Author: Media Point

Полицијата казни осумнаесет возачи кои на мразот и лизгавите патишта, дополнително зад воланот седнале пијани. Вкупно, во полициската акција за алко контрола дувале 147 возачи, а тестот не го поминале само 18: „ Во текот на 26/27.01.2019 година во периодот од 23.00 -04.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола (147)  кај 18 возачи е утврдено присуство на алкохол. Истите се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и  издадени им се мандатни платни налози. Откриени се и 20 останати прекршоци, истите се санкционирани“изјави Гордана Панајотова-…

ПОВЕЌЕ ...

И оваа година Рудник САСА продолжува со финансирање на значајни проекти за развојот на локалната заедница Македонска Каменица, 28.01.2019 – Членови на менаџерскиот тим на рудникот за олово и цинк САСА го одржаа редовниот годишен состанок со здруженијата и институциите од локалната заедница. Целта на состанокот што го организираше САСА е натамошно унапредување на комуникацијата и соработката меѓу компанијата и локалната заедница, како и запознавање на компанијата со потребите на заедницата, преку активностите и плановите на организациите и институциите што ја претставуваат. На состанокот присуствуваа претставници на 19 локални здруженија и институции кои доставија вкупно 15 предлог-проекти. Своите планови и…

ПОВЕЌЕ ...

Видеото е снимено од кабината на турски камион кој чекаше ред за да плати мито. Полицаецот откако си стави нешто во џебот од нашиот, влезе во турскиот камион и си побара 100 лири (околу 1000 денари), за да не му прави детална проверка на багажот, па да му најде 300 други мани. Интересно е што полицаецот научил и турски за да може да оперира на патот. Извор: motika.com.mk

ПОВЕЌЕ ...

Облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините во снег ќе преовладува во текотна оваа недела. Од четврток поради заладување врнежите на повисоките и на некои пониски места ќе преминуваат во снег, а во одделни котлини ќе има услови за магла. За денеска синоптичарите најавуваат променливо време со подолги сончеви периодипретпладне, а веќе од попладне се очекуваат врнежи од дожд во западните делови и снег напланините. Повремено врнежите ќе бидат пообилни. Во текот на ноќта, врнежите ќе се прошират и во останатите делови, но ќе имаат послаб карактер. Ќе дува умерен ветер одјугоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени. Во Каменица денеска ќе биде променливо облачно со слаба магла претпладне, а преку ден ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе врне дожд. Максималната температура ќе достигне до пет степени. Утринава најстудено е во Петровец кај Скопје каде во 07:30 часот се измерени -10 степени, а најтопло во Дојран каде температурата е два степена.

ПОВЕЌЕ ...

За почнување и развој на рурален туризам неопходна е системска поддршка од локалните и националните институции, решенија во законската регулатива, програми и мерки, изготвување нова локална и национална стратегија за рурален туризам, како и едукација за начините и можностите за искоритување на фондовите за поддршка на руралниот туризам. Ова е заклучокот од денешната едукативна работилница за поддршка и развој на руралниот туризам во Струшко „Рурална кохезија-интегрирано дејствување за развој на руралниот туризам” организирана од здруженијата креативен центар „Рурбанкулт” и пчелари „Матица 2012″ од Струга во рамките на проектот „Органска фарма – рурална кохезија за зголемен потенцијал на руралниот туризам и…

ПОВЕЌЕ ...

Штипјанец ја бранел снаата од насилниот сопруг, па изел ќотек од синот, информираше МВР. Според полицијата, утрово околу  5.30 часот во ПС Штип Д.Д.(46) пријавил дека околу 3.30 часот на улицата Панко Брашнаров во Штип настанала расправија  помеѓу неговиот син С.Д.(26) и неговата сопруга Р.Д.(34). По расправијата С.Д. почнал даја тепа сопругата, па се вмешал неговиот татко. Тој се обидел да го смири синот и да ја одбрани снаат, но С.Д. физички го нападнал и него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ...

Денес, во рамки на претпоследното коло од есенскиот дел на Втората машка кошаркарска лига на Македонија, во Кочани, се сретнаа екипите на КК Баскет Дино и КК Баскет Кам од Македонска Каменица. Во еден исклучително интересен и неизвесен натпревар, гостите со колективна, борбена и пожртвувана игра на сите поединци успеаа да слават значајна победа со 84:71 поен. Иако домаќините постојано се обидуваа да се вратат резултстски, користејќи го домашниот терен и многубројна публика на трибините, КК Баскет Кам успеа да ја одржи двоцифрената резултатска предност во текот на целиот натпревар. Најефикасен поединец на натпреварот повторно беше осумнесетгодишниот Александар Тодоровски со…

ПОВЕЌЕ ...

Ветерот прави проблеми на екипите на ЈП „Македонија пат” на патот Велес-Штип во овчеполскиот регион. Раководителот на регионалната подружница на ЈП „Македонија пат”-Штип , Кире Коцев вели дека кај селата Сарамзалино и Павлешинци поради силниот ветер на коловозите се прават и наноси од снег, но екипите се постојано на терен и ги расчистуваат, за да се одвива сообраќајот во зимски услови. Тој забележува дека и синоќа имале пример, кога тешко моторно возило поради немање зимски гуми, односно опрема застанало на коловозот меѓу селата Лозово и Сарамзалино, но сообраќајот не бил попречен и се одвивал без проблеми. -Заедно со полицијата успеавме…

ПОВЕЌЕ ...

Поради обилните врнежи од снег од Авто мото-сојузот на Македонија информираат дека од 11 часот на сила стапила забрната за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Барбарос, поточно на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп и на патот Прилеп-Кавадарци, на планинскиот превој Плетвар, додека пак од 12 часот на сила спати забраната за движење на камиони и на патниот правец Крива Паланка граничен премин Деве Баир. Од раните утрински часови беше воведена забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси и на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а забрана само за тешки товарни возила има и…

ПОВЕЌЕ ...

Додуше ова беше на вчерашен ден 24 јануари 2010-та, ама слаткото е што ова незаборавно голчиште од нашата најголема фудбалска ѕвезда, го има на Јутјуб со знакчето на Телма и незаборавниот глас на Бранко Илиевски со кој ги проследивме најубавите години од Серија А. Пандев стави потпис во тимот на Мурињо 20 дена пред ова дерби, а тука има 26 години Извор: ОффНет.Мк https://m.youtube.com/watch?v=MoC37l-bYZQ

ПОВЕЌЕ ...