Author: Media Point
Ј.П ,,Камена Река” ги известува граѓаните на општина Македонска Каменица дека и годинава организира НАГРАДНА ИГРА за сите свои корисници кои редовно си ја плаќаат комуналната такса. Во наградната игра ќе учествуваат сите оние корисници кои ја имаат подмирено комуналната такса заклучно со месец Декември 2018 година и тоа најдоцна до 31.01.2019 година. Од фондот на награди подготвен за редовните плаќачи, како главни награди од ЈП Камена Река ги издвојуваат: Прва награда……………..ТЕЛЕВИЗОР Втора награда…………… ШЕСТМЕСЕЧНА ПРЕТПЛАТА Трета награда…………… МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН ТОСТЕР Доделувањето на наградите ќе се изврши на 21.02.2019 година во кругот на Ј.П ,,Камена Река” со почеток од 12:00 часот…
Кога Јасмин Имамовиќ беше избран за градоначалник во 2000 година, Тузла беше непросперитетен запуштен рударски град, сѐ уште под трауми од уништувачката и крвава војна во БиХ. Градот тонеше, ама во буквална смисла на зборот. Изграден врз древното Панонско Море, тука со векови се ископуваше камена сол, што предзивикало голем дел од центарот на градот да потоне. Имамовиќ решил најголемиот проблем на градот да го претвори во средство за успех. Тој ангажирал тим на експерти за да создаде вештачко езеро, така што солената вода ќе се извлекува на површина и ќе се одржува на стабилно ниво. Така во 2003 година…
Турчин на 70 години дебитираше за новиот клуб Шериф Кунт, иако ја почнува осмата деценија на животот, нема намера да се откаже од фудбалот, а вчера дебитираше за својот нов клуб Кизилтепе Генчлербирлиги, кој настапува во една од аматерските лиги на Турција Кунт го засили тимот на Кизилтепе пред неколку денови, а претходно настапувал за Карачај Генчликспор. Напаѓачот кој веднаш за добил капитенската лента одиграл 75 минути за новиот клуб, а истакна дека е среќен поради дебито. „Веќе 55 години играм во аматерска конкуренција и сум среќен. Минатата година играв за Карачај, сега сум во нов клуб. Не можев да…
Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Кочани. Според информациите на МВР, вчера 04,30 часот било пријавено дека во Кочани на улицата „Тодосија Паунов“ автомобил „киа спортаж“ со кочански регистерски таблици, управувано од О.Е.(35) од Кочани, излетало од коловозот и се превртело. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот А.В.(20) од Кочани, а другите сопатници во возилото, С.Г.(40), М.Л.(20) и Ј.А.(21) сите од Кочани, се здобиле со телесни повреди.
72-годишна скопјанка физички нападната од своето момче откако ја прекинала врската со него 10/02/2019 14:44 Во СВР-Скопје, Т.Д.(72) од Скопје пријавила дека во нејзиниот стан дошол В.Ц. (68), со кого претходно била во врска, и физички ја нападнал. Причината за нападот била одбивањето од нејзина страна да ја продолжат врската. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Македонска Каменица, 09.02.2019 година – Ресторанот САСА во Македонска Каменица е местото кое вечерва, по повод традиционалната “Ловечка вечер” собра над 300 гости од Македонска Каменица и регионот. Покрај ловците-членови на ЛД “М.Каменица-Саса” и љубителите на ловот од нашиот град, гости на Ловечката вечер се и членови-претставници на ЛД “Бел Камен” – Виница, “Острец” од Делчево и “Еребица” – Скопје. Главната награда, на приредената лотарија од Ловечката вечер, отиде во рацете на вечерва најсреќниот ловџија, Стојмир Ѓеорѓиев од Македонска Каменица. За добра забава и одличен амбиент на највеселата вечер за ловчиите од Македонска Каменица, се погрижија одличните “Актив Бенд” и Ивана…
Екипата на МЗТ Скопје е најуспешна екипа на денешниот кошаркарски турнир во М-12 категорија, кој се одигра во салата Јане Сандански – Скопје. Во последниот натпревар од турнирот, успеаа да ја победат екипата на КК Баскет Кам од Македонска Каменица со 39:36. Поволниот распоред за домаќините, во голема мера допринесе да го добијат натпреварот, иако гостите од Каменица водеа со 3 разлика на минута и 20 пред крај. Нашите млади кошаркари лошо го отворија натпреварот, дозволија домаќините да се одлепат со високи 14:3 во првата четвртина од натпреварот. Во текот на второто полувреме разликата постојано се намалуваше. КК Баскет Кам…
Најмладите кошаркарски надежи на КК Баскет Кам денес учествуваат на првиот турнир од М-12 категорија, кој се игра во малата спортска сала Јане Сандански во Скопје. Во првиот натпревар на овој силен турнир каменичките млади кошаркарски надежи се сретнаа со фаворизираните младинци на КК Работнички од Скопје. Со одлична игра во текот на целиот натпревар, успеаа буквално да го декласираат тимот на Работнички со високи 28:61. Најефикасен на натпреварот со 28 поени е Матеј Митревски од тимот на КК Баскет Кам. Огромен придонес во оваа значајна победа на каменичани дадоа и Виктор Попов со 14 и Матеј Атанасов со 11…
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денес во рамки на трибината „Фер-општество – шанса за сите“ која се одржа во Штип изјави се осврна на еден од проектите значаен за рударите од нашиот град, односно е поврзан со вработените во Рудник САСА. „55 рудари заминуваат во пензија благодарение на бенифицираниот стаж кој го воведовме од крајот на мината година. Испразнетите места ќе се пополнат со нов кадар. Ја покачивме минималната плата и бенефитот веќе го осетија 90.000 граѓани“. „Во собраниска процедура се пакет закони со кои граѓаните ќе ги извлекуваме од сиромаштија и очекувам пратениците наскоро да ги изгласаат“ додаде…
Неверојатната приказна која се случила во Кувајт, ги срушила сите рекорди кога станува збор за времетраењето на бракот. Пар од Кувајт се развеле по само три минути брак. Иако таа постапка предизвикала чудење, корисниците на социјалните мрежи го поддржале брзиот развод откако веста се проширила на интернет. Медиумите веруваат дека ова е најкраткиот брак во историјата на Кувајт бидејќи парот се развеле пред да го напуштат матичарот. Мажот и жената по церемонијата размениле бакнежи, а потоа невестата на излегувањето се сопнала и паднала. Новопечениот сопруг поради тоа ја нарекол глупава и се изнасмеал, а тоа кај неа предизвикало огромен бес.…
