Author: Media Point

На 56-годишна возраст синоќа почина еден од најголемите ски скокачи во историјата на овој спорт, Финецот Мати Никенен. Мати Никенен е четирикратен олимписки шампион, пет пати светски и има освоено уште четири трофеи во Светскиот куп. Финецот освоил буквално се што може да се освои во кариерата и важи за вистинска икона на овој спорт. За разлика од спортската кариера, Мати Никинен имаше проблеми во приватниот живот. Водеше борба со алкохолот, два пати беше и зад решетки, еднаш затоа што избодел свој пријател, вториот пат поради напад врз својата девојка. Банкротираше па ги продаваше златните медали за да преживее. Се…

ПОВЕЌЕ ...

Во Македонија денеска се одбележуваат 147 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. По тој повод бројни делегации ќе положат цвеќе на гробот на Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.…

ПОВЕЌЕ ...

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро го отфрли ултиматумот од повеќе европски земји за организирање на нови претседателски избори. Во разговор за шпанската телевизија Сеста, Мадуро рече дека нема да попушти пред притисокот на оние кои сакаат тој да замине, а го поддржуваат неговиот противник Хуан Гуаидо. Шпанија, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија, Португалија и Австрија од Мадуро побараа да распише предвремени избори, велејќи дека во спротивно ќе го признаат Гуаидо за претседател на Венецуела. „Зошто Европската унија треба да ѝ каже на една земја во која веќе имало избори дека треба да ги повтори претседателските избори бидејќи на нив не…

ПОВЕЌЕ ...

Со последната одлука за утврдување на цените на горивата Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми цените пред скоро две недели. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит. Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 3,50 ден/лит, односно за 4,00 ден/лит. Денес напладне Регулаторната комисија за енергетика ќе ги објави новите цени кои…

ПОВЕЌЕ ...

Постојат типови на луѓе кои се специјално скроени да ти го уништат денот. Мене навистина не ми е гајле какви се нивните навики кога се по дома, затоа што не е моја работа. Но, кога истите ги демонстрираат во јавност додека нашите патишта неминовно се пресретнуваат, тогаш невозможно е да не спобудалиш од нервоза. Освен ако не си издлабен од камен, па не те допира нивното безобразно однесување. Еве го типот на луѓе дизајнирани да го стават твоето трпение на тест: неодговорните купувачи во супермаркетот. Гужва е, трпеливо чекаме ред. Го набљудувам однесувањето на толпата. Ликот пред мене нема абер…

ПОВЕЌЕ ...

Составот на ЖКК Баскет Кам М-18 категорија денес во Скопје против врсничките од ЖКК Вардар славеше победа со високи 29:75. Со ова каменичките млади кошаркарки остануваат неприкосновени лидери на табелата, со максимален број на освоени бодови. Денес, како и во вчерашниот натпревар против Гостивар од Првата кошаркарска лига на Македонија, најефикасна на теренот беше Стефани Колева со 25 поени. Тренерот на каменичката екипа, Јордан Цветановски изјави дека е задоволен од резултатот на  денешниот натпревар, кој произлезе од тимската и пожртвувана игра на сите играчи. – Сите поединци рутинирано и тимски одиграа на високо ниво во текот на целиот натпревар. Задоволен…

ПОВЕЌЕ ...

Во конкуренција со 11 други документарни филма од целиот свет, „Медена земја“ во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска освои три награди на „Санденс“.  На церемонијата што се одржа во Парк Сити, Јута, САД, „Honeyland“ ja доби големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography). Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change). „Медена земја“ раскажува приказна за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа,…

ПОВЕЌЕ ...

Брзата интервенција на Територијалната против пожарна единица од Делчево денес спречи пожар од поголеми размери на улицата „Св.Климент Охридски“ во Делчево. Според информациите на дежурната екипа, пожарот избувнал во утринските часови по 8 часот, при што бил зафатен кров и дел од оџакот на семејна куќа во населбата „Милково Брдо“. Гасењето на пожарот, како што информираат од ТППЕ Делчево, траело околу еден и пол час, а во акцијата учествувале пет пожарникари со две возила. -Ситуацијата при гаснењето на пожарот беше многу напната. Вложивме натчовечки напори за акцијата да заврши без посериозни последици. Милково Брдо е населба од збиен тип и…

ПОВЕЌЕ ...

Италијанската полиција отвори истрага за убиство во обид против Албанец, кој со автомобил прегазил Македонец на велосипед, во понеделникот во местото Силандро, во провинцијата Болцано. Според медиумите во Италија, она што првично изгледало како сообраќајна несреќа се претворило во обид за убиство на Македонец, кој на велосипед го шетал своето куче. Полицијата уапсила 42 годишен Албанец, кој по инцидентот избегал, но полицијата подоцна го уапсила. Инспекторите се уште не знаат кој е мотивот за нападот врз Македонецот на возраст од 40 години, но не исклучуваат никаква можност- од прељуба до расчистување на долгови. Нашинецот завршил во болница, но е вон…

ПОВЕЌЕ ...

КК Баскет Кам денес, против КК МЗТ-Скопје го одигра последното 13.Коло од есенскиот дел на Втората машка кошаркарска лига на Македонија. Одличен натпревар и заслужена победа на домаќините до која како и во минатото коло дојдоа преку драматична завршница. Неизвесноста на натпреварот до самиот крај беше најавена уште во првиот дел, кога благото водство на домаќините постојано беше достижно за гостите. Иако успеваа да се вратат резултатски, во ниеден момент не успеаа да го преземат водство. На почетокот од вториот дел, гостите успеаа да искористат неколку последователни грешки на домќините. Стартуваа со 6:0, но брзото консолидирање на одбраната кај каменичани,…

ПОВЕЌЕ ...