Author: Media Point
Исленици од Швајцарија и Германија први се вклучија во акцијата за собирање помош, откако вчера рано утрото им изгоре куќата на 12-членото семејство Мирчовски од село Русиново. Меѓу првите кој се понуди за помош е Ване Воденски, татко на познатиот кик-боксер Кристијан Воденски, кои повеќе од 30 години живеат во Германија. Хуманитарните организации веќе се организираат за помош на малолетните четири дечиња кои синоќа заедно со родителите ноќта ја поминаа кај роднини и соседи. Градежна механизација составена од вработени во јавното претпријатие „Услуга” од Берово активно се вклучија во акцијата за расчистување на остатоците од куќата што целосно изгоре во…
Црвено жолтите на гостувањето во Љубљана на стадионот „Стожице“ одиграа реми од 1-1 против домашната Словенија во 2 коло од Групата Г во евроквалификациите. Македонските фудбалери во сите 90 минути од мечот беа рамноправен ривал на солидната Словенија и на крајот заслужено стигнаа до посекуваното реми. По израмнетата игра во првиот половина час од средбата Словенците неочекувано во 34 минута преку Миха Зајц поведоа со 1-0. Но, радоста и водството на домаќините траеше само 13 минути. На стартот на вториот дел нашиот национален тим преку Барди израмни на 1-10 , што подоцна се покажа и како конечниот резултат на дуелот…
Често пати се случува да биде украден нечиј мобилен телефон, но и да го изгубиме, но за среќа постојат неколку работи кои може да ви ја олеснат работата околу пронаоѓањето. Нормално прв чекор кој треба да го направите е да пријавите во најблиската полициска станица за мобилниот уред да може да се лоцира. Освен тоа можете и самите да си го заклучите телефонот за крадецот да не може да го користи. Со помош на серискиот број заклучете го мобилниот телефон и заштитете го од крадци Но постои можност и сами да го заклучите вашиот мобилен телефон, со што ќе го заштитите…
Македонски државјанин бил осуден на условна затворска казна оти крадел накит и мобилни телефон од пакети во поштата во Фрауенфелд, Швајцарија каде што бил вработен. Ова е втор случај годинава македонски државјанин вработен во швајцарската пошта да биде осуден за кражба, откако 24 Инфо информираше за нашинец кој украл над 120.000 франци, вадејќи пари од писмата во кои Швајцарците испраќале пари за учество во лотарија во Австралија. Во последниот случај станува збор за 27 годишен државјанин на Македонија, кој со сопругата живее во Швајцарија од 2012 година. Според обвинението, поштарот отворил околу 300 пакети во текот на летото 2016 година,…
Становите ќе поскапуваат, алармираат градежниците. Причина е континуираниот раст на трошоците во градежништвото за нови објекти. Статистиката покажува дека во последниот квартал лани градежните материјали поскапеле за 3,2%, а трошоците за вработените биле повисоки за 13%. “Ако го споредиме сегашниот период во однос на лани, може да зборувамеза поскапување на сите градежни материјали меѓу 10% и 15%. Зголемувањето на трошоците е резултат на порастот на цената на енергенсите, транспортот, прво за материјалите што се увезуваат, како и за материјалите кои што се од домашно производство. Она што може да очекуваме во следниот период е дека нема да може да се…
Македонска Каменица, 22.03.2019 година – Денес, во спортската сала во Македонска Каменица, со почеток од 19:00 часот, се одигра 13.Коло од младинската кошаркарска М-18 лига во женска конкуренција. Натпревар во кој се сретнаа второпласираната ЖКК Баскет Кам и досега непоразената екипа ЖКК Струга од Струга. До оваа значајна победа од 61:40 поени, младите каменичанки успеаа да дојдат со одличната игра во нападот и силната дисциплина во одбраната, особено во вториот дел од натпреварот. Најефикасна на теренот и овој пат беше Моника Зафировска со 23 поени. Тренерот Цветановски со особена радост и пофални зборови за прикажаната игра на сите девојки од…
Македонска Каменица, 22.03.2019 година – ЈП “Камена река” од Македонска Каменица ги објави пристигнатите предлог Проекти по објавениот Конкурс за идејно решение за уредување на парк во Македонска Каменица. Истите се објавени на фејсбук налогот на ЈП “Камена Река” како поединечни фото албуми. Гласањето ќе се одвива преку ставање на “Like” реакција на еден од албумите од авторите на идејните решенија. Гласањето ќе трае до 26. Март, заклучно до 12:00 часот, кога ќе заседава утврдена 5 члена комисија. Гласањето од граѓаните на фејсбук профилот на ЈП Камена Река ќе биде земено како дополнителна сугестија, односно ќе биде вброено како 6-ти…
Кога нема дрвја, зошто нема! Кога ќе ги засадат – ги крадат! Македонска Каменциа, 22.03.2019 година – Успехот на вчера започнатата акција на ЈП Камена Река во соработка со останатите институции и воспитно-образовни установи во Македонска Каменица за разубавување на градот со засадување на декоративни листопадни и зимзелени дрвја, е доведен во прашање од страна на несовесни граѓани. Имено, на повеќе локации во градот, дел од истите веќе се искорнати и украдени. Значителни и забележливи оштетувања има врз новозасадената „жива ограда“ засадена околу старите градски гробишта и околу старата градска црква Св. Илија, кае поголем дел од истата веќе е…
Сторијата за која пишуваа бугарските медиуми, а kamenica.mk ја пренесе пред неколку денови почнаа да ја пренесуваат сите медиуми во дежавата. Еве за што станува збор. Кои се најновите сознанија до кои дојдоа македонските медиуми и на кој начин ги пренесуваат овие случувања во Италија, каде наши сограѓани се упатуваат на сезонска и постојана работа во портага по подобар живот. Македонци робувале кај Виничани и Кочанчанец во Италија. Дневно на нив заработувале и до 1000 евра Мајка , син и неговата сопруга од Кочани заедно со двајца виничани и еден Бугарин долг период биле жестоки експлоататори на свои сограѓани од…
Денес, љубителите на пишаниот збор во Македонска Каменица имаа можност да присуствуваат на поетско читање кое од страна на КИЦ Романса беше организирано во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на поезијата. На поетското читање учестуваа ученици од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ кои читаа дела од еминентни македонски автори- поети, додека учениците при СОУ „Миле Јаневски Џингар“ презентираа стихови од светски познати автори. Директорот на КИЦ Романса од Македонска Каменица, како организатор изрази големо задоволство од бројот на ученици кои земаа учество во настанот, бројноста на публиката и секако благодарност до професорите и предметните наставници во двете училишта кои…
