Author: Media Point

И ДУИ го поддржува предлог законот за игри на среќа предложен од движењето Анти коцкање. Денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети во седиштето на партија оствари средба со движењето. Ахмети порача дека предлог законот е добар, и истиот ќе го подржат неговите сопартијци во собранието .  -Коцкањето е лошо за нашето општество, затоа ние го подржуваме предлог законот за игри на среќа, предложен од движењето Анти Коцкање. Како што за ова движење беа отворени вратите од сите институции, така и ДУИ е отворена за нив. Ние оваа војна ќе ја водиме заедно, затоа што семејството е најважно. Апелираме до сите оние…

ПОВЕЌЕ ...

Од 13.000 дивоградби за кои сопствениците поднеле барање за легализација, речиси половината не ги исполнуваат ни минималните услови да бидат легализирани: „Негативно е одговорено на вкупно 4.072 предмети од кои 2.829 заради недостаток на геодетски елаборат, а останатите  1.243 предмети се одбиени по друг основ“, изјави Драган Ристов, Центар за односи и јавност при о. Штип Не Слична судбина ги очекува најмалку уште 50 за кои контролата е во тек: „При што е утврдено дека исто така им недостасува геодетски елаборат и тие исто така ќе бидат одбиени“, истакна Ристов. Дали ова значи дека на околу 5.000 диво изградени објекти…

ПОВЕЌЕ ...

Објавено: 22-01-2019, 17:18 Околку 100 рудари останаа заглавени во јамата на косовскиот рудник „Трепча“ на длабочина од 700 метри, поради прекин на електричната енергија до кој дошло поради пожар на трафостаница во рамки на рударскиот комплекс.Директорот за флотација во рудникот Џафер Пеци соопшти дека досега од јамата се извлечени 29 рудари, кои биле заглавени на 11-то ниво. Според Пеци, спасените рудари се наоѓаат во добра здравствена состојба. Тој, како што јави електронското издание на приштинскиот весник „Коха“, информира дека продолжува опрецијата за спасување на преостанатите рудади и дека се очекува наскор

ПОВЕЌЕ ...

Поднесена е кривична пријава за убиство во обид за 40-годишниот Драганчо Стоименов познат како Дацо Белски, телохранител на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков. Пријавата вчера ја поднела Полициската станица Кочани до Основното јавно обвинителство во Кочани.  Стоименов од петокот вечерта е во бегство, откако во угостителскиот објект „Аква” во Кочани со пиштол пукаше во 33 годишниот Драган Здравев од Кочани познат како Дач. Надлежните од СВР-Штип информираат дека по Стоименов се трага, а на македонската јавност и е познат и по случајот Детонатор, којшто  беше клучниот сведок, а во кој за рекетарство, перење пари, поставување бомби и нелегални покер апарати на…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за образование и наука информира дека утре почнува второто полугодие во основните и во средните училишта. – Согласно препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а имајќи ги во предвид и препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух, Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие од учебната 2018/2019 година почнува утре, 23.1.2019 година и тоа за сите ученици од јавните и приватните основни и средни училишта во сите општини во Македонија, соопшти министерството. Претходно, од Владата соопштија дека мерките и препораките за алармирање за прагот на загадувањето од утре се…

ПОВЕЌЕ ...

Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, кој викендов потпиша за Кардиф, а неговиот авион исчезна при летото од Нант, од каде што направи трансфер  во англискиот клуб. Светските медиуми пишуваат дека во авионот биле само Сала и пилотот, а исчезнале некаде меѓу Франција и Англија, по што два хеликоптери биле испратени во потрага. Сала потпиша со Кардиф за сума од 17 милиони евра. Луѓето на терен, кои ја вршат истрагата велат дека авионот исчезнал додека имало дожд, но не биле лоши временските услови. „Ветерот не бил премногу силен, па просечната брзина се движела околу 30-40 км/ч“, велат истражувачите. На својот Твитер-профил…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 22.01.2019 година – Во текот на утринските часови, до нашата редакција се јавија загрижени возачи кои нѐ информираа за поголем број забележани одрони на патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани. Особено голема опасност за возачите и претставува големиот камен одрон се наоѓа на коловозот од излезот на Каменица кон Кочани. Станува збор за поголем одрон составен од крупни камени карпи кои се наоѓаат на коловозот. Сообраќајот не е во застој, но минувањето е отежнато. На возачите им препорачуваме носење и користење на зимска опрема и внимателно возење, поради зголемената веројатност од одрони на патот, влажните коловози, можна…

ПОВЕЌЕ ...

Владата на Република Македонија попладнево донесе итна мерка за продолжување на зимскиот распуст за два дена, односно заклучно со 22 јануари (вторник), поради континуирано зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во Македонија, како и метеоролошките прогнози за следните денови. -Одлуката се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија, а истата е донесена  преку итна координација на Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство.Продолжување на траењето на зимскиот распуст за сите ученици ќе трае во времетраење од два дена, заклучно со…

ПОВЕЌЕ ...

Се уште нема официјална потврда дали девојката била застрелана од некое друго лице или се работи за самоповреда. На хируршкото одделение во Клиничкиот центар во Штип синоќа е донесена млада девојка од Пехчево со прострелната рана од огнено оружје. Лекарите се бореле неколку часа за да го запрат крварењето. Според информациите од хируршкото одделение во Штип состојбата на младата пехчевка не е животно загрозувачка. Се уште нема официјална потврда дали девојката била застрелана од некое друго лице или се работи за самоповреда. Она што е утврдено е дека прострелната рана е резултат на повреда од огнено оружје. Од СВР Штип…

ПОВЕЌЕ ...

Петмина затвореници во моментов се забарикадирале во штипскиот затвор и се жалат на нерамноправен третман со другите затвореници. Имено, како што дознава ТВ Стар, кај нив биле пронајдени мобилни телефони, што е спротивно на правилата на затворот, заради што им се одземени. Но, петемина затвореници се жалат дека мобилни имаат и други затвореници, и дека тие се привилигирани и ги користат за разлика од нив. Затворската управа преговара во моментов со нив. Тие се закануваат дека ќе се самоповредат бидејќи кај себе имаат вилушки од приборот за храна. Ова е линк од преносот од затворот на ФБ. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2066262196772201&id=100001653235484

ПОВЕЌЕ ...