Попладнево околу 17,15 ч. во угостителскиот објект „Аква“ од Кочани, по претходна расправија помеѓу две групи Д.С. пукал кон Д. З. и му нанел прострелна рана во слабината – соопшти СВР Штип. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Во вооружена престрелка во Кочани рането e едно лице. Инцидентот се случил во 17 и 15 часот, во кафе бар Аква, кога дошло до кратка вербална расправија помеѓу две групи. Во еден момент Драган Стоименов, со надимак Дацо Белски, пукал со пиштол и го повредил Драган Здравев, викан Дач.
Веднаш по истрелите Стоименов избегал. Здравев со возило на итна медицинска помош е пренесен во кочанската болница, а од таму во скопскиот ургентен центар.
Не е во животна опасност, но има две прострелни рани во пределот на ’рбетот и лактот. Драганчо Стоименов на јавноста е познат и како телохранител на екс директорот на ДБК, а во случајот детонатор се јави во улога на оштетен и сведок. Пред 5 години, во престрелка во Скопје беше ранет со огнено оружје од Александар Василевски Нинџа. Од СВР Штип информираат дека полицијата интензивно трага по него.
- Извор: Сител
