Author: Media Point

Спасувачката акција на планината Пирин во Бугарија успешно заврши и петмината македонски скијачи и сноубордери кои скијале надвор од обележаните патеки и паднале во дол се извлечени. Информацијата за БГНЕС ја потврди Горската спасувачка служба во Банско. Македонските скијачи, според службата, се добри, во добра здравствена состојба, неповредени и веќе се пренесени во хотелите во Банско, каде што биле сместени. Сигналот за помош стигнал до Горската спасувачка служба во Банско, и во 20 часот по локално време десет спасувачи ја почнале акцијата за извлекување на петтемина Македонци.

ПОВЕЌЕ ...

Адриана Митевска нед, 13.01.2019 | 24 Вести Вевчани денеска живее во духот на традиционалниот карневал. Денеска Вевчани четаа кон Европа, го критикуваа името, потсетија за доцнењето на минималецот од 500 евра, го осудија Груевски и му доделија Нобелова награда на Заев. Но, први по традиција василичарското  оро го заводија зетот и невестата како симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, ѓаволите олицетворение на злото и двајцата глупи августи кои ги штитат од злото. Заедно со нив и останатите оригинални сатирични маски. Градоначалникот  Сашо Јанкоски вели карневалот од година во година е се повеќе посетен и оригинален поради атрактивноста на маските…

ПОВЕЌЕ ...

Започна одбележувањето на обичаите поврзани со пречекот на Стара нова година во Пијанечкиот регион. Еден од најпознатите адети кои датираат од дамнина е обичајот „Сурова“, традиција која, како што вели делчевецот Стоил Лесовски, е поврзана со маскирање на група дечиња, но и возрасни, кои ги посетуваат домовите на граѓаните изговарајки го зборот „Сурова“. -На тој ден „суроваскарите“ со музика и песна тропаат на вратите од куќите при што домаќините ги даруваат со топла ракија, грав, ореви, бонбони, пари и други работи. Според старите верувања со самото гласно пеење и извикување „Сурова“, маскираните ги истеруваат злите духови, а во некои краишта…

ПОВЕЌЕ ...

Како што објави веб сајтот „24 часа“ во тек е спасувачка операција, за извлекување на петмина Македонци кои се заглавени во теснец близу еден од скијачките терени на Банско во Бугарија. Тие отишле на скијање и сноубординг, но паднале во еден процеп кој е познат како „Дејанов падобран“. Операцијата е мошне ризична и спасувачки служби се обидуваат да ги извлечат со јажиња. Тие исчезнале пред 18 часови но веднаш било алармирано дека не можат да излезат сами по што експресно пристигнале спасувачки екипи.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 13.01.2019 година – Вчера, во организација на Здружението на пензионери од Македонска Каменица се одржа традиционалната манифестација организирана по повод Стара Нова година. На пензионерската забава, присуствуваа 260 пензионери од Македонска Каменица,а покрај градоначалничката Соња Стаменкова и претставници на општина Македонска Каменица, присуствуваа и бројни гости- пензионери од регионот. Покрај забавниот дел, оваа година манифестацијата беше искористена за почеток на промовирање и обележување, односно брендирање на еден од многуте подзаборавени специјалитети автентични за каменичката трпеза. Станува збор на „Цревеник“ – баница подготвена на специфичен начин со црева од свиња, царевично (пченкарно) брашно и др. Како што изјави претседателот…

ПОВЕЌЕ ...

Делчевци повторно ја пронајдоа среќата во грепките на Лотарија на Македонија. По двете добивки изгребани во играта „Дијамант“, што беа вредни 600 илјади денари, делчевецот Мустафа е новото среќно лице кој изгреба грепка „Златна треска“ вредна 100 илјади денари. Грепката е купена на едно од најсреќните уплатни места „ВЕРА НБ“ пред чиј киоск и денеска делчевчани купуваа грепки и бараа уште поголеми добивки што ќе им ги продолжат празниците. Делчевецот Амет Реџепов, кој денеска купи лоз, рече дека игри на среќа игра исклучиво за забава. -Најчесто купувам грепки, исто така, тука играм и Лото. Досега имам добиено ситни добивки, еве…

ПОВЕЌЕ ...

До крајот на месецов, конечно, би требало да се пушти во употреба новиот автопат Штип – Миладиновци. Ова денес го најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта кој потенцираше дека е во постапка подготовка на документацијата за технички прием на истиот: „… Автопатот Миладиновци-Штип е завршен. Се подготвува техничката документација за техничкиот прием. Тоа е во делот на надзорот каде што ние не сме моќни. Поради снежните врнежи можеби деновиве некои контроли што треба да ги прават малку ќе бидат оневозможени, но очекувам крајот на месецов автопатот да биде пуштен…“ информираше Зоран Китанов. За овдешните возачи, пуштањето на автопатот…

ПОВЕЌЕ ...

Дваесет и петгодишник, кој како тинејџер си го продал бубрегот за да си купи ајфон и ајпед, денес е врзан за кревет и потребна му е непрекината нега, пренесува „Курир.рс“. Тој го извадил бубрегот во илегална болница во 2011 година и го продал на црн пазар за околу 2.800 евра. Тогаш имал 17 години и очајно сакал да има ајфон и ајпед и да им докаже на училишните другари дека ги следи трендовите, но родителите не биле во можност да му ги исполнат желбите. За да собере пари, средношколецот нашол тројца посредници на кинеска чет платформа, кои му ветувале дека…

ПОВЕЌЕ ...

Иако луѓето им се воодушевуваат на интелигентните луѓе, сепак и тие имаат многу маки и препреки со кои се соочуваат. И тие исто така водат борби самите со себе и со околината. Прочитајте кои се најголемите маки на интелигентните луѓе. Интелигенцијата создава притисок да се успее Поради тоа што имаат леснотија да ги разберат работите со кои другите се мачат, интелигентните луѓе се соочуваат со внатрешен притисок за подобра кариера, поголема плата и подобар општествен притисок. Кога работите нема да им излезат според планираното и кога овие очекувања нема да се исполнат, тогаш тие имаат голем проблем да го прифатат…

ПОВЕЌЕ ...

Ваш рецепт за вкусно јадење – кое ќе ви стане омилено! СОСТОЈКИ: 400 гр пилешки гради 1 мала тиквица 200 мл кисела павлака Пекабела 2 лажици сусам 1 помала главица кромид сол зачин по желба Начин на подготовка: Исечкајте го месото на коцки, па посипете со зачини и сол. Во тава ставете малку масло, пропржете кромид, а потоа додајте го месото. Намалете го огнот и оставете го месото да се пржи десетина минути, па додајте тиквица која пред тоа сте ја исечкале на коцки. Оставете да крчка уште десетина минути, сокот кој го испуштаат тиквиците треба да го омекне тестото.…

ПОВЕЌЕ ...