Author: Media Point
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро го отфрли ултиматумот од повеќе европски земји за организирање на нови претседателски избори. Во разговор за шпанската телевизија Сеста, Мадуро рече дека нема да попушти пред притисокот на оние кои сакаат тој да замине, а го поддржуваат неговиот противник Хуан Гуаидо. Шпанија, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија, Португалија и Австрија од Мадуро побараа да распише предвремени избори, велејќи дека во спротивно ќе го признаат Гуаидо за претседател на Венецуела. „Зошто Европската унија треба да ѝ каже на една земја во која веќе имало избори дека треба да ги повтори претседателските избори бидејќи на нив не…
Со последната одлука за утврдување на цените на горивата Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми цените пред скоро две недели. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит. Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 3,50 ден/лит, односно за 4,00 ден/лит. Денес напладне Регулаторната комисија за енергетика ќе ги објави новите цени кои…
Постојат типови на луѓе кои се специјално скроени да ти го уништат денот. Мене навистина не ми е гајле какви се нивните навики кога се по дома, затоа што не е моја работа. Но, кога истите ги демонстрираат во јавност додека нашите патишта неминовно се пресретнуваат, тогаш невозможно е да не спобудалиш од нервоза. Освен ако не си издлабен од камен, па не те допира нивното безобразно однесување. Еве го типот на луѓе дизајнирани да го стават твоето трпение на тест: неодговорните купувачи во супермаркетот. Гужва е, трпеливо чекаме ред. Го набљудувам однесувањето на толпата. Ликот пред мене нема абер…
Составот на ЖКК Баскет Кам М-18 категорија денес во Скопје против врсничките од ЖКК Вардар славеше победа со високи 29:75. Со ова каменичките млади кошаркарки остануваат неприкосновени лидери на табелата, со максимален број на освоени бодови. Денес, како и во вчерашниот натпревар против Гостивар од Првата кошаркарска лига на Македонија, најефикасна на теренот беше Стефани Колева со 25 поени. Тренерот на каменичката екипа, Јордан Цветановски изјави дека е задоволен од резултатот на денешниот натпревар, кој произлезе од тимската и пожртвувана игра на сите играчи. – Сите поединци рутинирано и тимски одиграа на високо ниво во текот на целиот натпревар. Задоволен…
Во конкуренција со 11 други документарни филма од целиот свет, „Медена земја“ во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска освои три награди на „Санденс“. На церемонијата што се одржа во Парк Сити, Јута, САД, „Honeyland“ ja доби големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography). Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change). „Медена земја“ раскажува приказна за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа,…
Брзата интервенција на Територијалната против пожарна единица од Делчево денес спречи пожар од поголеми размери на улицата „Св.Климент Охридски“ во Делчево. Според информациите на дежурната екипа, пожарот избувнал во утринските часови по 8 часот, при што бил зафатен кров и дел од оџакот на семејна куќа во населбата „Милково Брдо“. Гасењето на пожарот, како што информираат од ТППЕ Делчево, траело околу еден и пол час, а во акцијата учествувале пет пожарникари со две возила. -Ситуацијата при гаснењето на пожарот беше многу напната. Вложивме натчовечки напори за акцијата да заврши без посериозни последици. Милково Брдо е населба од збиен тип и…
Италијанската полиција отвори истрага за убиство во обид против Албанец, кој со автомобил прегазил Македонец на велосипед, во понеделникот во местото Силандро, во провинцијата Болцано. Според медиумите во Италија, она што првично изгледало како сообраќајна несреќа се претворило во обид за убиство на Македонец, кој на велосипед го шетал своето куче. Полицијата уапсила 42 годишен Албанец, кој по инцидентот избегал, но полицијата подоцна го уапсила. Инспекторите се уште не знаат кој е мотивот за нападот врз Македонецот на возраст од 40 години, но не исклучуваат никаква можност- од прељуба до расчистување на долгови. Нашинецот завршил во болница, но е вон…
КК Баскет Кам денес, против КК МЗТ-Скопје го одигра последното 13.Коло од есенскиот дел на Втората машка кошаркарска лига на Македонија. Одличен натпревар и заслужена победа на домаќините до која како и во минатото коло дојдоа преку драматична завршница. Неизвесноста на натпреварот до самиот крај беше најавена уште во првиот дел, кога благото водство на домаќините постојано беше достижно за гостите. Иако успеваа да се вратат резултатски, во ниеден момент не успеаа да го преземат водство. На почетокот од вториот дел, гостите успеаа да искористат неколку последователни грешки на домќините. Стартуваа со 6:0, но брзото консолидирање на одбраната кај каменичани,…
Најдобриот кошаркар на Македонија во 2018 година во изборот на МКФ, Бојан Трајковски е нов играч на Гостивар, објави генералниот менаџер на Гостивар, Бали Саити. Трајковски после една година повторно се врати во Македонија, откако играше за унгарскиот Пакс Атомерому. Претходно настапуваше и во МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Куманово, Работнички, Лирија, Торус, Фени Индустри а играше и за Сигал Приштина и Чарни Слупск. 32-годишниот центар ќе биде уште едно репрезентативно име во амбициозниот тим. Претходно екипата се засили со Александар Костоски. Извор: sportmedia.mk
ММС, 11.01.2019 На локалитетот кај селото Нов Истевник има педесетина земјени пирамиди слични на кукли, поради што и се вика Кукуљето, некои се високи и до 15 метри, од далечина наликува на голем замок или на стар град од пред векови, но таа геоморфолошка реткост, тие ремек-дела на природата, поради тешко пристапниот терен и неинформираноста, досега ги имаат видено многу малку луѓе Пишува: Љупчо Шатевски Фотографии: Марјан Митриновски Македонија, освен кај кратовска Куклица, има уште еден сличен локалитет како природен феномен и геоморфолошка реткост. Тоа е местото Кукуљето кај делчевското село Нов Истевник, но за него малку се знае поради…
