ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СВЕТИОТ ХРАМ „УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ДО ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Ние, свештениците при храмот „Свето Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица по повод големиот христијански празник Богојавление- Водици, ги известуваме сите верници кои ќе земат учество во фаќањето на светиот крст да достават потврди од матичните лекари за нивната здравствена состојба до свештенството при храмот. Ја користиме оваа пригода и да им укажеме на учесниците во овој свет чин, да се однесуваат пристојно и во духот на нашата православна вера. Денот пред Богојавление- Водокрст (18. Јануари) е строг пост (на вода), а во сабота, на Богојавление- Водици (19. Јануари) не се пости, односно се блажи.

По повод големиот христијански празник Богојавление- Водици, го објавуваме следниов распоред на црковни богослужби:
- 18. Јануари, Петок: Св. мч-ци Теотемпт и Теона (Водокрст)
07:00 Утрена,
Царски часови, Вечерна и Света Василева литургија
Веданаш по Светата литургија започнува Голем Водосвет во средината на храмот - 19. Јануари: Богојавление- Водици
07:00 часот Утрена
08:00 – Света Златоустова литургија
09:00 часот – лицитација на Светите икони и Светиот крст
10:00 часот – Голем Богојавленски водосвет во дворот на Храмот
11:00 часот – спуштање на Светиот крст во водите на Каменичка река - 20. Јануари
07:00 часот – Утрена
08:00 часот – Света литургија
За верникот кој што ќе го извади Светиот крст од водите на Каменичка река, општина Македонска Каменица на чело со градоначалничката Соња Стаменкова, ќе обезбеди пригоден подарок.
Нагласуваме, дека „Панагиите“ треба да ги донесете во храмот во пристојно време, односно до 16:00 попладне.
Децата до 7- годишна возраст можете да ги донесете за Причест без претходна подготовка, без пост и исповед.
Со братски поздрав „Бог се јави, навистина се јави“
Храм Успение на Пресвета Богородица
Македонска Каменица
Лето Господово 2019
