Author: Media Point

ДЕТСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ – “50 ГОДИНИ ФК САСА” Оваа сабота, на 15-ти Декември 2018 година, во спортската сала во Македонска Каменица ќе се одржи Детски турнир во мал фудбал – “50 години ФК САСА” Отворање на турнирот е во 09:30 часот, а натпреварувечкиот дел е од 10:00 часот. Екипи кои ќе учествуваат на турнирот : ФК Каменица Саса, ФК Постолов-Пандев, ФК Брегалница Штип, ФК Слога 1934 Виница За најдобрите екипи, најдобриот стрелец, играч и голман обезбедени се пехари, за останатите се обезбедени благодарници.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 13.12.2018 година – Дресот на машката македонска кошаркарска репрезентација до 18 години ќе го облече уште еден член на КК Баскет Кам од Македонска Каменица. Станува збор за 17 годишниот Дамјан Тодосиев од Кочани, кој веќе 5-та сезона ги брани боите на каменички Баскет Кам, како плеј-играч кој секогаш дава свежина на теренот и брзина во играта на каменичани. Во неколку наврати бил дел од поширокиот состав на младинските репрезентации на Македонија, но ова за него претставува најголем успех. -На моја 12 годишна возраст, за првпат почнав да ги бранам боите на Баскет Кам, што тогаш за мене…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните за време на празниците да не употребуваат петарди и други пиротехнички средства. Согласно Законот за прекршоци, против јавниот ред и мир на лице кои неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните ќе му биде изречена глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност. – Нема да се толерира и најстрого ќе се казнува препродавањето и употребата на пиротехничките средства, извести полицијата. Согласно Кривичниот законик, тој што неовластено изработува, држи, продава, набавува…

ПОВЕЌЕ ...

Неговата Светост Папата Франциск, прифаќајќи ја поканата на највисоките Власти на Државата и на Католичката Црква, ќе оствари Апостолско патување во Република Македонија, на 7 мај 2019 година, при што ќе го посети градот Скопје – родниот град на света Мајка Тереза. Програмата на посетата ќе биде објавена благовремено. Претходно Папата Франциск ќе оствари Апостолско патување во Бугарија од 5 до 7 мај, каде ќе ги посети градовите Софија и Раковски.

ПОВЕЌЕ ...

Денес во Делчево беа презентирани можностите за вклучување на училишните библиотеки во националниот библиотечен информациски систем Cobiss. Како што истакна Жаклина Ѓалевска од националната универзитетска библиотека од Скопје, со вмрежување на училишните библиотеки на системот Cobiss ќе се овозможи поголема достапност на училишната литература за учениците. -Целта е да ја понудиме можноста, делчевските училишта да се вклучат во системот Cobiss, преку кој ќе им се овозможи на учениците, да добијат библиотеки кои ќе бидат лесно достапни преку интернет, ќе бидат пребарливи и во секое време да можат да имаат информација што поседува нивната училишна библиотека. Ова според нас е нешто…

ПОВЕЌЕ ...

Љубителите на книгата од Македонска Каменица, во петок на 14. Декември, со почеток од 17 часот, ќе имаат можност да разменат книги и муабети од книжевноста. Организаторот на “Размена на книги и книжевни муабети” во нашиот град е Сузи Ангеловска, која се надева дека интересот за настанот кој ќе се одржи во Ресторанот Гранд во Македонска Каменица ќе биде огромен и со голем број на посетители. Иницијативата за настанот доаѓа од фејсбук групата „Размена на книги и книжевни муабети“. Ваков настан за првпат се одржува во нашиот град, па ова ќе биде одлична можност сите љубители на пишаниот збор, да…

ПОВЕЌЕ ...

На 14 и 15 декември во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево ќе се одржи Интернационалниот фестивал на модерни танци и балет „Балканот пее и игра“. Како што стои во официјалната покана за настанот на фестивалот ќе настапат: -Балетска школа КРОАЗЕ – Република Бугарија -Ансамбл ЕЗЕРЕЦ – Република Бугарија -Хор Св.Климент Охридски – Македонија -Пејачка група ЃУРЃА – Македонија -ФГ Н.Ј.Вапцаров – Македонија Интернационалниот фестивал на модерни танци и балет ќе се одржи на 14 и 15 декември со почеток во 13 часот во киносалата во Делчево. Настанот е поддржан од Министерството за култура…

ПОВЕЌЕ ...

Властите во Авганистан сакаат на земјоделците да им понудат алтернативен план за заработка. Така, наместо да одгледуваат афион, од кој се добива опиум, им се нуди да се свртат кон производство на најскапиот зачин во светот – шафранот. Производството на шафран оваа година во земјата се зголеми на рекордни 13 тони, што е зголемување за 22 отсто во споредба со претходната година. “Земјоделците кои се посветија на одгледувањето шафран годинава имаа заработка од околу 17 милиони долари, имајќи предвид дека 90 отсто од авганистанскиот шафран се извезуваат”, се вели во соопштението од авганистанското министерство за земјоделство. Станува збор за деликатен…

ПОВЕЌЕ ...

Четири првотимки на ЖКК “Баскет кам” од Македонска Каменица се дел од репрезентативниот состав на Македонија за кошаркарки до 18 години. Моника Зафировска, Сандра Раневска, Стефани Колева и Бојана Попова се кошаркарките на Баскет Кам кои во националниот дрес ќе земат учество на пријателскиот меѓународен турнир кој од 19. декември до 21. декември ќе се одржи во Букурешт. На списокот на националниот тим се наоѓаат 16 имиња, кои ќе конкурираат за настап на турнирот. Македонија на пријателскиот турнир покрај со домаќинот Романија ќе игра и со уште неколку други репрезентации. Имиња кои се најдоа на репрезентативниот список на женската кошаркарска…

ПОВЕЌЕ ...

На магистралниот пат Штип-Кочани, помеѓу селата Чардаклија и Долни Балван сообраќајот е во прекин од 13 и 30 часот поради случена сообраќајна незгода. Засега не е познато како се случила несреќата и дали има повредени.

ПОВЕЌЕ ...