса. Пожар…
Над 200 измислени или поинаку кажано, лажни бугари бае откриени од карабињерите и дадени на суд од важните селско стопански центри околу Торино, односно Алба, Бра и Асти. Става збор за Македонци, кои според зборовите на началникот на карабињерите во Алба, капитан Джакомо Конте лицата имале за цел, како Бугари да си овозможат полесен престој и работен однос во Италија. Всушност, сакале да бидат европејци, како што известува бугарскиот портал monitor.bg Целиот текст со сите детали можете да го прочитате директно на страната од бугарскиот портал monitor.bg
Вчера во 10.50 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на место викано „Сливница“, атар на село Русиново, беровско, настанал пожар во кој била зафатена букова шума. По преземени мерки било констатирано дека истиот ден околу 10.45 часот на наведеното место, Д.Т.(31) и неговиот брат И.Т.(28), двајцата од село Смојмирово, запалиле оган за скара и поради небрежност огнот се проширил и почнал да се шири. Пожарот бил целосно изгаснат во 14.30 часот од екипи од Територијалната противпожарна заштита Берово, ШС „Малешево“. Од извршениот увид било констатирано дека изгореле околу осум хектари сува трева и папрат. Извор: Сител
Вчера во 15.30 часот било пријавено дека над село Оризари, кочанско, на место викано „Бели Камења“, при палење на трева во нива од страна на Б.П.(82) од истото село, настанал пожар. Во пожарот настрадал Б.П. кој починал на местото на настанот. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат, а по овластување на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.
ФК Каменица Саса не успеа да се врати со позитивен резултат од гостувањето во Кавадарци против ФК Тиквеш. Домаќините покрај контролата на играта во текот на целиот натпревар успеаа да слават со конечни 3:0. Со победата во минатото коло против Кит Го од Пехчево, Каменица Саса успеа да фати приклучок со останатите екипи вклучени во борбата за опстанок во Втората македонска фудбалска лига. Со победа во наредното коло, кое Саса го игра пред домашна публика против Детонит Радовиш, ќе значи конечно заминување од последната позиција на табелата. Саса и Вардар од Неготино имаат по 10 бодови, Детонит е со 11,…
Македонска Каменица – Минатиот викенд младинските категории на ФК Каменица САСА одиграа неколку натпревари на домашен терен. Ова се резултатите од истите, објавени на официјалната страна на ФК Каменица Саса. Регионална Помлада Пионерска Лига – Исток ФК Каменица Саса – ФК Плачковица 2:0 (1:0) Мартин Пауновски 15′ Филип Николовски 70′ Регионална Пионерска Лига – Исток ФК Каменица Саса – ФК Плачковица 1:0 (1:0) Филип Гоцевски 20′
Македонска Каменица – Денес, во рамки на 17.Коло од Првата македонска кошаркарска лига во женска конкуренција, во спортската сала во Македонска Каменица се одигра натпреварот помеѓу ЖКК Баскет Кам и ЖКК Пелистер од Битола. Можеме слободно да кажеме дека денешниот натпревар беше со извесен резултат, бидејќи каменичанки на претходниот натпревар кој се одигра во рамки на есенскиот дел од првенството во Битола славеа со +9 разлика. Постојаната двоцифрена предност во текот на целот натпревар, каменичанки на крај успеаа да ја крунисаат во сопствена корист со 60:45. Иако најефикасни на теренот од редовите на ЖКК Баскет Кам беа Сара Спировска…
