Author: Media Point

Метеоалармот објави предупредување за денеска и за утре за поголемиот дел од Хрватска. Сите приморски области на Јадранот, освен Истра, се во црвен аларм, а во Истра на сила е портокалово предупредување. Другите делови од Хрватска се во жолта фаза. Денеска времето во Хрватска ќе биде променливо облачно, на места со слаби врнежи и силен ветер. На копно ќе има снег и голомразица во првиот дел од денот, а слаб дожд е можен и во приморските области. Ќе дува умерен ветер, а на крајот на денот во северниот дел на земјата можно е да дојде до бура. На Јадранот, ќе…

ПОВЕЌЕ ...

02.01.2019 година – Повторно дојде периодот од годината кога сите љубители на патувања планираат нови авантури за 2019 година. Airbnb е тука за да помогне во одлуката со својата листа со најдобрите дестинации за 2019 година. На врвот на листата е Каикура (Нов Зеланд),потоа Шиамен (Кина) и Пуебла (Мексико). Airbnb направи листа со дестинации според интерните податои од кои се забележува пораст на разервациите, пребарувањата и списоците со желби на корисниците направени во 2018 година за 2019 година. Во однос на оние направени во 2017 за 2018 година. „Многу дестинации, како што се Каикура и Пуебла, уште се опоравуваат од потресите и пожарите кои…

ПОВЕЌЕ ...

2 јануари 2019 Мозокот е навистина една од најголемите мистерии на човечкото тело. Иако просечниот коефициент на интелегенција (IQ) се движи од 90 до 110, некои луѓе во историјата беа двапати интелигентни. Десетмината кои можат да се наречат најголемите генијалци на човештвото, говорејќи барем според коефициентот на интелигенција, се следниве: 1. Вилијам Џејмс Сидис – Роден е во САД во 1898 година и се смета за човек со најголем коефициент на интелигенција во историјата. Имал големи способности во математиката и лингвистиката, но подоцна избегнувал математички загатки. Уште на 11 години се зашишал на Харвард, а неговиот коефициент на интелигенција бил 250.…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 31.12.2018 година – Градоначалничката Соња Стаменкова и генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној во пресрет на дочекот на Новата 2019 година, ги посетија вработените во дежурните служби на полицијата, здравствениот дом и противпожарната станица во општина Македонска Каменица. При посетата на дежурните служби, градоначалничката Соња Стаменкова и генералниот директор Олег Телној се заблагодарија за нивната ангажираност во текот на „најлудата ноќ“ и нивната постојана посветеност и професионалност во работата. На вработените им посакаа многу здравје, мир и благосостојба на нив и нивните семејства, при што им поделија и пригодни новогодишни подароци. Во текот на предновогодишниот период од…

ПОВЕЌЕ ...

Лажни левови пуштени во оптек во Бугарија. Според Бугарската народна банка , парите се пуштени за време на големата шопинг треска околу Божик, кој во Бугарија се слави на 25 декември. Најголем дел од лажните банкноти се во апоени од 20 лева и досега се откриени околу 400 фалсификати. 9 од откриените фалсификати биле во апоени од 100 лева. Бугарските власти не знаат колку точно лажни банкноти се пуштени во оптег и каде се тие се користат. Поради ова, од туристичките агенции , пред престојните празници, на сите оние кои ќе празнуваат во Бугарија им препорачуваат да внимаваат: “Ние ги…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 30.12.2018 година –   Во Македонска Каменица на свечена церемонија се одбележаа 50 години од формирањето на фудбалскиот клуб Саса. Во своето излагање пред присутните, актуелниот претседател на клубот, Климент Ѓорѓиевски порача дека клубот мора да го продолжи аманетот на луѓето кои пред 50 години го основаа клубот кој прерасна во бренд на М.Каменица. -Прв претсдател на ФК Саса бил Ангеле Вренцовски кој го формирал клубот под името фудбалски клуб Рудник, а прв секретар Тихомир Георгиевски – Тиши. Тие луѓе заедно со тогашните вработени не задолжија сите нас, да ги продолжиме напорите за опстојување и успешно функционирање на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 28.12.2018 година – Пакетчиња за сите деца од Македонска Каменица и донации од рудникот САСА за новогодишните празници Македонска Каменица, 28.12.2018 – Рудникот за олово и цинк САСА обезбеди финансиска поддршка и во соработка со општина Македонска Каменица учествува во организација на сите активности за обележување на новогодишните празници. Покрај доделените социјални пакети за 50 лица од ранливи категории, на заедничко дружење со градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова и менаџментот на САСА беа доделени и новогодишни подароци и пакетчиња на лицата со посебни потреби. Дополнително, општината и САСА како општествено одговорна компанија им додели новогодишни пакетчиња на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 28.12.2018 година – Денес, во училишниот двор на средното училиште, а во организација на СОУ „Миле Јаневски Џингар“, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, со активна вклученост на лицата од Здружението „Порака“ – Македонска Каменица, се одржа хуманитарен новогодишен базар. Големиот број новогодишни украси, честитки, храна и реквизити се продаваа по симболични цени, а собраните средства ќе бидат донирани за лицата со посебни потреби и за реализација на мерки за нивна целосна интеграција во општествениот живот. Новогодишната програма продолжи во Домот на култура каде со свои точки, пред присутните родители, наставници и поканети гости се претставија учениците при ООУ…

ПОВЕЌЕ ...

На иницијатива на општина Македонска Каменица, а во организација на СОУ „Миле Јаневски Џингар“, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и ЈОУДГ „Бамби“ и со активна вклученост на лицата со посебни потреби од Македонска Каменица, во петок (28. Декември 2018), ќе се оддржи хуманитарен новогодишен базар. Ова е тематски базар, организиран по повод Новогодишните и Божиќните празници, а ќе се оддржи во училишниот двор на основното од 11 часот и во средното училиште од 11.00 часот. Сите новогодишни украси ќе се продаваат по симболични цени и покрај граѓаните, ќе бидат вклучени и локалните фирми, установи и институции. Сите соберени средства ќе бидат…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 25.12.2018 година – Сообраќајна несреќа која пред час и половина се случи кај село Драмче, времено го затвори за сообраќај патниот правец Македонска Каменица – Делчево. Станува збор за сообраќајна несреќа во која возачот на автомобил Југо со каменички регистарски таблички, изгубил контрола над истото и удрил во заштитната ограда и страничниот дел од патот. Возачот е во добра здравствена состојба. Истражните органи се на место на несреќата, истрагата за причините и причинетата штета е во тек.

ПОВЕЌЕ ...