Author: Media Point

Делчево, 07.01.2019 година – Во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево рано изутрината се одржа света божествена литургија по повод Христовото раѓање – Божик. Со поздравот „Христос се роди“ протоереј Атанас Поповски, упатувајки богопослание за мир и благослов пред верниците истакна дека Божик е матица на сите други христијански празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. -Со рождеството на Витлеемскиот богомладенец се објави неповторлива радост за светлина, светлината на разумот и се благослови вистината дека Бог од љубов се роди како човек и како богочовек. Во Синот Божји го видовме образот на совршениот човек и…

ПОВЕЌЕ ...

Мила им е Европа на Балканците на збор, но во срцето уште им е само Балканот. И сите негативни нешта што го одликуваат прочуениот „балкански менталитет“ Сликата за Западна Европа од прочуеното дело на германскиот писател Ерих Марија Ремарк, „На Запад ништо ново“, денес за луѓето во Западна Европа е далечна историја. Не само затоа што измина еден век од Првата светска војна. Во романот, кој, барем за мојата генерација, во гимназијата беше задолжителна литература, Ремарк го опишува ужасот на таа војна низ доживувањето на осумнаесетгодишниот германски војник Паул Бојмер. Тој, како и илјадници млади Европејци, тогаш од гиманзиските…

ПОВЕЌЕ ...

Во зима кожата почнува да го губи својот сјај и да станува сува и осетлива. Ова се неколку работи со кои несвесно ја оштетувате кожата. Долго туширање под жешка вода Долгото туширање под жешка вода може да ве опушти, но ќе ви ја исуши кожата. За време на ладните месеци туширајте се пократко и не користете премногу топла вода, за да не ги отстраните сите есенцијални масла од кожата. По можност, користете и непарфимирани сапуни. Користите премногу тоник Тоникот за лице е одлично средство за повремено освежување на изгледот на кожата додека е топло времето, но не и кога ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Ниските температури и студениот ветер предизвикаа хаос и неред низ цела Европа. Најтешко е во Германија, Швајцарија, Австрија и Грција, а влошување на ситуацијата се очекува да има во Турција и низ балканските земји. Поради обилните врнежи на снег во Германија одложени се најмалку 120 летови додека околу 70 стигнаа со задоцнување од повеќе од 1 час и тоа само на аеродромот во Минхен. Прекин има и во железничкиот сообраќај поради паднати дрва на шините. Како резултат на лошите временски услови вчера во Грција една жена беше пронајдена мртва, додека двајца други мажи беа исчезнати откако голема снежна бура погоди…

ПОВЕЌЕ ...

Температури под нулата се регистрирани секаде во Македонија утрово. Најстудено било во Берово -14 Берово, -12 Битола, Лазарополе и Струмица, -11 Прилеп и Маврово, -10 Крушево, -9 во Македонска Каменица, -8 во Крива Паланка, -7 во Демир Капија, -6 во Претор, минус пет Охрид, -4- Тетово, Скопје Петровец и Куманово, Врнежи имало во Пожаране, Маврово, Скопје Зајчев Рид, Ѓуриште, Прилеп, Тетово и Лазарополе, а снежната покривка највисока е во Маврово 65 сантиметри, 30 Крушево, 27 Битола, 24 Тополчани, 12 Ѓуриште, 11 Пожаране и Лазарополе, 10 Демир Капија и Берово, седум Прилеп и Струмица, три Претор, два Штип, Крива Паланка и…

ПОВЕЌЕ ...

Денес повторно сме сведоци на бран на вести за брутално насилни убиства кои се случуваат во семејството, на улица, помеѓу врсниците. Но, ние сме толку отупени и толку преплавени со насилство и лудило од различен тип што сето тоа поминува и се заборава после само неколку дена. А монструозните случаи се менуваат како на трака. Најлошо е тоа што толку брутални убиства повеќе не се некоја посебна тема со која би требало да се занимаваат општеството,  политичарите, институциите или медиумите. Ретки се и медиумите кои реагираат на овој најнов бран и бараат мислење од експертите, со кои би кажале дека…

ПОВЕЌЕ ...

Македонскиот народ со многу внимание го празнува Божик, денот на Христовото раѓање. Обичаите што се изведуваат на овој празник се остатоци од минатото, но поголемиот број од нив се исчезнати, а ние денес за нив дознаваме од записите на собирачите на македонски фолклорни и етнографски материјали како што се браќата Миладиновци, К. Шапкарев, Е. Спространов, В. Икономов, М. Цепенков и многу други. Особено од минатото се останати богати обичаи и верувања поврзани со Бадник или Коледе, денот што му претходи на Божик. Истражувачите на овие обичаи истакнуваат дека во почетокот Коледе бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните…

ПОВЕЌЕ ...

04/01/2019 22:01 Вечерва на патот Велес – Штип се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа 6-7 возила. Како што изјавија за ТВ 21 од СВР Велес, несреќата се случила кога едно возило поради лизгавиот пат, удрило во столпчиња на патот, а потоа неможејќи да се контролираат, уште неколку возила удриле едно во друго. Има потврда за три полесно повредени лица. „Кај местото Три Чешми во услови на снег и лизгав коловоз се случила сообраќајна незгода во која учествувале 6-7 возила. Најпрво едно возило удрило во столпчиња, а во него потоа се случил верижен судир. Три лица се со полесни повреди.…

ПОВЕЌЕ ...

ЈАВЕН ПОВИК бр.02/2018 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020  – 26.12.2018 во 08:24 Врз основа на член 9 став 1 точка б од Законот за ратификација на Секторската спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Европската комисија за воспоставување на одредби за управување и спроведување на финасиската помош на Унијата за Република Македонија според Инструментот за претпристапна помош во областа на политиките за „Земјоделство и рурален развој” (ИПАРД) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/2016), врз основа на Дел II мерка Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства точка 11 од Програмата за користење…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 04.01.2019 година – Детската градинка Бамби од Македонска Каменица објави соопштение со кое ги известува родителите на дечињата корисници на услугите на установата дека детската градинка нема да работи утре, сабота 05.01.2019 година. Следен работен ден на установата е вторник, 08.01.2019 година.

ПОВЕЌЕ ...