Author: Media Point

Објавено од Скопје1.мк Детонатор повторно пукна во Кочани. Едно лице со прострелна рана заврши во болница. Како што веќе објави ТВ 24,  Драганчо Стоименов познат како Дaцо Белски вчера во ресторан во Кочани застрела свој пријател. Инцидентот што почнал како караница помеѓу две групи завршил со куршум во пределот на стомакот и раката на Драган Здравев викан Дач. Тој од синоќа е на скопските клиники. „Увид на лице место извршила екипа од полициската станица Кочани, се работи на расчистување на случајот“ – вели Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип. Стоименов е во бегство, но од Основното јавно обвинителство од Кочани велат…

ПОВЕЌЕ ...

Знамињата му се омилена играчка на Давор од Пехчево. Има 4 години, а ги знае повеќе отколку возрасните од Сребра Ѓорѓијевска на October 23, 2018 На неполна година, Давор се заинтересирал за знамињата и оттогаш му се верни другарчиња. Со химната на Палау долго време заспивал Секое дете има омилени играчки. За четиригодишниот Давор Поповски од Пехчево тоа се неколкуте стотици државни знаменца, со кои се дружи од неполна година. Сосема случајно ова хоби станало најомилено на малиот Давор, а во тоа голем удел има неговата тетка, Магдалена Поповска, која е наставничка по француски јазик во основно училиште во Пехчево. – Роден…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 19.01.2019 година – Топењето на снегот ја зголеми појавата на одрони на патниот правец од  Македонска Каменица до село Драмче кои во делови од магистралниот пат А3 го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот. Појавата на одрони е најизразена на потегот од патот кој скршнува до село Драмче до местото викано Баткова чешма. Исто така видни одрони се забележливи и на потегот од селото Илиово до село Луковица. Од Македонија пат информираат дека дежурни екипи се на терен и работат на расчистување на одроните. -Ги известуваме возачите дека поради топењето на снегот има појава на одрони на неколку делници од магистралниот…

ПОВЕЌЕ ...

На главната сообраќајна крстосница во близина на бензинската пумпа во Делчево вчера попладне, околу 18 часот, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале најмалку две возила. Очевидци на настанот како можна причина за сообраќајната несреќа го наведуваат лизгавиот коловоз и појавата на голомразица. Полицијата на местото на настанот ги утврдува причините за несреќата поради која сообраќајот до 18:00 часот беше во краткотраен прекин. Во несреќата, како што информираа од Итната медицинска помош, не била побарана помош, што според лекарите укажува на фактот дека во несреќата нема повредени лица.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 19.01.2019 година – Климе Илиев го извади Светиот крст, кој по повод празникот Богојавление-Водици беше спуштен во водите на Каменичка Река. Годинава, по Светиот крст во Македонска Каменица скокаа 24 пријавени учесници, меѓу кои Климе годинава беше најсреќен. Градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова на Климе Илиев му врачи скромен подарок и му посака година исполнета со многу успеси, среќа и благосостојба на него и на сите жители во општината. Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата…

ПОВЕЌЕ ...

Попладнево околу 17,15 ч. во угостителскиот објект „Аква“ од Кочани, по претходна расправија помеѓу две групи Д.С. пукал кон Д. З. и му нанел прострелна рана во слабината – соопшти СВР Штип. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. Во вооружена престрелка во Кочани рането e едно лице. Инцидентот се случил во 17 и 15 часот, во кафе бар Аква, кога дошло до кратка вербална расправија помеѓу две групи. Во еден момент Драган Стоименов, со надимак Дацо Белски, пукал со пиштол и го повредил Драган Здравев, викан Дач. Веднаш по истрелите Стоименов избегал. Здравев со возило на итна медицинска…

ПОВЕЌЕ ...

На социјалните мрежи се појави она легендарно видео, од кое Делчево го носи срамот за Водици 2011 година, кога бевме актуелна тема на сите домашни, но и регионални медиуми. Млади и во желба за докажување, во водите на реката Брегалница настана мешаница, која беше фатена во кадар од повеќе мобилни телефони и брзо стана вирален хит на интернет. Сепак, наши сме, иако е недозволиво, со тоа мора да се носиме, но и да предупредиме, вакви случки во иднина не смеат да се повторат. Утре со среќа на сите кои ќе се фрлат по крстот, здравје и среќа на сите!

ПОВЕЌЕ ...

Сопственик на интернет портал, Саше Политико и неговата сопруга меѓусебно се пријавиле за семејно насилство кое се случило средата во вечерните часови. Првата пријава во полиција била од сопственикот на порталот С.И. кој кажал дека сопругата го нападнала со нож, неколку часа подоцна се јавила и неговата сопруга која го пријавила С.И. дека физички ја нападнал употребувајќи нож. „На 16.01.2019 година во СВР-Скопје околу 23,07 часот С.И.(38) пријавил дека физички бил нападнат од сопругата М.Л.И.(25), која употребила и нож, во стан во Скопје. На 17.01.2019 околу 02 часот М.Л.И. пријавила дека била физички нападната од С.И., кој употребил и нож во…

ПОВЕЌЕ ...

Новиот закон со кој се бара од пазарџиите да обезбедат лиценци и им се забранува на пензионерите да продаваат на пазарите, ги крена на нозе продавачите на пазарите. Утрово пазарџиите излегоа на протест пред Собранието во знак на револт за новиот закон, и како што велат, обврските и зголемените давачки кои им се наложуваат. Лиценцата за тезгите чини 3600 денари, а за втора тезга, продавачите треба да платат дополнителни 2400 денари. За дел од нив, како што посочуваат, пазарот им е единствена егзистенција. Тие бараат да се одложи или да се повлече законот. Според новиот закон, пензионерите, социјалците, стечајците и…

ПОВЕЌЕ ...

Комисијата за заразни болести на денешната седница одлучи да му предложи на Министерството за здравство и на останатите надлежни да не се одложува почетокот на второто полугодие од учебната година, поради епидемијата со мали сипаници во Скопје. Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Миле Босилковски вели дека комисијата како советодавно тело одлучила дека нема потреба да се продолжува зимскиот распуст. „Извештајот е готов, сѐ уште не е предаден во Министерството, бидејќи не е потпишан. Ценевме дека нема потреба да се продолжува учебната година. Сепак, тоа е наш предлог. Како ќе одлучат министерствата и другите надлежни тоа е нивна работа,…

ПОВЕЌЕ ...