Македонска Каменица, 01.02.2019 – Нов поголем одрон се наоѓа на една од коловозните ленти од магистралниот пат Кочани – Македонска Каменица, над село Истибања, кај Саваро. Иако сообраќајот е отежнат, истиот се одвива непречено. Се препорачува внимателно возење, особено во засеците и осоите, каде покрај помали камени одрони можна е појава на голомразица, особено во вечерните и утринските часови кога температурата е под нулата.
Македонија Пат се известени за новонастанатата состојба на патот Македонска Каменица – Кочани, се очекува состојбата да биде нормализирана во текот на денот.

