Author: Media Point
Кочани, 25.01.2019 година- Тепачка во која учествувале три лица, синоќа ги вознемири кочанчани и беше причина за полициска интервенција. Детали околу инцидентот не се соопштуваат, а полицијата работи на расчистување на инцидентот.
Уште еден физички напад се случил на улицата Радански Пат во Штип. Со железо, од зад грб по главата бил удрен и онесвестен 60-годишен граѓанин. „Се работи за брат ми. Се наведнал да товари порта и во тој момент некој со шипка го удрил по главата и го бутнал на земјата. денес му кажаа на комшијата му влегле дома му урале кондури“, кажа жител на ул. Радански Пат. Ова последно сведочење само дополнително ја комплицира и така загрижувачката безбедносна состојба на неколку улици во Штип меѓу кои се вбројува и далеку познатата улица Радански Пат. Иако полицијата во последно време,…
Катастар на сите водоводни, канализациони мрежи и подземни кабли ќе се прави во 11-те општини од Истокот. Ова го предвидува втората фаза од воведувањето на т.н. ГИС систем која се однесува на имплементацијата на подземен катастар во сите 11 општини од Источно планскиот регион. Вредноста на спроведувањето на проектот се уште се пресметува и наскоро ќе биде познато со колкав буџет општините би учествувале во неговата реализација, а колку од средствата би биле поддршка преку грантови.
Македонска Каменица, 25.01.2019 година, Денес во ООУ “Св. Кирил и Методиј” Македонска Каменица, по повод распишаниот училишен литературен конкурс ,,Писмо до Дедо Мраз” во училишната библиотека беа доделени дипломи, благодарници и награди на учениците- учесници. Наградите, беа доделени од страна на в.д. директорката Марина В. Стојановска заедно со дел од комисијата, наставничката Зорица Гоцевска и библиотекарот Миле Зафировски, кои истакнаа дека ваквите конкурси и натпревари за учениците се оргснизираат со цел да се поттикне и развие љубовта кон убаво пишаниот збор и читањето кај младата популација воопшто. Линк до целата фотогалерија.
Неисчистени улици, завеани патишта, блокирани пристапи до локалните патишта и до селата. Ваквите сцени, кои неретко се претвораат и во драми на патиштата кога се загрозуваа и човечки животи станаа редовна појава последните пет години. На социјалните мрежи се појавија фотографии од моменталната состојба на Стража, а од истите може да се забележи дека сообраќајот се одвива отежнато. Слична е ситуацијата на патниот правец Делчево – Бугарија каде не се гледа ништо од снегот. Извор: Скопје1.Мк
https://www.youtube.com/watch?v=T1OuE4t4A74 Едно повредено лице и двајца приведени. Ова е билансот од крвавата престрелка која претпладнево се случи во скопската населба Маџари. На немилиот настан му претходела бркотница со автомобили низ скопските улици, која завршила со судар, поради поставената заседа. Крвавата престрелка се случила на улицата Благоја Стефковски во населбата Маџари. Очевидците велат дека најпрво се слушнал силен удар предизвикан од сообраќајката, по што започнала престрелка меѓу лицата кои се возеле во судрените автомобили… Истрели се слушале неколку минути, по што дел од лицата кои пукале избегале од местото на настанот. Припадници на МВР веднаш пристигнале на местото каде што се…
Разбојничка заседа била организирана денес на улицата „Радански Пат“ во Штип. Десеттина Роми на возраст од 18 до 30 години како препрека поставиле големо дрво на патот, а тие чекале во заседа. Откако првиот возач што наишол застанал да го отстрани дрвото, Ромите излегле и почнале да се однесуваат агресивно. „Ми бараа пари, некој од нив зборуваше за дрога а други во мегувреме ми удираа по колата. Се обидуваа да ми ја скршат шофершајбната и оштетат хаубата. Трчејки влегов во колатат и најбргу што можам возев во рикверц. Веднаш зад мене возеше друг автомобил но што се случило со него…
Бугарија планира да стави крај на програмата за продажбата на државјанства на богати поединци, соопшти Министерството за правда во Бугарија, додавајќи дека тој систем не ја донел очекуваната финансиска корист. „Податоците укажуваат дека не е постигната целта на зголемување на реалните странски инвестиции и економски развој. Не се отворени нови работни места и не е забележан економски раст“, се наведува во соопштението на Министерството. Оттаму наведуваат дека од 2013 година, околу 50 странци од Русија, Израел и Пакистан купиле бугарско државјанство. Бугарија е една од трите членки на ЕУ, заедно со Кипар и Малта, која продава државјанства за одредени инвестиции,…
10.450 евра над дозволениот износ од 10.000 евра во денарска противвредност, се откриени при контрола на бугарски автомобил и личен претрес на возачот, бугарски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Делчево. Возачот пријавил дека со себе носи 7.000 евра, но при контролата извршена во соработка со полициските службеници од граничниот премин, во џеб од неговата јакна биле пронајдени 10.000 евра и 920 левови, додека во ташничка сместена меѓу предните седишта биле пронајдени уште 10.000 евра. Согласно законските прописи, на возачот му биле вратени 9.550 евра и 920 левови, противвредност на 10.000 евра, износ што може слободно да…
Околу 100 рудари на рудникот Стари трг, кои беа заробени на 700 метри под површината по дефект на електричната мрежа, се спасени, јавуваат приштинските медиуми. Рударите се извлечени на површината по интервенција и враќање на струјата во Трепча, пренесува Коха диторе. Претставник на синдикатот на рударите соопшти претходно дека не се во животна опасност, и дека се работи на спасувањето на рударите, пренесе КТВ. „Околу 100 рудари останаа на осмото, деветтото и десеттото ниво. Експертите се трудат, барем привремено, да ги оспособат електричните инсталации за да ги извлечат рударите од јамата“, изјави шефот на синдикатот на рударите на Стари трг…
